Краткорочни стратегии за справување на трговците со COVID-19

COVID-19 има големо негативно влијание врз поединците и општата економија како во целиот свет, така и во нашата земја. Со оглед на тоа што купувачите социјално се дистанцираат и работат од дома, тие поминуваат многу повеќе време онлајн од порано. Па затоа, споделуваме неколку стратегии кои можат да ви помогна за зајакнување на интернет продажбата во овој период:

1. Aдаптирајте ја пораката која ја испраќа вашиот маркетинг

Во претстојниот период, брендовите треба да ги имаат предвид потребите на потрошувачите и да размислат за нивниот маркетинг и рекламирање. Ова може да значи паузирање на одредени кампањи за одредени производи и прилагодување на содржината и креативноста на рекламите со цел справување со реалноста од пандемијата. На пример, можеби нема да сакате да рекламирате кампањи за багаж со пораки за „туристи“ или „патници” кога има ефективни глобални забрани за патување низ целиот свет.

 

2. Промовирајте gift картички

На трговците, gift картичките им овозможуваат располагање со готовина и во повеќето случаеви, даваат сигурност дека клиентот во иднина ќе се врати кај нивниот бизнис. За оние бизниси со ниска профитабилност, овие картички можат да помогнат да се одржувате во живот додека помине оваа криза.

За понатамошно мотивирање на клиентите, можете да дадете попуст на истите, па дури и да соработувате со дополнителни локални бизниси за да создадете можности за ко-брендиран маркетинг што можат да ви помогнат да стекнете нови клиенти. За да го намалите ризикот од контакт со други луѓе, размислете за дигитална програма за gift картички која може да ја спроведете на социјалните медиуми или преку e-mail маркетинг.

3. Продолжете ја вашата политика за враќање и замена 

На тема чувствителност, сочувството со неизвесноста на купувачите може да придонесе многу за вашиот бизнис. Со оглед на затворањето на продавниците, враќањето и замената стануваат предизвици и може да ја успорат продажбата. Едноставно кажано, луѓето не сакаат да бидат заглавени со производ што не им се допаѓа Продолжувањето на вашата политика за враќање и замена поради тековната ситуација може да го ублажи сомнежот на купувачот и да ја поттикне продажбата преку интернет.

4. Надокнадете за недостигот од “real life experiences” на социјалните мрежи

Поради отсуството на „реални искуства“, клиентите кои се во изолација се повеќе и повеќе се потпираат на социјалните медиуми за интересни содржини. Па така, бидете креативни со вашето присуство на истите, во прилог се примери од бутик кој поради ситуацијата се преселува онлајн, комбинира модни парчиња за купувачите преку stories на Instagram, нуди купон за попуст..

 

На крајот, најважно е да покажеме човечност и општа одговорност за јавното здравје, па така, седете дома, бидете што е можно покреативни и овозможете им на купувачите да уживаат во online шопингот!