Како поранешен маркетинг директор изгради бренд за достава на замрзната храна вреден 1,1 милијарди долари

Основачот и извршен директор на Daily Harvest, Рејчел Дрори, ја напушти својата работа во 2015 година за да почне да прави смутиња во кујна во Квинс. Сега, на 39 години, таа вреди 350 милиони долари.

Сè започнало со желбата за едноставни, здрави закуски. Рејчел Дрори премина од правење смутиња за себе (и замрзнување на истите за да може да ги конзумира подоцна) и нејзините пријатели и семејството до лансирање на онлајн платформа преку која нуди услуга за испорака на замрзнати оброци од растително потекло Daily Harvest во 2015 година. За брзо време се испоставува дека и многу други луѓе ја имаат таа желба. Според компанијата, која наплаќа 90 долари неделно за претплата, нивните приходи достигнале 250 милиони долари во 2020 година. Оваа компанија била забележана и од мнооогу инвеститори. Вкупно 24 се “обложиле” на Дрори – вклучувајќи ги кошаркарите Кармело Ентони (Л.А. Лејкерс), Блејк Грифин (Бруклин Нетс) и Кемба Вокер (Н.Ј. Никс), NFL ѕвездата Џаред Гоф (Детроит Лајонс), тениската икона Серена Вилијамс, актерката Гвинет Палтроу и готвачот Боби Флеј. Во ноември, Lightspeed Venture Partners и Lone Pine Capital, компанијата на милијардерот Стивен Мандел ја процениле вредноста на Daily Harvest на 1,1 милијарди долари.

Тоа беше доволно за Дрори, која сега има 39 години, да го добие 8-мото место на годишното рангирање на Форбс за најбогатите self-made жени во Америка со net-worth од 350 милиони долари, благодарение на нејзиниот проценет удел од 35% во компанијата Daily Harvest. Дрори не сака да коментира за нејзината нето вредност, но ја коментираше нејзината мисија.

„Го создадов Daily Harvest за одново да замислам како храната може да го негува човештвото и планетата. Ние го олеснуваме јадењето овошје и зеленчук со поодржливи извори и колку повеќе растеме, толку повеќе добра можеме да направиме“, изјави Дрори за Форбс. „Ги поставуваме темелите за подобра иднина“

Клучот за таа стратегија е директното работење со земјоделците. Земјоделците кои соработуваат со Daily Harvest – има 400 од Калифорнија до Њујорк – ги замрзнуваат своите плодови на самото место за да ги зачуваат во рок од 24 часа по берењето. (Многу фарми ги собираат своите плодови неколку недели пред да созреат, фрлајќи ги во своите магацини за да се заврши процесот.) Откако ќе се замрзнат, состојките се испраќаат во објектите на Daily Harvest за да се спакуваат како би претставувале рецепти кои се претвораат во оброк со додавање млеко и мешање или ставање во микробранова печка, тава или рерна. Daily Harvest, исто така, им помага на некои фармери да преминат кон органско работење, процес што може да потрае и до три години, со тоа што им обезбедуваат некаква финансиска поддршка однапред.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DAILY HARVEST (@dailyharvest)

„Кога размислувате за тоа што можете да постигнете со нешто што нема да изгние за три дена, можностите се огромни“, вели Рејчел

Родена и израсната во Њујорк, најмладата ќерка на двајца претприемачи, Дрори вели дека отсекогаш била фокусирана на ефикасноста на капиталот. На нејзиниот прв ден во Columbia University Business School, деканот побарал од нејзината група да ја артикулира целта на бизнисот.. Додека соучениците давале политички коректни одговори како „правење добри работи“ или „решавање на потреби“, Дрори одговорила искрено: „За да заработите пари“. Бизнисот не може да направи ништо добро ако не заработува пари, вели Дрори.

Потоа, како маркетинг директор на онлајн продавницата за купување и lifestyle, Gilt Groupe, Дрори често се затекнувала дека е гладна на работа, но со премалку време за да јаде здрав ручек. Нејзиното решение било да си направи смутиња, и потоа да ги замрзне за да траат подолго. На почеток, таа ги правела само за семејството и пријателите. Новобремената, тогаш 31-годишна девојка купувала состојки во нејзиниот близок маркет Trader Joe’s и ги транспортирала во комерцијална кујна во Квинс, каде што ги поминувала викендите правејќи смутиња и им плаќала на своите внуци тинејџери 20 долари од ноќ за да ги достават во Менхетен. Сето тоа го финансирала со 25.000 долари од нејзината заштеда. Од самиот почеток, таа рекла дека нема да ја напушти својата дневна работа додека нарачките од непознатите купувачи не ги надминат петкратно купувањата на пријателите и семејството. За тоа биле потребни два месеци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DAILY HARVEST (@dailyharvest)

Дрори почнала да собира пари за Daily Harvest во 2016 година, помеѓу раѓањата на нејзините две деца. Во текот на целиот период, таа постојано добивала несоодветни прашања за нејзината способност да се посвети на водење бизнис со мали деца за кои треба да се грижи. И покрај тоа, Дрори на крајот собрала околу 50 милиони долари во три круга на финансирање до 2018 година. (Компанијата досега има собрано 180 милиони долари.)

Компанијата Daily Harvest забележала експоненцијален раст за време на пандемијата кога луѓето ширум светот веднаш имаа поблагодарен став за своите замрзнувачи. Кога започна кризата во САД, Дрори почнала да ги удвојува залихите и апелирала до нејзината мрежа на земјоделци-добавувачи да го задржат истиот тек на добавување плодови во кујните на Daily Harvest.

Брендот одамна се прошири надвор од неговите препознатливи смути, додавајќи чинии замрзнати житарки, видови на леб, протеински оброци и супи, но неговата предност во однос на другите конкуренти за претплата на храна има исто толку врска со фактот дека производите на Дрори доаѓаат замрзнати, што значи дека ќе бидат зачувани, дури и ако потрошувачите се одлучат да ги зготват за неколку денови или месеци. Исто така е полесно да бидат испорачани отколку што е свежата храна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DAILY HARVEST (@dailyharvest)

Со нивните финансии, Daily Harvest инвестира во неколку области, вклучително и на податоци и технологија за да помогне во персонализирањето на нарачките на храна за да одговараат на нивни. Исто така, вовееде in-person опции, отворајќи ја The Tasting Room во Чикаго во февруари, каде што тестира некои од нејзините најнови стратегии. Веројатно ќе следат и други такви продавници.

Сепак, Дрори има уште поголема цел – да и направи “reinvent” на прехранбената индустрија нашироко, па дури и еден ден може да испроба други опции освен доставувањето директно до самиот потрошувач.

„Ние правиме ре-замислување за тоа како може да изгледа една компанија за пакувана храна“, изјави Дрори за Форбс во 2019

Извор: Forbes