Маркетингот на модните брендови is all about да се биде на врвот на модните и стилски трендови и истите да се усогласат со целните пазари преку креативно, високо персонализирано рекламирање.
Креирањето на маркетинг стратегијата треба да вклучуваи flash sales, pop-up концепти, купувања во апликација, маркетплејс платформи и social shopping. Со други зборови, вистинска повеќеканална стратегија.
Маркетерите, исто така, мора да ги предвидат сезонските промени и потребата да останат во склад со потрошувачите додека се подготвуваат да купуваат за следната сезона. Сите овие фактори ја прават маркетинг автоматизацијата логично решение за да се задржат вашите клиенти.
Зошто да се користи маркетинг автоматизација во модната индустрија?
Иако маркетинг автоматизацијата не е „нова“, таа сепак е најефективниот начин да се персонализира комуникацијата и да биде релевантна за секоја понуда на клиентите. Може да помогне да се зголеми комуникацијата без да мора постојано да се прави рачната работа. Плус, секогаш се развива за да стане уште пософистицирана.
Со ефективни автоматизирани кориснички искуства, може постојано да се одржуваат клиентите ангажирани и активни и со тоа да се генерираат повеќе приходи. Алатките за автоматизација на маркетингот можат да ги следат потенцијалните клиенти низ повеќе канали и кампањи.
Со вистинската платформа, може да се собираат и складираат податоци за клиентите и квалитетно да се искористат истите за да испраќаат персонализирани пораки до секој поединец – тоа е моќен начин да се изгради лојалност на клиентите и да се зголеми продажбата.
Други клучни акции и придобивки од маркетинг автоматизацијата во модата вклучуваат:
- Зголемеи cross-sales и up-sales со испраќање на персонализирани дополнителни артикли како накит, чанти, ремени, очила за сонце итн.,
- Зголемена лојалност со зајакнување на одлуката на клиентот да го избере вашиот бренд наместо конкурентите.
- Одредување на најефективните канали за зголемување на open-rates и click rates користејќи A/B тестови.
- Инспирирајте ја лојалноста на купувачите со ефикасно управување со вашата програма за лојалност – наградете ги лојалните клиенти
Модна маркетинг автоматизација
Како и со речиси сè во маркетингот, потребни се добро испланирани стратегии за да успеете со маркетинг автоматизацијата.
-
Автоматизација на напуштена количка
Ова е една од најефикасните автоматизации со кои можат да работат модните маркетери и е-трговци. Околу 75% од луѓето оставаат нешто во својата напуштена количка наместо да се одјават. Но, ова не се изгубени можности – фактот што клиентот ставил артикли во својата онлајн количка за купување го означува нивниот интерес.
Испраќањето email неколку часа подоцна, потсетувајќи ги на нивната напуштена количка, може повторно да го активира нивниот интерес за производот. Статистиката покажува дека овие потсетници обично имаат open-rate од 50%, при што 10% од клиентите последователно го завршуваат купувањето. Може да вклучите и препорачани производи кои можеби се посоодветни од нивниот оригинален избор.
-
Купувачко искуство
Ова е најдобрата автоматизација за градење лојалност на клиентите. Кажете им дека купувањето е само почеток на нивното корисничко искуство. На пример, може да испратите email „Се надеваме дека ќе уживате во нашиот нов производ“ со препорачани модни додатоци, проследено со комуникација „Како да се грижите за вашата нова облека“.
Големите модни брендови често користат маркетинг автоматизација за да испратат персонализирани препораки за производи заедно со производи кои имаат попуст – ова е едно од најдобрите начини да се стимулираат купувачите да направат повторна нарачка.
-
Автоматизација на социјалните медиуми
Популарно е и интегрирањето на рекламите на социјалните медиуми во маркетинг автоматизацијата со она по што сакате клиентот во дознае за вас и вашите производи пред да дејствува.
Да речеме дека се обраќате на купувачи кои штотуку купиле пар кожени чизми, а целта е да ги натерате да купат зимски додатоци. Препорачајте ги овие додатоци преку неколку точки за контакт „всадите“ им ја идејата за правење наредна нарачка.
Можете исто така да ги активирате потенцијалните клиенти кои кликнале на нешто, но не купиле и да ги прерутирате во вашиот тек на автоматизација. Автоматизацијата на социјалните мрежи е одличен сојузник за вашата стратегија за социјалните медиуми, бидејќи можете да видите каде завршува секој потенцијален клиент на вашата е-продавница .
-
Трансакциски пораки
Истражувањата покажуваат дека трансакциските е-пошти имаат многу поголема стапка на отвореност и ангажираност од традиционалните маркетинг-мејлови. Искористете ги во ваша корист!
Создадете дополнителна продажба и приход со поставување на автоматизирани е-пошта „Ви благодариме“ откако ќе се испрати купената ставка или ќе се создаде сметка. Препорачајте некои додатоци или други ставки во кои купувачот може да ужива.