Новости од е-трговија

Како лесно да најдете и да ги користите templates за Instagram Reels

Во 2025 година, Reels ќе продолжат да бидат неопходни за стратегијата на секој менаџер на социјални медиуми за Instagram.

Тоа е двоен удар! Вашата публика ја сака (и очекува) видео содржината, а алгоритмот на Instagram во голема мера ги ‘наградува’ оние кои постојано објавуваат Reels.

Templates или ‘шаблони’ за Instagram Reels се супер трик за заштеда на време додека креирате забавна видео содржина.

Во продолжение прочитајте повеќе за тоа како да користите templates за Instagram Reels, каде да ги најдете на Instagram и каде да добиете идеи за трендовите на Reels.

И ако наместо да читате, видео туториал е повеќе ваш стил, можете да го погледнете тука:

Што се templates за Instagram Reels?

Templates или шаблони за Instagram Reels се вградена функција на Instagram што ви овозможува да направите drag and drop на вашите фотографии и видеа во постоечки шаблон, брзо создавајќи видео содржина што е во тренд.

Овие шаблони овозможуваат лесен начин за креирање естетски, забавни, кратки видеа.

Лесно е да се препознае кога Reel има шаблон што можете да го користите. Ќе го видите копчето „Use template“ над името на сметката.

Шаблоните за Reels се корисни во следниве случаи:

  • Забележувате тренд на кој треба што е можно поскоро да се придружите
  • Креирате содржина во ‘batches’ или поголем број на содржини и треба да направите многу Reels што изгледаат одлично без да одземат премногу време
  • Нови сте во социјалните медиуми и штотуку учите како да направите интересни видео содржини
  • Доколку креирањето на видеа не е ваша вештина, но сепак мора да правите интересни Reels

Како да ги пронајдете templates за Reels на Instagram

Можете да најдете шаблони за Instagram Reels во прелистувачот на шаблони.

Еве како во три лесни чекори:

Чекор 1: Одете во ‘Reels’ табот и кликнете на иконката со камера
Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е image-3.png
Чекор 2: Кликнете на ‘Templates’ табот

Овде ќе видите многу идеи за Reels како и шаблони – од препорачани за вас, до оние кои се моментално тренд, па и оние кои што сте ги зачувале.

Чекор 3: Најдете template кој ви се допаѓа, и потоа кликнете ‘Use template’

Во овој чекор ќе бидете пренасочени кон тоа да додадете ваши фотографии или видеа.

Како да искористите Instagram Template од вашиот feed?

За да искористите постоечки Reels template, следете ги овие чекори:

Чекор 1: Скролајте во вашиот Reels tab додека не забележите Reel со “Use template” копче

Копчето се наоѓа над името на корисникот.

Чекор 2: Кликнете на “Add media” за ги замените постоечките видеа / слики со вашите сопствени

Значи, следниот пат кога ќе се прашувате како некој креатор или бренд го направил совршениот Reel, запомнете: веројатно веќе постои template за тоа.

Извор: Later.com