Како креаторите и инфлуенсерите градат брендови за е-трговија вредни милијарди долари?

Сега вредна околу 104 милијарди долари, креаторската економија цвета во последниве години. Од 50 милиони самопрогласени креатори во светот, импресивни 41% сега заработуваат годишна плата од најмалку 69.000 долари. Неколку од нив ја искористиле својата содржина и влијание за да изградат брендови вредни преку 1 милијарда долари.

Худа Катан за прв пат ја започнала Huda Beauty со блог преку кој ја споделувала нејзината страст за секакви работи поврзани со шминка и убавина. Со текот на времето, таа изградила заедница која сега „религиозно“ ги слуша нејзините размислувања за најновите трендови или производи.

LOS ANGELES, CALIFORNIA - AUGUST 11: Huda Kattan and her sister Mona Kattan speak onstage during Beautycon Festival Los Angeles 2019 at Los Angeles Convention Center on August 11, 2019 in Los Angeles, California. (Photo by John Sciulli/Getty Images for Beautycon)

Ова започнало со нејзиното признавање на моќта што таа ја искористила – страст, публика и можност

Заедно со нејзините две сестри, таа создала свој бренд и го лансирала својот прв производ, пар лажни трепки кои подоцна ги проследила со повеќе производи за убавина. Со преку 250 вработени кои работат ширум светот и дополнително, со нејзината експанзија на пазарот на мириси и нега на кожа, брендот на Huda сега се проценува на 1,25 милијарди долари.

Chamberlain Coffee – Packaging Of The World
Chamberlain Coffee – бренд кој произлегува од љубовта на кафе на 19 годишна девојка на YouTube

На 19 години, Ема Чембрлен, ѕвезда на YouTube со над 12 милиони следбеници, ја искористи љубовта кон кафето и го основаше Chamberlain Coffee. Секако, пред започнување на свој бизнис има безброј работи што треба да се научат, но затоа сега нејзиниот глобален бренд сега може да се пофали со производи кои редовно се распродаваат поради огромната љубов на нејзините обожаватели кон брендот. Брзо растечкиот бренд дури беше ре-лансиран во 2020 година со нов изглед и нова соработка со Blazer Capital.

Во двата случаи на Худа и Ема, гледаме креатори кои, препознавајќи ја можноста да ја направат нивната содржина повеќе персонализирана, и со тоа успешно да лансираат свои брендови.

Можеби има прашања што се вртат низ вашиот ум. Дали навистина можам да направам сопствен бренд? Што ако не успеам? Сè ми е веќе добро; зошто да ризикувам нешто што веќе функционира? Сите го размислуваме истото – ова се навистина ппрашањата што треба да ги поставите. Но, кога препознавате можност во вашите страсти, треба да ја искористите. И има многу придобивки од лансирањето на сопствен бренд:

Можете да имате контрола на работите: Од концептуализација до идеја, до начинот како се испраќаат пораки, кога креирате сопствен бренд, ја задржувате контролата и сами го одредувате својот пат.

Можете да поттикнете единствена доверба кај вашата публика: Кога публиката ви верува, поголема е веројатноста дека ќе му верува на бренд основан од вас отколку на оној што вие едноставно го поддржувате.

Можете да поседувате капитал во вашата работа: Создавањето сопствен бренд може да ја минимизира вашата шанса да наидете на ризик и финансиски товар. Наместо да го намалите вашиот буџет за маркетинг поради ограничувања како оние што се појавија за време на пандемијата, можете да ја намалите оваа зависност кога вашите интереси се заштитени.

Па, како да започнете сопствен бренд како креатор? Еве три важни поенти за успех:

1. Капитализирајте ја приказната за вашиот бренд: многу креатори погрешно претпоставуваат дека нивната продажба ќе биде директно пропорционална со бројот на лајкови или следбеници. Но, не мора да значи дека самата слава есенцијално ќе влијае, особено кога станува збор за продажба на производи или лансирање бренд.

Вашата публика може да ужива во вашата содржина, но за публиката да резонира со вашиот бренд и да направи трансакција, треба да се чувствува како дел од вашата приказна.

Публиката треба да знае зошто сте го создале овој бренд, зошто ви е важен и зошто вие сте најдобрата личност за лансирање на овој производ или услуга

Без разлика дали тоа е причина во која верувате или производ за кој мислите дека ќе и служи на заедницата – вашата публика треба да ја разбере вашата приказна.

Откако ќе ја утврдите важноста на „зошто“, исто така треба да ја искористите моќта на „како“

Колку повеќе вашата публика чувствува дека е дел од вашето патување, толку е поголема веројатноста дека ќе резонира со вашиот бренд, ќе го рашири зборот и ќе ви даде вредни сознанија.

2. Разберете ја „поголемата слика“: Вашиот бренд е поголем од само вашите следбеници. За да изградите бренд што може да се прошири низ целиот свет и да има проценки од 9 или 10 цифри (и потенцијално да се продаде), треба да создадете бренд што и служи на публика надвор од базата на вашите следбеници.

Иако вашата публика може да обезбеди одличен почеток за да создаде привлечност, вие исто така треба да внимавате да не го направите вашиот бренд 100% зависен од вашето социјално присуство. Сакате луѓето кои ве познаваат да го препознаат вашиот бренд, но исто така да создадат изводлива самостојна привлечност за одржување на брендот за оние кои не го познаваат вашиот бренд. Може да размислите и за соработка со други креатори и влијателни лица за да го проширите вашиот досег.

Уште еден професионален совет: погрижете се да ги искористите предностите на списокот на вашите купувачи Со создавање на листи со е-маил адреси и телефонски броеви, можете да ги претворите вашите следбеници во потенцијални клиенти. Ова може да ви помогне да предизвикате активност во вашата заедница, да споделувате содржини и да ги претворите потенцијалните следбеници во клиенти.

3. Изградете го вистинскиот тим: поставувањето на вашиот бренд и неговата подготовка за успех не е лесен подвиг. Во бизнисот има многу аспекти кои постојано се менуваат и треба да се ажурираат, и токму затоа треба да имате спремен тим. Поддршката на клиентите, доставата, финансиите и маркетингот се неколку клучни улоги што ќе треба да ги исполните кај вашиот бренд.

Без разлика дали имате искуство во овие области или немате, има бенефиции од вработување на тим додека вие самите ја одржувате позицијата на креатор и визионер.

Колку повеќе ја одржувате вашата креативна енергија фокусирана на создавање содржина што ќе резонира со вашата публика, толку е поголема веројатноста вашиот бренд да успее

Forbes.com