Новости од е-трговија

Како Jitsi стана побезбедна open-source алтернатива на Zoom

Пандемијата ги натера луѓето да останат во своите домови, а воедно ги принуди да користат софтвери за видео конференции. Во изминатите неколку месеци, Zoom стана речиси неопходна апликација, а Google направи своето претпријатие да го понуди нивниот видео конференциски производ бесплатен за секого.

Среде овој видео конференциски бум, безбедноста на Zoom и проблемите поврзани со приватноста направија многу луѓе да се скептични за користење на нивниот софтвер. Исто така, компанијата не била транспарентна при комуникација за своите незгоди – ова ги принуди корисниците да бараат други апликации за видео конференции, а Jitsi се појави како совршено решение за нив. Покрај тоа што е бесплатен за користење, софтверот Jitsi има корист од поддршка од неколку високо-сметани имиња во безбедносната заедница. Во март, прелистувачот Tor, кој е фокусиран на приватноста напиша tweet за производот како алтернатива за Zoom.

Во 2017 година, во интервју за WIRED, Едвард Сноуден зборува за користење на сопствен Jitsi сервер. Подоцна, на конференција за безбедност, многу луѓе го видоа Сноуден како го користи Jitsi за да одржи говор.

Производот одеднаш експлодираше за време на пандемијата. Тоа значеше дека Емил Ивов, основач на Jitsi, заедно со остатокот од тимот морале да работат постојано за да овозможат одлично искуство при користење на софтверот.

Како пандемијата ја промени насоката на Jitsi

Во изминатите неколку месеци, тимот мораше да ја развие инфраструктурата бидејќи бројот на корисниците почнал да се зголемува поради тоа што луѓето останаа во своите домови, низ целиот свет.

Компанијата дозна дека сите видови на луѓе започнале да користат производи за видео конференции. Затоа, тие мораа да ги направат работите поедноставни за корисниците и да ги едуцираат за производот, бидејќи многу од нив биле навикнати на старомодни повици.

Сепак, пандемијата го популаризираше производот на компанијата. Covid-19 обезбеди забрзување од 10 години во однос на растот на Jitsi. Последната деценија беше показател за луѓето кои се придвижуваат кон работа од дома. Оваа ситуација само ја забрза целата транзиција.

Откако пандемијата го погоди светот, open-source верзијата на Jitsi и платената верзија од 8 × 8 успеаја да постигнат 20 милиони месечни учесници.

Безбедност

Следниот предизвик за компанијата е да воведе еnd-to-end енкрипција за повици. Услугата веќе нуди end-to-end енкрипција за повик еден-на-еден и многу други безбедносни мерки.

Основачот Ивов вели дека никогаш не слушнал толку многу луѓе да зборуваат за end-to-end криптирање.

Никогаш не сум слушнал толку многу луѓе да зборуваат за безбедност и end-to-end криптирање, како што слушав во изминатите неколку месеци. Обезбедуваме различни нивоа на безбедност за различни потреби. Затоа, пред се, требаше да ги едуцираме луѓето за опциите што ги имаат.

Тој рече дека криптирањето за повик со повеќе луѓе е предизвикувачки да се развие. Идеално, кога некој ќе се придружи на криптиран повик без валиден клуч, тие само ќе гледаат нејасно видео. Кога тие имаат легитимен клуч, видеото изгледа нормално. Тоа можете да го видите во демо видео подолу.

Придобивки од open-source моделот и иднината на видео конференциите

Основачот на Jitsi вели дека open-source природата на апликацијата им помогнала на луѓето да најдат грешки и да ги пријавуваат – и затоа тие се уште немаат никаква проблем со безбедноста на оваа апликација. Исто така, ова му помага на секој што сака да спроведе свој сет на функции на страна од постоечките на апликацијата.

На пример, училишна платформа од Италија – WeSchool има изградено свој сет на функции врз open-source верзијата на Jitsi. И според извршниот директор на WeSchool, Марко Де Роси, скоро 30% од средните училишта во земјата ја користат таа алатка. Rocket Chat, кој е исто така open-source бесплатно решение за разговор за тимови за претпријатија го користи Jitsi за видео конференции.

Бројот на луѓе кои користат видео конференции истовремено може да се намали со враќањето на земјите во нормала, но Ивов верува дека голем број луѓе сепак ќе го претпочитаат овој метод на комуникација наместо состанок преполн со луѓе.

Тој вели дека апликациите за конференции ќе треба да се обидат и да го олеснат животот на луѓето со тоа што ќе им овозможат алатки за состаноци, како што се презентации, документи и записници, дури и откако ќе заврши видео повикот. Сепак, предизвик за нив ќе биде да се стори сето ова без да се загрози ничија приватност, и Ивов смета дека е возможно.

Извор: The Next Web