Новости од е-трговија

Како до ефективен текст под вашите објави (social media captions)

Кога објавувате на социјалните мрежи, важен дел од објавата е текстот што оди со фотографијата или видеото – познат како caption. Добриот caption не само што додава контекст, туку и го привлекува вниманието, охрабрува интеракција и помага да ги остварите целите на вашата маркетинг стратегија.

Во оваа статија, ќе ви покажеме како да креирате social media captions кои се привлечни, релевантни и ефективни. Ќе ви дадеме практични совети и примери кои ќе ви помогнат да го зголемите ангажманот и досегот на вашите објави.

Што е social media caption?

Наједноставно кажано, social media caption е текст што го пишувате под вашата слика, видео или друг вид содржина на социјалните мрежи.

Тој служи за да:

  • Да даде дополнителни информации или приказна поврзана со содржината
  • Да привлече внимание / предизвика емоции
  • Да повика на акција (да го кликнат вашиот линк во bio, коментираат, споделат)
  • Да ги зголеми шансите вашата објава да биде видена и споделена
Зошто е важен добриот caption?

Социјалните мрежи се преплавени со содржини и вниманието на публиката е кратко. Без привлечен caption, вашата објава може лесно да биде прескокната или игнорирана.

Добриот caption ќе ви помогне да:

  • Задржите ја публиката подолго и да ја вовлечете во вашата порака
  • Поттикнете интеракција и разговор
  • Ја зголемите видливоста на објавата преку алгоритмите на социјалните мрежи
  • Ја насочите публиката кон следни чекори — посета на веб, купување, регистрација и сл.
5 совети како да креирате ефективен social media caption?

1. Започнете со привлечна најава (hook)

Првите 1-2 реченици треба да го „запрат“ скролањето на корисникот. Користете прашања, интересни факти или провокативни изјави. Пример: „70% од купувачите ја напуштаат кошничката поради лошо корисничко искуство“

2. Бидете концизни, но вредни
Не мора да пишувате долги текстови. Кратките и јасни пораки со значајна вредност се секогаш посилни.

3. Вклучете повик за акција (CTA)


Јасно кажете што сакате публиката да направи – „кликни за повеќе“, „остави коментар“, „посети ја нашата продавница“.

Понекогаш, можете да искористите и не толку директен пристап:

4. Користете релевантни хаштази и клучни зборови


Хаштазите ја зголемуваат видливоста на објавата, а клучните зборови го прават текстот полесно достапен за пребарување од страна на корисниците. Земете ги за пример клучните зборови “best time to post” – кога тие ќе се пребараат во “Explore”, се појавува релевантна објава од Later.com:

И бидејќи hashtags се користат со намера за откривање нова содржина, користењето на баш вистински и соодветни hashtags може да ве постави на вистинската позиција пред вашата целна публика, дури и ако тие никогаш претходно не биле запознаени со вас.

5. Поттикнете разговор и интеракција

Карактеристичниот знак за одлична објава на социјалните мрежи се многуте коментари.

Но, за да создадете „жива“ секција со коментари, треба да напишете текст под вашата објава што природно ќе го поттикне тоа.

Без разлика дали станува збор за поставување прашање, изјавување на нешто многу смело изјава или нешто хумористично, повикајте ги следбениците да споделат мислења или искуства. Ова ги зголемува коментарите и го подобрува вашиот reach.

Поврзани содржини