Солидна стратегија за објавување содржина на LinkedIn може да ви помогне да се поврзете со потенцијални кандидати за вработување, инвеститори и лидери во вашата индустрија. Можностите се неограничени; клучот за успехот лежи во добро развиена стратегија за објавување на содржина!
Later.com споделуваат како да креирате ефективна стратегија за содржина на LinkedIn, заедно со седум испробани формати за објавување што ќе ви помогнат да ги достигнете своите цели:
Како да креирате стратегија за содржина на LinkedIn
За да креирате стратегија за содржина на LinkedIn која навистина е соодветна за вашиот бизнис, прво ќе треба да ги наведете вашите маркетинг цели кои треба да ги достигне самата содржина:
Чекор # 1: Определете и поставете ги вашите маркетинг цели
Поставувањето маркетинг цели ќе ги задржи вашите напори фокусирани и мерливи. Тие се исто така добра можност да размислите како публиката на платформата (и нивната намера) се вклопува во вашите пошироки цели.
LinkedIn, на пример, е место за професионални разговори. Луѓето често ја користат платформата за да бараат можности за работа, совети за кариера и увид во индустријата.
Земајќи го ова предвид, вашите маркетинг цели на LinkedIn може да вклучат кое било, или сите од следново:
- Привлекување талент за отворени работни места
- Подигање на свеста за брендот со професионалци во индустријата
- Позиционирање на високото раководство во вашата компанија како експерти или мисловни лидери во одредена индустрија
- Подобрување на ангажманот и задоволството на вработените
- Градење на односи со индустриски лидери, потенцијални инвеститори и клучни носители на бизнис одлуки
Да имате длабоко разбирање за тоа што сакате да постигнете на LinkedIn, е од суштинско значење бидејќи тоа ќе ги предводи вашите одлуки за тоа што да објавувате, и и ќе ви помогне да го измерите успехот на вашите напори.
Чекор # 2: Креирајте стратегија за содржина на LinkedIn
Откако ќе добиете кристално јасна слика за тоа што сакате да постигнете на LinkedIn, можете да изградите стратегија за содржина што ги поддржува вашите цели.
На пример, ако сакате да привлечете поразновиден фонд на кандидати за отворање на работно место, можете да соработувате со различни лидери во вашата индустрија или да објавувате во групи на LinkedIn кои се посветени на различноста и вклученоста.
7 идеи за содржина кои ќе предизвикаат огромен раст
Без оглед какви се вашите цели за маркетинг на LinkedIn, овие испробани и тестирани формати се најдобрите начини да допрете до нова публика на платформата:
- Инспиративно раскажување приказни
- Интерактивна содржина
- Истакнување на вашите вработени
- Значителни достигнувања на вашиот бизнис
- Видео објави
- Совети за кариера, настани и можности
- Thought leadership
# 1: Инспиративно раскажување приказни
LinkedIn можеби е домот на професионални разговори, но луѓето сè уште се срцето на апликацијата.
Колку е поинспиративен и мотивиран вашиот пост, толку подобро ќе ‘помине’ пред публиката.
Автентичното раскажување приказна функционира за скоро секој бренд. Од приказни за неволји до личен развој, сè што ви треба се реални приказни кои го обликувале вашето бизнис патување во она што е денес.
# 2: Интерактивна содржина
Споделувањето на високо интерактивна содржина (што поттикнува лајкови, коментари и споделувања) ќе го забрза вашиот вирален раст на апликацијата.
Зошто? Бидејќи Home Feed-от на LinkedIn е скоро целосно составен од објави што ги споделува вашата мрежа.
LinkedIn исто така има еден тон нови функции кои се специјално дизајнирани да поттикнат што повеќе интеракции.
LinkedIn Polls, на пример, се лесен начин да се ‘соберат’ кликови на вашата содржина – додека emoji реакциите се креативна техника за анкетирање.
Објавите фокусирани на ангажман може да се користат за поддршка на низа различни цели, што ги прави една од најдобрите содржини.
# 3: Истакнување на вашите вработени
Ако една од вашите маркетинг цели на LinkedIn е да привлечете нов талент во вашата компанија, центарот на вниманието на постојните вработени е одлично место за почеток.
Истакнување на луѓето кои стојат зад вашиот бренд (и нивните патувања во кариерата) ќе направи секој бизнис да се чувствува почовечно и поискрено.
Овој формат е особено корисен за брендовите кои сакаат да ги сменат перцепциите за вработување или да поттикнат талент од различно потекло.
# 4: Значителни достигнувања на вашиот бизнис
Во случај да не сте забележале, луѓето “сакаат да сакаат” на LinkedIn – токму затоа славењето на значителни достигнувања во компаниите е сигурен формат за објави на апликацијата.
Споделувањето успешни приказни е одличен начин за зајакнување на профилот на вашата компанија на LinkedIn и исто така може да ја зближи заедницата на вашите вработени преку чувството за големи достигнувања. Win-win.
СОВЕТ: Означете ги клучните членови на тимот или засегнатите страни во вашите објави за дополнително зголемување на видливоста.
# 5: Видео објави
Видео содржината е во пораст на сите платформи на социјалните медиуми – и ова е особено точно за LinkedIn.
Всушност, веројатно ќе видите објава на видео во рок од само неколку секунди од прелистувањето низ вашата почетна страна на LinkedIn.
Причина? Видеата се супер привлечни. Плус, тие се одличен формат за раскажување на приказните на брендовите, што навистина може да го зајакне чувството за заедница и да охрабри дискусии на вашиот канал.
# 6 Совети за кариера, настани и можности
Публиката на LinkedIn обично ја користи платформата за напредување во кариерата – така што споделувањето содржина што се усогласува со оваа намера е скоро загарантирано да се претстави добро.
Мотивациони кариерни совети, совети за работни интервјуа и објави за нови работни места се сите основни и core содржини на LinkedIn и може да се многу успешни кога станува збор за негување на ангажирана заедница.
СОВЕТ: Користете го LinkedIn Live за да организирате разговори на панел за трендовски професионални теми или споделете серија на LinkedIn Stories за повообичаен пристап.
# 7: Thought Leadership
Конечно, секогаш можете да се потпрете на објава посветена за вашите размислувања за индустријата доколку се размислувате што објавите на LinkedIn.
Луѓето сакаат да читаат и споделуваат статии специфични за индустриите во кои работат на LinkedIn, и тоа е одличен начин да се позиционирате како експерт за некоја материја во одредена област.
За најдобри резултати, користете ги вградените функции на LinkedIn (како што се Articles или Documents) за да ја споделите вашата лидерска мисла и додадете силен call-to-action во насловот на објавата.
Ова може да биде едноставнa објава како прашање, или да ја замолите вашата публика да реагира со одредено emoji ако смета дека вашата објава е корисна.
Ова се седумте најдобри идеи за содржина која можете да ја објавувате на LinkedIn.
LinkedIn често се занемарува како маркетинг канал, но со јасни цели и вистинска стратегија за содржина, можете да постигнете мерливи резултати за вашиот бизнис.
Извор: Later