КАКО COVID-19 ГИ ПРОМЕНИ НАВИКИТЕ ЗА КУПУВАЊЕ КАЈ КИНЕЗИТЕ?

Ова е гостински текст на DHL Express Македонија

Со враќање на животот во Кина во нормален тек, што можат навиките за купување на најбројната нација, да нè научат за тоа што треба да очекуваме глобално како последица од COVID-19?

Оваа статија ќе опфати:

Трговија преку мобилен телефон, онлајн – офлајн платформи, технологија, луксузни производи, одржливо купување, рефлексно трошење

Кинезите, особено кинеските Millennials имаат неверојатна куповна моќ. И, како што се намалуваат карантинските мерки, желбата за купување на Millennials кои важат за супер потрошувачи се зголемува. Но, како всушност пандемијата го промени начинот на кој Kинезите прават бизнис, и што може останатиот дел од светот да научи од нив? 

 

Повеќе време поминато на мобилен телефон 

Овие факти малкумина ќе ги изненадат, но забележано е зголемено користење на мобилен телефон за времето поминато во карантин. Според Quest Mobile1 – просечното користење на мобилен телефон се зголемило од 6.1 часа по човек на ден во Јануари 2020, до 7.3 часа по човек на ден, скоро половина од денот кога сме активни!  Mobile commerce, забележа сериозен пораст на побарувачката на основни намирници, медицински материјали и производи за чистење. Според Kantar2   забележан е голем пораст на онлајн забавата, што воопшто не нè изненадува. За време на кризата во земјата, кога луѓето се обидуваа да останат меѓусебно поврзани, две од најголемите социјални медиуми во Кина: Douyin (Кинескиот TikTok) и Kuaishou станаа вистински извор на забава. Прочитајте повеќе на овој линк за тоа како да го искористите овој социјален тренд за продажба на социјалните медиуми. 

 

Порастот на платформите 020 (онлајн –офлајн)

Искушението да им се понуди шопинг како од реалниот живот на дигиталните клиенти не е новина, но овој концепт се здоби со поголема популарност во последните неколку месеци како последица од коронавирусот. Водењето на клиентите онлјан низ физичка продавница, преку видео, забележа голем пораст на 020 платформите, и ќе биде интересно да се види дали овој тренд ќе продолжи и во иднина, откако на луѓето повторно ќе им се овозможи потполна слободна. Покрај големите имиња во електронската трговија како Tmall, Taobao, и JD.com, платформите како на пример – Ele.me, Meituan, и Dingdong Maicai станаа многу популарни во овој период. За продавниците во Кина, особено за маркетите, користењето на овие платформи е од суштинско значење, бидејќи им дозволува да ги одржуваат своите продавници снабдени со свежи производи, подготвени за потрошувачка.  

Технологија за која вреди да се зборува

Користењето на технологијата во Кина одигра важна улога во е-трговијата, па така физичките продавници брзо се прилагодија на празните шопинг молови ширум земјата и ги имплементираа последните технолошки новини со цел да останат достапни за потрошувачите. Mixc во Шангај, ги искористи предностите на каналите за виртуелна реалност (VR) со што им овозможи на потрошувачите да пазарат од брендовите кои ги обожуваат на виртуелен начин, вклучувајќи ги и омилените модни брендови како Nike, Puma и Fila и гигантите за убавина како L’Oréal и Sephora. Во меѓувреме, добавувачот за паметна технологија Chatail, изгради содржина за шопинг во стилот на Instagram, која им овозможува на потрошувачите да одберат што сакаат преку разговор со продажните агенти, додека WeChat Mini им овозможува на потрошувачите да направат кадар на екранот (screenshot) од производите и можност да ги купат истите за време на сесијата во живо на Instagram.

Луксузните продавници се трудат да се приклучат на е-трговијата

До сега некои луксузни брендови покажуваа отпор на е-трговијата, но COVID-19 не им остави голем избор освен да се приклучат и тие. Prada се приклучи на Tmall, платформа за е-трговија на Alibaba, белгискиот бренд Delvaux на JD.com, додека францускиот бренд Lanvin се здружи со Secoo – платформа за е-трговија за висока мода, со цел да ја прикаже нивната модна колекција Есен/Зима 2020 во живо, надградена со опцијата “види сега, купи сега”.

 

Дали светста за одржливото купување сега е на повисоко ниво?

Kantar објави дека одржливиот шопинг бележи пораст во Кина, најавувајќи го глобалниот тренд за етички одговорно купување. Оваа нација се движи со тенденција „да плати повеќе за да купи од општествено одговорни брендови, да плати повеќе за услуги од компании кои се грижат за почиста животна средина, и кои обрнуваат поголемо внимание за заштита на животната средина и одржливоста”.  

 

Рефлексно трошење

Појавувањето на коронавирусот не можеше да дојде во полошо време за кинеските трговци, во пресрет на традиционалниот лунарен новогодишен период кога луѓето трошат повеќе од вообичаено. Наместо, очекуваната рекордна продажба, трговците беа приморани да ги затворат своите продавници со многу ниски приходи. Сепак, шопинг ентузијастите кои ја слават својата обновена слобода се впуштаат во рефлексно трошење. „После месец и половина од целосното затворање и рестриктивните карантински мерки се појави желбата за враќање во нормален и реален живот“, вели Micaela Le Divelec Lemmi извршен директор на Salvatore Ferragamo3.  Но, веројатноста дека рефлексното трошење на шопинг ентузијастите ќе ја надомести загубата е мала. Според анкетата на 28 извршни директори, направена од Boston Consulting Group и Sanford C. Bernstein, појавувањето на епидемијата, најверојатно ќе ја намали продажбата на луксузни производи за дури 45 милијарди долари во 2020.

Референтни линкови: Quest Mobile, Kantar, Bloomberg, Hunimed