ЗА ИНИЦИЈАТИВАТА

Веќе трета година по ред, иницијативата „Е-трговија: Супермоќ за локалните бизниси vol. 3“ им помага на 20 микро и мали бизниси кои сѐ уште не продаваат онлајн, да започнат со онлајн продажба и бесплатно да отворат своја е-продавница преку постоечки маркетплејс платформи или софтверско решение. Дополнително, учесниците ќе добијат и обука за тоа како успешно да продаваат онлајн.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТ ЈАВНИОТ ПОВИК?

Јавниот повик е наменет за микро, мали и средни претпријатија кои сѐ уште не ги продаваат своите производи или услуги онлајн, а сакаат да започнат со онлајн продажба и да го прошират својот бизнис.

ШТО ДОБИВА ТВОЈОТ БИЗНИС?

Селектираните компании ќе добијат вредносен пакет од 1.000 евра за отворање своја е-продавница во рамки на една од понудените маркетплејс платформи или своја е-продавница креирајќи сопствено софтверско решение преку понудените компании, како и  маркетинг промоција со цел зголемување на е-продажбите.

*Вредносниот пакет ќе се исплаќа директно на одбраните маркетплејс платформи или IT компании за отворање на е-продавницата, техничка поддршка, маркетинг активности итн.

Во текот на месец јуни 2024 година најмногу двајца претставници од одбраните компании ќе имаат можност да присуствуваат на еднодневен практичен семинар „Сѐ за е-трговија“ каде што ќе бидат опфатени дел од следните теми: алатки за менаџирање и одржување на е-продавница, алатки за дигитален маркетинг за е-трговија, маркетинг и рекламирање на социјалните медиуми.

Селектираните компании кои ќе започнат да продаваат онлајн и присуствуваат на едукативниот семинар ќе добијат сертификат за успешно завршување на програмата од Асоцијацијата за е-трговија на С.Македонија – АЕТСМ

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Апликантот треба да е регистриран правен субјект и да е микро, мало или средно претпријатие

Да не ги продава своите производи и/или услуги онлајн моментално (преку своја е-продавница или онлајн маркетплејс)

Да има комплетно пополнета 
апликација/пријава

ПАРТНЕРИ НА ИНИЦИЈАТИВАТА

Маркетплејс платформи
ИТ компании за градење на сопствени решенија

За отворање на е-продавниците поддржаните компании за отворање на е-продавница ќе имаат можност да одберат од понудите на предефинираните партнери на иницијативата. Секој од партнерите ќе достави понуда до избраната компанија, по што компанијата ќе направи избор со кој од партнерите ќе соработува за отворање на сопствена е-продавница.

Оваа иницијатива се имплементира со поддршка на: