Иницијативата „Е-трговија: Супермоќ за локалните бизниси vol. 4“, четврта година по ред, ќе поддржи македонски микро и мали бизниси да започнат со онлајн продажба преку своја е-продавница.
15 избрани компании ќе имаат можност бесплатно да отворат своја е-продавница преку постоечки маркетплејс платформи или со сопствено софтверско решение, и да добијат практична обука за успешно онлајн продавање и зајакнување на нивниот бизнис.
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТ ЈАВНИОТ ПОВИК?
Јавниот повик е наменет за микро, мали и средни претпријатија кои сѐ уште не ги продаваат своите производи или услуги онлајн, а сакаат да започнат со онлајн продажба и да го прошират својот бизнис.
Селектираните компании ќе добијат вредносен пакет од 1.000 евра за отворање своја е-продавница во рамки на една од понудените маркетплејс платформи или своја е-продавница креирајќи сопствено софтверско решение преку понудените компании, како и маркетинг промоција со цел зголемување на е-продажбите.
*Вредносниот пакет ќе се исплаќа директно на одбраните маркетплејс платформи или IT компании за отворање на е-продавницата, техничка поддршка, маркетинг активности итн.
Најмногу двајца претставници од одбраните компании ќе имаат можност да присуствуваат на еднодневен практичен семинар „Сѐ за е-трговија“ каде што ќе бидат опфатени дел од следните теми: алатки за менаџирање и одржување на е-продавница, алатки за дигитален маркетинг за е-трговија, маркетинг и рекламирање на социјалните медиуми.
Селектираните компании кои ќе започнат да продаваат онлајн и присуствуваат на едукативниот семинар ќе добијат сертификат за успешно завршување на програмата од Асоцијацијата за е-трговија на С.Македонија – АЕТСМ
Апликантот треба да е регистриран правен субјект и да е микро, мало или средно претпријатие
Да не ги продава своите производи и/или услуги онлајн моментално (преку своја е-продавница или онлајн маркетплејс)
Да има комплетно пополнета апликација/пријава
Апликантот да не е претходно поддржан преку друг јавен повик на AETM
За отворање на е-продавниците поддржаните компании за отворање на е-продавница ќе имаат можност да одберат од понудите на предефинираните партнери на иницијативата. Секој од партнерите ќе достави понуда до избраната компанија, по што компанијата ќе направи избор со кој од партнерите ќе соработува за отворање на сопствена е-продавница.