Ива Трембелиева, COO @ Grouper.mk: Нудиме 10 бесплатни пакети за отворање на е-продавници во соработка со Mastercard по повод 10 години Grouper.mk

Ја започнуваме работната недела со разгвор со Ива Трембелиева од Grouper.mk која ни кажува нешто повеќе за тоа кои се бенефитите кои произлегуваат од тоа една компанија да е дел од најголемиот онлајн трговски центар во Македонија, а воедно и за одличната можност која ја нуди Grouper.mk за поддршка на 10 мали или средни компании со тоа што ќе креира 10 бесплатни е-продавници во рамки на Grouper Shopping Mall.

АЕТМ: Неодамна, како дел од  Grouper.mk се отвори и Grouper Shopping Mall, најголемиот онлајн трговски центар во Македонија. Дали можете да ни кажете нешто повеќе за овој онлајн маркетплејс, какви се резултатите од неговото отворање до денес? Колку компании се дел од Grouper Shopping Mall и кои се бенефитите доколку една компанија е дел од овој Marketplace?

Ива Трембелиева: Grouper Shopping Mall е долго развиван драг наш проект, кој се отвори и не така неодамна, за два месеци ќе правиме и една година од неговото лансирање.  Grouper Shopping Mall како што сакаме да го дефинираме, е најголемиот онлајн шопинг центар во земјава. Воедно е маркетплејс платформа преку која брендовите / компаниите имаат можност да отворат и менаџираат своја онлајн продавница и да ги пласираат своите производи онлајн, а пак купувачите имаат можност онлајн да најдат многу различни производи од разновидни категории на едно место. Во моментов Grouper Shopping Mall брои над 80 онлајн продавници застапени со над 200 светски и наши брендови на производи. Во време на светска криза понудивме алатка за сите типови на бизниси кои сакаат да продаваат онлајн без големиот ангажман кој го захтева отварањето на ecommerce сајт. Тоа е само еден од бројните бенефити кои ги нуди оваа платформа.

Значи, со приклучување кон Grouper Shopping Mall компаниите добиваат готово софтверско решение и секако нов канал на продажба. Онлајн присуство пред сé. Доколку сте имале претходно искуство со отворање на e-shop, знаете дека програмирањето е најтешкиот дел во приказната на онлајн продавницата, чини многу, а секако е потребно време за развој и советување и guidance од професионален кадар. Нашата платформа има лесен систем за навигација и менаџирање, а вашата онлајн продавница е отворена и достапна за 1 ден. Нашиот тим се грижи за се, што значи дека компаниите немаат потреба од нов кадар или нови вработени за развој на е-продавницата. Посетите се исто така од суштинско значење, што е втор чекор откако веќе ќе отворите онлајн продавница. Со отворање онлајн прoдавница во склоп на Grouper Shopping Mall вашата продавница е изложена на најголемата база на посетители и корисници, Grouper.mk има над 30.000 посети на ден, и над 270.000 корисници. Понатаму, со додавање на производите, истите автоматски се објавуваат и на нашата мобилна апликација, достапна на Android и за iOS со преку 150.000 инсталации. Придобивка која сметам дека ќе е од големо значење за компаниите е и она што нудиме и целосна маркетинг стратегија за секоја  продавница преку дополнителни алатки за промоција кои се  достапни во секое време. Одбраните маркетинг алатки од нашиот маркетинг тим се со цел да ја зајакнат промоцијата и да ги поттикнат продажбите на новоотворените продавници.

АЕТМ: Во време на пандемија, каде навистина се покажа дека на компаниите им е потребен нов дополнителен канал за е-продажба, по повод 10 години постоење на Grouper.mk, заедно со Mastercard се одлучивте да поддржите 10 мали или средни компании со тоа што ќе креирате 10 бесплатни е-продавници во рамки на Grouper Shopping Mall. Кој се може да аплицира за оваа поддршка? Што треба да исполнуваат компаниите? И како се аплицира?

Ива Трембелиева: Да, горди сме што славиме цела деценија. Нашиот роденден е во јануари, и секоја година, секој пат, Новата година ни започнува со славење и големи акции и кампањи по повод роденденот. За оваа 10 годишнина имаме испланирано повеќе иницијативи и за нашите корисници и моментали и идни соработници. Покрај традиционалната кампања Златни Зделки планирана кон крајов на месецов, во тек е и акција за поддршка на компании во соработка со нашите долгогодишни партнери Mastercard. Имено, нудиме 10 бесплатни пакети за отворање на е-продавница во рамките на Grouper Shopping Mall. Повикот е отворен до 31.01.2021 и можат да аплицираат сите мали и средни бизниси кои сакаат да одат на следното ниво со својата продажба и да добијат нов продажен канал, а немаат можност самите да го сторат тоа во моментов. Бесплатните пакети се однесуваат за годишен договор, а аплицирањето е многу едноставно преку пополнување на следнава ФОРМА. Повеќе информации за оваа акција има на следниот ЛИНК.  

АЕТМ: Рокот за апликации е отворен на 15.01.2021 и трае до 31.01.2021 година. Кога може да се очекува изборот за топ 10 компании кои ќе ја добијат поддршката и што точно добиваат избраните 10 компании? 

Ива Трембелиева: Да, во рок од две недели сите заинтересирани ќе имаат можност да аплицираат преку едноставната форма, а изборот ќе биде реализиран во текот на месец февруари, во зависност од бројката на апликанти кои детално ќе бидат разгледани од нашиот тим за продажба, како и од маркетинг тимот. Избраните 10 компании добиваат комлетно бесплатен годишен пакет за отварање и менаџирање на онлајн продавница на маркетплејс платформата Grouper Shopping Mall. Вредноста на пакетот кој ќе го добијат е 360€, а нивното учество е секако 0€. Овој годишен пакет за отворање на онлајн продавница опфаќа имплементиран безбеден сертифициран payment систем, софтверско решение, платформа за додавање производи, панел за процесирање и следење на нарачки, панел за фактурирање, хостинг простор, сертификат за безбедност, брендинг на продавницата, категоризација на производи  и е комплетно marketing ready. Овој пакет има можност и за upgrade доколку продавницата има потреба од тоа. Секако, при отворање на продавницата, секоја компанија добива и детално упатство за користење како и безрезервна поддршка од нашиот тим за било какви технички и маркетинг прашања и предизвици. 

АЕТМ: Како оперативен директор на Grouper.mk кое е вашето мислење за состојбата со е-трговијата во нашата држава? Што е тоа што компаниите кои сега се впуштаат во процесот на е-трговија треба да го знаат и на што најмногу треба да се внимава при е-продажба? 

Ива Трембелиева: Во последнава година секако дека пандемијата играше голема улога врз промена и секако прогрес во е-трговијата кај нас. Рестрикциите, оддржување на безбедноста и колективното здравје секако допринесоа и оние кои немаа направено онлајн трансакција да го направат своето прво онлајн купување / плаќање. Истото важи и за компаниите, посебно оние кои немаа можност за оддржување или функционираниње на своите физички локации, најдоа решение во онлајн каналот на продажба. Секако има уште многу да учиме и да напредуваме во оваа сфера. Едукацијата и разбирањето на проблематиката секогаш е приоритет при впуштање во некој нов процес. За успешна онлајн продажба има повеќе фактори кои влијаат и треба да се земат во предвид. Најпрво, како примарно нешто со доаѓа во контакт купувачот, е  изгледот на онлајн продавницата и корисничкото искуство. UI/UX и корисничкиот интерфејс во некои ситуации се пресудни за текот на купувањето и комплетирање на процесот на купување од страна на корисникот. Исто така, во склоп на ова, од голема важност е и транспарентноста на условите: плаќање, достава, можност за враќање на нарачки.  Корисничката поддршка е круцијална, бидејќи тука немате директен контакт со корисникот, а треба да ја стекнете неговата доверба. Тој ги дава своите средства пред да го види производот во живо. Затоа и презентацијата на самите производи е од есенцијално значење. Визуелниот аспект продава. И на крајот, секако не најмалку важно, маркетинг. Сите веќе ја знаеме моќта на елаборираниот сторителинг. Е-трговците треба процесот на купување да го гледаат како комплетно искуство, почнувајќи од посета на сајтот, до добивање на производот и на тој начин треба секој чекор да да биде предвиден и осмислен. 

АЕТМ: За крај, на што сметате дека треба најмногу да се работи за да се подобри целиот процес на искуството при е-купување?

Ива Трембелиева: Без разлика дали станува збор за посебен сајт со имплементиран e-commerce или пак за маркетплејс, процесот на е-купување е нешто на кое постојано треба да се работи. Подобрување на целиот user experience најпрво е нешто кое се менува врз база на трендовите, а и врз база на аналитики со кои треба да сте постојано во тек доколку продавате онлајн. Многу е важно да е води сметка за таканаречените “bottle necks” или тесни грла, кои би можеле да ги закочат вашите корисници и да го отежнат процесот на купување. Добрата визуелна презентација и недвосмислено пласирање на информациите е исто така нешто кое треба да се има во предвид: квалитетни фотографии, детални описи за она кое го продавате, реален приказ. Секоја инфромација плус не е на одмет. И секако процесот на е-купување на завршува со success payment screen или кога корисникот ќе направи плаќање. Тој продолжува и понатаму со каква порака ќе добие корисникот по купувње, како ќе изгледа потврдата за истото, дали она што го купил ќе биде испорачано во соодветниот временски период, како ќе биде доставено, спакувано, и слично. Каква политика нудите за враќање, замена и рефундација, едноставно на крајот какво чуство оставате кај корисникот по купувувањето. Сето ова влијае врз тоа дали ќе добиете следна шанса. Прв пат секој пробува, вториот пат е веќе по избор на корисникот базиран на претходното добро искуство. 

Поврзани содржини