Со својата долгогодишна посветеност на е-трговијата и растот на локалните бизниси, компанијата Visa, која воедно е и платинум партнер на 7-та Регионална Конференција за Е-трговија, продолжува да игра клучна улога во унапредувањето на платната инфраструктура и имплементирањето на нови решенија кои ќе го остварат целиот потенцијал на дигиталната економија. Во овој разговор со Слободан Лукиќ, Директор за продажба на трговци и аквизиции за ЈИЕ во компанијата Visa разговараме за важноста на дигиталните плаќања во е-трговијата во Македонија и регионот. Слободан споделува како компанијата Visa ја поддржува дигиталната трансформација во финансискиот сектор и која е улогата на иновациите и безбедноста на трансакциите за создавање доверба кај потрошувачите и бизнисите.
АЕТМ: Како Visa го оценува сегашното прифаќање на дигитални плаќања во секторот на е-трговија во Македонија и кои мерки се преземаат за поттикнување поширокo прифаќање меѓу потрошувачите и бизнисите?
Слободан Лукиќ: Според последното истражување Visa Pulse што го спроведовме, речиси секој во Северна Македонија купува онлајн. 42% од нив купуваат еднаш или неколку пати месечно, 33% еднаш или неколку пати неделно, со тековниот национален просек од 4.7 пати месечно. Пазарот на е-трговија во Северна Македонија се шири, но сепак е мал во однос на локалните бизниси кои продаваат и потрошувачите кои купуваат онлајн. Би рекол дека ова е висок процент, но сепак има многу потенцијал во е-трговијата, кој може да се „отплетка“.
АЕТМ: Со растот на е-трговија се јавува зголемена загриженост за онлајн безбедноста. Какви иницијативи или технологии имплементира компанијата Visa за да обезбеди сигурни онлајн трансакции и да изгради доверба кај потрошувачите?
Слободан Лукиќ: Во Visa, безбедноста на плаќањата е наш приоритет. Ние секојдневно работиме на заштита на интегритетот на плаќачкиот екосистем. Ги намалуваме ризиците, се бориме против измами и сајбер-криминал, и им овозможуваме на корисниците алатки, технологии и информации за подобри дигитални плаќачки искуства. Додека сајбер-криминалот продолжува да постои во растечкиот дигитален свет, компанијата Visa напорно работи за да биде еден чекор напред. Само во последните шест години, Visa инвестираше повеќе од 10 милијарди долари глобално во технологија за намалување на интензитетот на злоупотребата и за зајакнување на безбедноста. Оваа инвестиција вклучува и инвестиција од 500 милиони долари во вештачка интелигенција (AI) и податоци, овозможувајќи Visa да лансира 100 различни алатки кои користат вештачка интелигенција, сè за заштита на клиентите и корисниците. Повеќе од 1.000 експерти работат на заштита на Visa мрежата од злоупотреба, напади и закани од внатрешни лица – 24 часа на ден, седум дена во неделата, 365 дена во годината. Само минатата година, компанијата Visa проактивно спречи злоупотреби во вредност од 27.1 милијарди долари. Локално, компанијата Visa поддржа кампања против сивата економија со воведување на иницијативата „Доверба во проверени e-продавници“. Оваа иницијатива има за цел да го промовира меѓу е-трговците Беџот за верификуван e-трговец, кој потврдува дека тие се регистрирани и доверливи, што е клучно во ерата кога онлајн измамите стануваат сè поголема загриженост.
АЕТМ: Во многу пазари, предизвик е инклузијата на небанкарски иновации во дигиталната економија. Како Visa е ангажирана во подобрување на достапноста на финансиски услуги во Македонија и која е нивната важност за развојот на е-трговијата во регионот?
Слободан Лукиќ: Сметаме дека клучот е во партнерствата – индустриски партнерства, приватниот и јавниот сектор. Сите треба да работиме заедно за да ги поддржиме, особено малите и средните бизниси, да ги дигитализираат своите бизниси, да овозможат онлајн плаќања и да ја зголемат e-трговијата. Ова е особено важно како начин за раст на локалните бизниси, вклучување на нив во глобалниот пазар и поддршка на развојот на локалната економија. Еден фантастичен пример за добра соработка и вредно партнерство е сигурно GoDigital. Организацијата Македонија 2025 и компанијата Visa, заедно со други партнери, KIBS AD и IME (проект на швајцарската влада во Северна Македонија), ја лансираа иницијативата GoDigital со цел дигитализација на мали и средни претпријатија. Програмата спроведена од Центарот за дигитална трансформација вклучува финансиска поддршка преку грантови од 6.000 до 10.000 евра и стручна поддршка преку менторство и креирање на стратегија за дигитална трансформација од страна на меѓународно сертифицирани консултанти. Исто така, во Северна Македонија, компанијата Visa активно ја поддржува e-трговијата преку клучни партнерства, од кои најзначајно е партнерството со Македонската Асоцијација за E-трговија. Заедно, лансиравме иницијативи за помош на мали и средни претпријатија да ја изградат својата онлајн присутност. Преку два јавни повици, 35 локални компании добија и техничка и едукативна поддршка за креирање на свои e-продавници и веб-сајтови, како и за подобрување на нивните дигитални маркетинг вештини.
АЕТМ: Каква улога игра Visa во партнерствата со локалните бизниси и банки во Македонија за подобрување на платната инфраструктура и олеснување на секојдневните e-commerce трансакции?
Слободан Лукиќ: Ние сме тука да понудиме наше меѓународно знаење, искуства од различни пазари и учења, како и алатки за зголемување на инфраструктурата за прифаќање на плаќања. Како технолошка компанија, која го воведе машинското учење и технологијата на вештачка интелигенција пред 30 години, компанијата Visa игра интегрална улога во дигиталната трансформација на плаќањата и воведување иновации кои ги поедноставуваат и обезбедуваат трансакциите. Ние ja гледаме е-трговијата како клучна оска во оваа дигитална револуција. Мали и средни претпријатија, кои претставуваат над 95% од бизнисите во земји како нашата, се идните двигатели на растот на е-трговијата. Поддршката на овие бизниси е клучна за проширување на дигиталната економија.
АЕТМ: Какви трендови Visa ги смета за клучни во обликувањето на иднината на дигиталните плаќања во регионот, и како Visa се подготвува да ги задоволи променливите потреби на пазарот?
Слободан Лукиќ: Постојат неколку многу важни трендови што ги гледаме на македонскиот пазар и најважните се:
- Безконтактни плаќања: Популарноста на безконтактни плаќања порасна, особено по пандемијата на COVID-19.
- Зголемена примена на дигитални плаќања: Растот на е-трговијата доведе до значително зголемување на користењето дигитални плаќања.
- Мобилни паричници и и апликации: Користењето на мобилните паричници и апликации е во пораст, поттикнато од растот на паметните телефони и подобрената интернет конекција.
- Зголемени безбедносни мерки: Со порастот на дигиталните трансакции, расте и акцентот на зајакнување на безбедносните мерки.
- Регулаторни промени: Променливите регулативи и стандарди во финансискиот сектор ја обликуваат дигиталната плаќачка сцена, обезбедувајќи по-безбедни и по-релевантни трансакции.
Компанијатаа Visa се фокусира на понудата на побезбедни, поудобни и поефикасни опции за плаќање за потрошувачите и бизнисите и е многу заинтересирана да помогне во забрзувањето на дигиталните промени во Северна Македонија со:
- Инновативни решенија: Visa инвестира во иновативни решенија за плаќање за да го подобри искуството на корисниците, како што се мобилни платформи за плаќање и безконтактна технологија.
- Безбедносни мерки: Visa спроведува напредни безбедносни протоколи, вклучувајќи токенизација и биометриска автентикација, за да ги заштити трансакциите и податоците на потрошувачите.
- Партнерства: Visa соработува со локални финансиски институции, финтек компании и трговци за да ја прошири својата мрежа и да понуди поедноставени опции за плаќање.
- Образование на потрошувачите: Visa се фокусира на едукација на потрошувачите за предностите и безбедноста на дигиталните плаќања, помагајќи во изградба на довербата.
- Регулаторна усогласеност: Visa активно работи на усогласување со локалните регулативи и стандарди, осигурувајќи дека нејзините услуги ги исполнуваат барањата на македонскиот пазар.
АЕТМ: Тема на оваа година на конференцијата е “Е-трговија: Размотување на Потенцијалот” – Како го гледате потенцијалот што го нуди е-трговијата во земјата и регионот? Во што сме добри и што треба да подобриме за да го достигнеме нашиот целосен потенцијал?
Слободан Лукиќ: Северна Македонија има значителен потенцијал за раст на е-трговијата, поддржан од млада, технолошки напредна популација и зголемена интернет пенетрација. Е-трговијата се развива, но е уште во рана фаза, што претставува голема можност за раст за бизнисите и инвеститорите.
За да се оствари овој потенцијал, земјата треба да ги подобри логистиката и инфраструктурата, да го зголеми усвојувањето на дигитални плаќања, да изгради доверба кај потрошувачите, да ги поедностави регулативите и да ја подобри дигиталната писменост. Со решавање на овие области, Северна Македонија може да ги искористи можностите што ги нуди е-трговијата и да стане лидер во дигиталната економија на регионот.
АЕТМ: Како Платинум партнер на 7-та Регионална конференција за е-трговија, која е главната цел на Visa за поддршка на овој настан? Колку е важна улогата на Visa во поттикнување на индустриската соработка и развојот на е-трговијата во регионот?
Слободан Лукиќ: Нашата главна цел е да ја поддржиме индустријата и да го забрзаме нејзиниот раст преку меѓународното знаење што го имаме и кое можеме да го пренесеме во Северна Македонија.