[Интервју] Бобан Трпевски, Фалкон Логистик: Брзото адаптирање кон е-пазарењето не прави чекор поблиску до светските современи трендови

Со Бобан Трпевски од Фалкон Логистик разговараме за важноста на навремената достава, квалитетното и прецизно следење на пратките, фокусот на поедноставените постапки за олеснето нарачување и воведување на безготовинскo плаќање во курирскиот процес како и во живо, така и онлајн.

АЕТМ: Имајќи во предвид дека одбирањето на соодветен логистички сервис е клучно во процесот на отворање на една е-продавница, дали можете да ни кажете нешто повеќе за Falcon Logistics? Од колку членови се состои вашиот тим и кој е вашиот територијален опсег за извршување на достава? Кои се предностите и бенефитите кои следат со користење на вашите услуги?

Бобан Трпевски: Компанијата Фалкон Логистик ДОО постои од 2013 год. се занимава со давање на услуги од областа на логистиката за домашни и странски компании. Носители сме на одобрение на АЕО – овластен економски оператор за царински поедноставувања/безбедност и сигурност – врвен статус во логистика, минимум 10 компании го имаат во Македонија, со што докажуваме дека ги исполнуваме највисоките стандарди, областа на организација на работа, водење евиденција, зачувување на човековата околина, заштита на податоци и сл. Можеме да се пофалиме дека наши клиенти се најголемите македонски, европски па и светски брендови од областа на автоиндустријата, aутомотиве, конзумер електроникс, ИТ секторот и секако стоките за широка потрошувачка.

Компанијата Фалкон Логистик ДОО, Скопје чувстувајќи ја анемичноста во квалитетот на услугите во областа на поштенско-курирското работење (ненавремена достава, немање опција за квалитетно следење на пратките а со самото тоа и намалена можност за планирање на активностите во рамки на својата компанија), притоа следејќи ги потребите на македонското стопанство како и на приватнот сектор, донесе одлука да преку својата подружница Фалкон Логистик Курир во 2019 започна со давање услуги од областа на поштенски, курирски, логистички (чување, пакување, препакување, обележување) како и услуги на хибридна пошта со што на уникатен начин ќе допринесе во надминувањето на гореспоменатите проблеми. 

За таа цел развивме сопствена апликација во која ги интегриравме сите најсовремени методи на обележување и следење на пратки, воведовме најсовремени техничко-технолошки стандарди за сортирање на пратките со што постигнавме 100% прецизност во следење на пратките и секако 100% прецизност во планирањето на времето на патување, оптимизирање на трошоците и сл.

Нашиот софтвер кој е наша сопственост е 100% веб ориентиран, со сервери во УСА и РУСИЈА, користиме SSL комуникација и при размена на податоците имаме SHA 256 -bit енкрипција, со што ги исполнуваме европските GDPR стандарди за заштита на личните податоци. Со самите овие факти ние сметаме дека сме 100% подготвени да одговориме на сите можни барања што е-трговијата, односно нашите потенцијални клиенти кои би отвориле електронски продавници би можеле да ги побаруваат од нас.

Денеска ФЛК брои блиску 150 вработени, има отворено 17 свои канцеларии низ повеќе градови во државата, и располага со 60 возила за достава на пратките. Нашите возила се опремени со ГПС уреди, нашите курири носат опрема преку која се евидентираат пратките online и со самото тоа водиме евиденција на време на превземање-достава на пратки при што истите се обележани и со време и со ГПС локација.  

Во рамки на нашето работење присутни се сите видови на услуги кои може да ги понуди една логистичка компанија (EXPRESS DELIVERY, JUST IN TIME DELIVERY, 3PL, DROP SHIPPING). Во текот на Октомври месец ФЛК во соработка со глобален провајдер на поштенско курирски услуги ќе ја промовира новата услуга на испорака на писма и пратки во рамки на целиот свет за одлични цени и одлично време на патување.

АЕТМ: Одличната функционалност на еден логистички сервис се темели на успешното реализирање на пратките и задоволните клиенти. На кој начин се одвива работниот систем на Falcon Logistics и колкав е временскиот период за кој може да се очекува испораката на една пратка?

Бобан Трпевски: Цениме дека во моментов имаме лепеза на услуги за кои буквално немаме конкуренција кај останатите даватели на поштенско-курирски услуги во смисла на паметно формирана цена на услуга која секогаш носи кон тоа нашиот клиент да добие најквалитетна услуга, а за најоптимална цена. 

Цениме дека сме неприкосновени во начинот на едноставно обележување на пратките (QR TAGGING), едноставно превземање на истите, најмодерно водење евиденција со примена на најсовремени технолошки достигнувања (API – MACHINE TO MACHINE) за едноставна најава на пратки, како и автоматизиран систем за детекција на евентуални грешки и нивно брзо отстранување, тврдиме дека единствено ние имаме решение за вистинско online следење, со ажурирање во тек на секоја секунда. Во пракса од досегашното работење со покажа дека повеќе од 80% од пратките ги разнесуваме во рамки на првите 24 часа од моментот на превземање на истите, а за останатите 20% успеваме во рамки на максимум 72 часа. 

АЕТМ: Доколку го отвориме вашиот веб сајт, она што прво може да се забележи е опцијата за извршување на нарачки онлајн во 5 едноставни чекори. Дали и колку корисниците на вашиот логистички сервис ја преферираат оваа услуга? Kаков е фидбекот во врска со оваа услуга и дали планирате да имплементирате и онлајн плаќање за истата?

Бобан Трпевски: Ние во секој поглед гледаме да бидеме едноставни и “лесни за употреба” за да можат нашите клиенти да ги искористат бенефитите од поедноставените постапки кои ги применуваме со цел олеснето да се нарача и уште полесно да се следи текот на достава на пратката. Нашите курири наскоро ќе бидат опремени со ПОС терминали, со што ќе овозможиме да корисниците на нашите услуги можат за истите да платат безготовински. Нашата веб страна ќе овозможи исто така можност за услугата да се плати безготовински, доколку услугата ја плаќа испраќачот и сака да плати во момент на нарачување.

АЕТМ: Она што е повеќе од очигледно е дека доставата на онлајн нарачки несомнено се покажа како есенцијална во полниот ек на covid-19 како и во светот, така и кај нас. Што можете да ни кажете за вашиот процес на работа за време на глобалната пандемија; со какви потешкотии и предизвици се справуваше вашиот логистички сервис и кој беше вашиот начин на адаптација? Што можете да издвоите како најголема поука од овој период?

Бобан Трпевски: Од досегашното искуство можеме да кажеме дека ние секојдневно следејќи ги упатствата што ги даваше Министерството за Здравство како и кризниот штаб, во релација со МВР успеавме за нашите курири да обезбедиме услови да безбедно ги извршуваат своите задачи, исто така и со обезбедување на соодветни дозволи за движење во рамки на полицискиот час бевме активни во текот на целиот работен ден, па дури и саботите и неделите, притоа не дозолувајќи нашите клиенти да почуствуваат било каков проблем при нарачка на клучните намирници, лекови и слично. Ние тврдиме дека со паметно планирање, донесување на мудри и рационални одлуки за операциите, може да се дојде до позитивен развој на работењето. COVID-19 за повеќето даватели на курирски услуги беше и добра шанса за закрепнување и позиционирање на пазарот на поштенски пратки. 

АЕТМ: Што е следно во погледот на оптимизација и унапредување на целокупниот процес на подигнување и достава на една пратка? Дали Falcon Logistics има план за воведување на новитети и иновативни решенија при вашите услуги во претстојниот период?

Бобан Трпевски: Нашето искуство кажува дека пратката која е квалитетно и прецизно најавена, ние квалитетно и прецизно ја завршуваме. Доколку испраќачот и примачот ги немаат дефинирано деталите за пратката и ние добиеме погрешни податоци, ако истите не ни даваат точна адреса, ако истата е во нелогично скратена форма, или пак не внимааваат во пишување на поштенските кодови, кај нас а верувам и кај останатите компании кои даваат услуги од ваков тип се појавуваат аномалии во квалитетот на достава. Со таа цел, а во услови кога немаме добри и квалитетени податоци од Катастар, ние многу време и средства трошиме додека ги детектираме вистинските адреси. Новитетот кај нас е што ние врз база на искуството учиме од терен, за секое име и презиме или име на компанија после успешно завршување на испораката, собираме ГПС податоци за локацијата каде е доставена пратката и специјално запослени експерти кај нас вршат дигитално тагирање на адресите на правните лица како и на физичките лица.

Ова овозможува секое наредно доставување да ние во нашата база ги провериме податоците и извршиме соодветно планирање на достава на пратките а по оптимизирана рута. Сметаме дека покрај заштеда на ресурси кај нас, допринесуваме за намалени гужви во сообраќајот, намалена емисија на штетни гасови и слично. ФЛК следејќи ги модерните трендови, со цел на квалитетна поддршка на своите корисници им обезбеди место-пазар (marketplace) за кој одлучивме да се вика АЛИ ДЕДО (www.alidedo.mk), истото претставува место каде сите наши корисници на услуги можат бесплатно да ги рекламираат своите продукти во рамки на поврзување на својата веб продавница на пазарот, со што купувачите кои ќе ја посетат оваа страна можат да купат од повеќе продавници и автоматизирано да направат нарачка за достава на продуктите до својата адреса. Со самата оваа операција сите наши клиенти имаат зголемена продажба, а нивните клиенти (потрошувачите) имаат заштеда со паметно купување и испорака на повеќе продукти во една испорака од повеќе продавачи.   

АЕТМ: За крај, колку често купувате онлајн и што е последната работа што ја купивте онлајн и какво беше вашето искуство? Што ќе им препорачате на оние кои сѐ уште (ако има такви) не го искусиле онлајн пазарувањето?

Бобан Трпевски: Јас лично отсекогаш сум бил поборник за примена на модерни технологии, лесно прифаќам новитети и ова ново време мене ми годи, бидејќи јас сум поборник за рационално трошење на слободното време. Лесно купувам, брзо донесувам одлука и со самото тоа сум комплетно компатибилен со онлајн трговијата. Во последнава година имам нарачано повеќе од 50 онлајн нарачки од странство и од домашните продавници. За жал искуствто во меѓународниот сообраќај е катастрофален и јас од EBAY, ALI EXPRESS, JUNO RECORDS, HTFR или WISH чекам за моите пратки повеќе од 90 дена, што мислам дека е катастрофално лошо. За домашните провајдери на поштенско-курирски услуги немам што посебно да кажам, знаат да бидат одлични, ама понекогаш и сосема спротивно на тоа.

На тие што не го искусиле онлајн пазарувањето им гарантирам дека тоа е иднината на пазарувањето и им препорачувам што побрзо да се адаптираат кон неа, така да полесно ќе го фатат чекорот со современите трендови, ќе се зголеми разноврсноста на продукти што ќе им бидат достапни за купување, а се разбира и дека се прават огромни заштеди во трошоците. Со паметно пазарење онлајн можеме да заштедиме и непотребни трошоци а за возврат можеме да добиеме повеќе продукти во рамки на промоциите кои ќе следат.

Поврзани содржини