[Интервју] Билјана Николовска, „Рептил“ : Луѓето почнуваат се повеќе да ја користат е-трговијата и да гo согледуваат бенефитот од истата.

Bо овој момент, важната улога на е-трговијата во секојдневието се истакнува повеќе од кога било, токму поради тоа што седењето дома е клучно за надминување на вирусот covid-19. Разговараме со Билјана Николовска од „Рептил“ околу активностите на маркетите и важноста на онлајн трговијата на маркетот во време на глобална пандемија.

 

АЕТМ: Се наоѓаме во период кога се што треба да направиме е да останеме дома за да помогнеме во справување со вирусот COVID-19. Со помош на е-трговијата, тоа не би требало да биде тешко бидејќи навистина се можеме да добиеме на врата.  Дали луѓето во ваква ситуација се повеќе ја користат е-трговијата?  Може ли да ни кажете колку е порастот во онлајн трговија во овој период кај вас споредбено со некој од претходните месеци?

Билјана Николовска: Во овој период кога навистина е важно да ги почитуваме мерките за зашита на личното здравје и здравјето на останатите , е-трговијата е едно од решенијата ,  кога без контакти можеме да ги задоволиме основните потреби за секојденвна егзистанција. Во овој период луѓето почнуваат се повеќе да ја користат е-трговијата и да гo согледуваат бенефитот од истата. Споредбата за бројот на нарачките овој период во однос на претходен , воопшто не е реална, бидејки самата состојба е вонредна , па исто така и нарачките кои се прават.

АЕТМ: На интернет се појавуваат слики како луѓето се соочуваат со празни полици во маркетите бидејќи дел од луѓето пазарат повеќе од нормално врз база на потребите со цел прибирање на залихи. Дали истото се случува и на оналјн пазарот, односно дали вие како онлајн супермаркет, се соочувате со обемни и невообичаени нарачки? Што мислите вие за оваа ситуација?

Билјана Николовска: Нарачките кои пристигнуваат во овој период , според содржината на истите  ,се однесуваат за потребни производи за неколку денови. Производи во маркетите има, нема празни полици со исклучок на производи кои се свежи и доаѓаат од увоз, па може да доцнат по некој ден.

 

АЕТМ: Може ли да ни кажете нешто повеќе околу доставата? Колку е временскиот период потребен за нарачката да стигне дома кај крајните корисници? Има ли посебна заштита во овој период?

Билјана Николовска: Доставата на нарачките во регуларно време е 2 часа од направена нарачки или за компании од  извршена уплата на истата. Во овој период на вонредно зголемени нарачки , ние ги употребуваме сите ресурси и вложуваме максимални напори , барањата на купувачите да бидат задоволени .Временски период за достава според сегашната состојба е ден, најмноу два од направена нарачка . Дистрибутерите кои ја доставуваат нарачката  носат заштитни маски, ракавици, заштитни кабаници и задолжително употребуваат гел и средство за дезинфекција. Генерално дистрибутерите немаат контакти со купувачите.

АЕТМ: За крај, што ќе им препорачате на вашите корисници. Дали на располагање има доволно храна или потребни се големи залихи? Кои се вашите совети за нив, а со цел рационално и безбедно пазарење?

Билјана Николовска: Нема потреба од панично купување, залихите на производите постојано се дополнуваат, па доволно е да се пазарат производи само за неколку денови или една недела со цел да можат да бидат задоволени потребите на сите купувачи подеднакво. Онлајн пазарењето е одична алтернатива на традиционалното пазарење поради тоа што може да се добие се што е потребно за домаќинството од комфорот на домот, без да се чека ред. На овој начин се намалува фрекфенцијата во маркетите и се зголемува можноста за заштита на јавното здравје.