Инсајдер ИД ги анализира навиките на потрошувачите за интернет купување во Македонија

(Гостински текст на Сергеј Зафироски, Генералниот Менаџер на агенцијата за истражување на пазари и консалтинг Инсајдер ИД).

Инсајдер ИД е еден од членовите на Асоцијацијата за е-трговија во Македонија. Како една од најдобрите агенции за истражување на пазари и консалтинг во Македонија, тимот на Инсајдер ИД е секогаш подготвен да пристапи кон решавање на сите проблеми и предизвици.

Електронската трговија во последната декада доживува екстремен подем во сподедба со класичните продавници во светот, каде потрошувачите се повеќе ги заменуваат класичните со е-продавници. Приближно и да не постои индустрија или стопанска гранка која не е засегната од е-тровијата, како што повеќе не постои компанија која најмалку има испланирано во стратегијата или пак веќе е e-commerce оспособена.

Компании како AliBaba, Amazon, Ebay, Asos и многу други, поставуваат нови стандаради за тоа како се прави бизнис и на кој начин ќе се движи трговијата во иднина. Со големиот подем на светските гиганти во е-трговијата, ниту Македонија не е заобиколена, како со трендот за купување на интернет така и со реално купување.

Како пример, широката потрошувачка доживеа огромни промени. Притисокот кој го имаат сите учесници вкучувајќи ги и самите потрошувачи се зголеми до невидени размери каде како за од 4.000 нови производи претставени во 2007 година, нивниот број се искачи до повеќе од 10.000. Сите компании се обидуваат да пронајдат нови дистрибутивни канали за да го компензираат намалувањето на профитот и маржите на производите. Компаниите едноставно се приморани да ги доближат производите до потрошувачите по поконкурентна цена и да го зголемат својот профит, а интернет каналот токму тоа и го овозможува.

Се почести се коментарите дека традиционалните физички маркети ќе бидат “непотребни” во следната деценија, но сепак реалноста е многу поразлична. Во извештајот на “TABS Analytics” и нивниот “Food and Beverage Report” јасно може да се забележи ниското и стагнатно 2% учество на интернет трансакциите во малопродажбата на прехрамбени производи. Според истото истражување помалку од 5% од возрасните потрошувачи прават помалку од 6 купувања во текот на една година, додека 78% од истите се потрошувачи во традииционалните маркети и 54% купуваат во Walmart. Од друга страна интернет пазарењето пораснало за 14% додека во традиционалните супермаркети за 2%. Според проценки од реномираната консултантска куќа McKinsey до 2025 приходите во интернет маркетите ќе изнесува 25% од вкупните приходи во производите за широка потрошувачка.

Македонија сеуште е во самите зачетоци на е-тровијата. Постојат сериозни “играчи” но сеуште и тие самите не се на нивото кое би требало да бидат и забележливо заостануваат зад западните концепти. Тоа се должи не само на непостоењето на е-продавници туку и самите потрошувачки навики кои ги има регионот во поглед на пазарење на интернет.

Сепак трендот јасно укажува дека помладите генерации ги менуваат вредностите и навиките, и во моментот постои сериозен потенцијал за е-трговијата и кај нас да доживее експанзија во следните неколку години.

Истражувањето се насочува токму на утврдување на потенцијалот за отварње на електронска продавница, причините за купување, односно некупување на интернет, под кои услови потрошувачите би ги промениле сопствените навики како и кои се факторите кои влијаат при купување. Со извештајот им се овозможува на компаниите да креираат сериозна стратегија за настап на Македонискиот пазар со информации директно добиени од самите потрошувачи со најголемо учество на лицата помеѓу 19 – 54 годишна возраст бидејќи истите се потрошувачкото ткиво на секое општество.

Извештајот содржи повеќе од 90 страни посветени на е-трговијата во Македонија во кои секоја компанија може да го пронајде сопствениот интерес и потенцијал за проширување во интернет каналот.