Новости од е-трговија

Царинската управа издаде бесплатни онлајн курсеви

[paragraph extra=””]Царинската управа издаде 14 онлајн курсеви кои треба да им помогнат на вработените во царината да се подготват за промените кои започнуваат 2019 година.

Царинската управа издаде 14 онлајн курсеви кои треба да им помогнат на вработените во царината да се подготват за промените кои започнуваат 2019 година.

Овие курсеви им се достапни за следење и на граѓаните. Курсевите се достапни како дел од програмата Царина 2020, и треба да помогнат во подготовка за либерализацијата и намалувањето на непотребната бирократија. Во соработка со Агенцијата за храна и ветерина ќе се намали период на чекање и ќе се забрза процесирањето на роба која влегува во Македонија.

Секако најголема предност на онлајн курсевите е што се широко достапни.Не е за занемарување и фактот што секој може да учи со сопствено темпо и во време во кое е најслободен.

Што се однесува да предавањата, тие направени се да наликуваат на разговор. Во разговорот учествуваат три асистенти и секој претставува различен дел од царината. Пример, Ана е помлад царински службеник, а Маргот е постар царински службеник. Во зависност од темите на корисникот му помагаат различни асистенти.

Покрај лекциите има и прашања кои ќе му помогнат на оној кој ја изучува темата да провери колку запомнил. Секако кој колку научил или запомнил ќе зависи повеќе од тоа колку некој се фокусирал на учењето отколку на медиумот на кој ја следат „наставата“. Какви ќе бидат резултатите од овие часови ќе дознаеме наскоро.

Линк до оргиналната објава: IT.mk

Поврзани содржини

Асоцијација за е-трговија на Македонија
Преглед на приватноста

Оваа веб -страница користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачиња се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање кога се враќате на нашата веб -страница и помагање на нашиот тим да разбере кои делови од веб -страницата ги сметате за најинтересни и корисни.