7 важни елементи за твојата Growth Marketing стратегија

Growth marketing е термин што можеби сте го слушнале многу почесто во последно време, особено во маркетинг. На прва изгледа како прилично основна идеја: маркетинг… кој помага да растете. Не звучи на научна фантастика, нели? 

Сепак, growth marketing (маркетинг за раст) подразбира малку повеќе комбинирани работи за разлика од традиционалниот маркетинг. Првото е како ажурирана верзија на второто. Постојат одредени аспекти за кои треба да бидете свесни за да бидете успешни.

Ова се седумте најважни елементи на секоја маркетинг стратегија за раст. Колку побрзо ги научите и примените, толку побрзо ќе ги увидите бенефитите од нив. 

Прво, што е Growth Marketing? 

Сè додека не стане јасен поимот Growth marketing, тешко е да се користи во стратегијата на вашиот бренд. Па, што е тоа?

Едноставно кажано, Growth marketing го става својот акцент на податоците и доказите. Овој тип на маркетинг бара од вас постојано да собирате и анализирате метрика.

Тој бара анализирање на copy, дизајн и user experience за да видите што функционира најдобро. Потоа соодветно се приспособувате според резултатите и повторно почнувате да анализирате. И процесот трае ad infinitum 🙂 

Но да одиме постепено. Еве неколку важни аспекти.

  1. Разликата помеѓу Growth & Traditional Marketing

Важна разлика помеѓу Growth marketing и традиционалниот маркетинг е фокусот. Вториот го става производот на прво место, обидувајќи се да ги донесе производите или услугите пред очите на луѓето кои се заинтересирани за нив. 

Growth marketing, од друга страна, повеќе се грижи за тие луѓе. Нивните проблеми, нивните стресови, нивните потреби. Со оваа стратегија се обидувате да креирате содржина што ќе стигне до нив каде што ќе ги задоволи нивните индивидуални потреби.

Во суштина, Growth marketing стратегијата скоро никогаш не е готова. Секогаш можете добро да ја прилагодите за да останете на врвот на трендовите и да видите подобри резултати. Меѓутоа, со воспоставена цврста основа, Growth marketing-от може постојано да расте, доколку и вашиот mindset е таков.

  1. Одлучете каде да го ставите вашиот фокус

Не можете да постигнете сè што сакате со една тактика или стратегија. Навистина посакуваме едно спомнување да донесе 100 нови потенцијални клиенти или еден блог да го конвертира секој клиент, но тоа не е така.

Размислете каде прво сакате да се фокусирате. Дали треба да ги концентрирате вашите напори на врвот на инката или на дното на инката? Ако се фокусирате на врвот, ќе видите повеќе сообраќај кон вашата веб-страница. Кој не сака повеќе сообраќај? Меѓутоа, ако го направите тоа, најверојатно ќе видите повеќе празен сообраќај, а не толку многу конверзии бидејќи сообраќајот е помалку квалификуван.

Ако се фокусирате на дното на инката за вашите маркетинг напори за раст, ќе видите некои различни резултати. Нема да видите толку големa раздвиженост во сообраќајот, но сообраќајот што го добивате треба да биде поквалификуван и со поголема веројатност да се конвертира. Тоа е затоа што сте фокусирани на луѓе кои го бараат тоа решение за нивниот проблем, а не општо образование.

Двата аспекти имаат свои придобивки, но кога ја дефинирате вашата маркетинг стратегија за раст, ќе сакате да откриете каде ќе биде вашиот фокус. Штом ќе исполните еден дел од него, можете да преминете на друг аспект.

  1. Поделете и освоете ја вашата стратегија за развој на пазарот

Добрата стратегија за раст на пазарот содржи повеќе подвижни делови отколку што едно лице би можело успешно да надгледува. Ова не е работа од четириесет часа неделно. Наместо тоа, тоа е начин на размислување што бара учество на делот од продажба, маркетинг, поддршка на клиентите и аналитика.

Во некои случаи, IT и C-Suite може да ви помогнат да постигнете одредени цели. Во најмала рака, ќе сакате да назначите некој да го надгледува создавањето содржина за да го зголеми кредибилитетот на брендот и некој друг да се фокусира на создавање на таа рангирана содржина за оптимизација. Заедно, ќе стигнете до посакуваната цел. 

  1. Редовно правете А/Б тестирање

Маркетинг стратегиите за раст на бизнисот во голема мера се потпираат на A/B тестирањето. Овој пристап понекогаш се нарекува тестирање со поделена содржина. Овој пристап нуди две опции за каков било маркетинг потфат. Примери за ова може да вклучуваат дизајн на целна страница или шема на бои на редизајн на веб-страна. Слично на тоа, можете да го тестирате форматот на email кампањата или текстот кој планирате да го ставите на вашата онлајн продавница.

Основната идеја е дека, со испраќање на една од двете различни верзии на потенцијалните клиенти, можете да видите која работи подобро. Потоа имате издржани податоци кои ве упатуваат во одредена насока. Ова ќе помогне во вашиот раст на content marketing во иднина … и ќе значи помалку претпоставки за вас.

  1. Бидете корисни

Дали знаевте дека повеќе од 77 проценти од потенцијалните клиенти нема ни да разговараат со продавач додека не го направат своето истражување? Затоа, од клучно значење е да се осигурате дека ќе го овозможите тоа истражување.

Growth marketing ви помага да го направите токму тоа. Со објавување на вредни содржини, вие им давате причина повеќе за да научат за вас. Бонус: истовремено го зајакнувате авторитетот и кредибилитетот на вашиот бренд.

Се разбира, тоа значи дека мора да се осигурате дека вашата содржина е секогаш ажурирана. Погрижете се таа да биде едукативна, корисна и фокусирана кон помагање на луѓето. Кога блогот на вашата компанија се смета за корисен, тој ќе направи чуда за авторитетот на вашиот бренд.

  1. Еднакво стекнување и задржување на вредност

Едно нешто што на луѓето често им недостасува за добра growth marketing стратегија е подеднаквата важност на стекнувањето и задржувањето на клиентите. Традиционалниот маркетинг е насочен кон тоа стекнување. Придобиете ги клиентите, а потоа предадете ги на продажба и the job is done.

Growth marketing препознава дека постоечките клиенти се дел од вашиот маркетинг во два аспекта. Прво, ако не ги одржувате среќни, тие ќе си заминат. Така, на некој начин, мора да им го задржите вниманието. Второ, ако ги одржувате среќни, тие ќе направат маркетинг за вас – вербален, од човек на човек.

Онаму каде што традиционалниот маркетинг може да се фокусира само на показателите за перформансите на рекламите, growth marketin-от секогаш ги ангажира постоечките клиенти. Тоа значи дека голем дел од вашата содржина треба да биде насочена кон нив

Тоа е точно. Треба да објавите содржина за луѓето кои веќе купиле од вас. Кога ќе се чувствуваат услужени, ќе ги држите околу подолго… или доживотно.

  1. Правете редовни проверки

Откако ќе ја одредите вашата стратегија и ќе ја имплементирате, не заборавајте да правите редовни проверки. Тоа значи да ја погледнете вашата аналитика барем еднаш месечно за да видите што работи, а што не.

Дали се рангирате за оние целни клучни зборови што ги сакате? Дали вашиот органски сообраќај се зголемува? Дали вашите конверзии се зголемија?

Ако одговорот на тие прашања не е „Да“, ќе сакате да тестирате и оптимизирате врз основа на она што го гледате. Можеби ќе треба само да го прилагодите вашиот фокус за да ги видите резултатите што ги сакате. Но, ако не проверувате редовно, никогаш нема да знаете дали вашите напори функционираат или не.

Започнете со маркетинг стратегија за вашиот раст

Создавањето нова маркетинг стратегија за раст може да биде тешка на почетокот. Меѓутоа, штом ќе го започнете процесот, ќе видите дека growth маркетингот е само уште еден дел од вашата маркетинг загатка што треба да се реши🙌