Новости од е-трговија

‘Е-трговијата е спас за физичките продавници’

Е-трговијата стана спас за многу физички трговци во Европа кои мораа да ги затворат вратите за време на задолжителното останување дома.

Со втор сет на мерки кои наложуваат задолжително останување дома кој погоди многу земји во Европа на крајот на 2020 година, Ecommerce Europe спроведе ново истражување за да го покаже влијанието на овие мерки и влијанието на пандемијата предизвикана од ковид-19 врз е-трговијата во Европа.

Фрагментација во врска со правилата за click-and-collect

Истражувањето било адресирано до асоцијациите за е-трговија низ цела Европа и на крајот одговорија 19 од нив. Едно од главните проблеми со кои се соочиле е фрагментацијата низ Европа во однос на класификацијата на продавници кои продаваат суштински производи и во врска со правилата за решенија за click-and-collect испораката. Ова довело до правна несигурност и за трговците и за потрошувачите.

Дали физичките продавници имале / сè уште имаат право да бидат отворени?

Да: Швајцарија, Шпанија, Финска, Норвешка, Португалија, Романија, Шведска
Да, но само ако продаваат суштински производи: Белгија, Бугарија, Чешка, Германија, Данска, Грција, Италија, Полска
Да, но само ако продаваат суштински производи и ги затворат деловите со несуштински производи: Австрија, Франција, Ирска
Не: Холандија

 

Позитивна перцепција за секторот за е-трговија

Скоро сите испитаници велат дека има позитивна јавнa, како и политичка перцепција за секторот за е-трговија. „Додека во некои земји имаше побуна за негативниот ефект на е-трговијата врз локалните физички продавници, резултатите од истражувањето покажуваат дека е-трговијата стана спас за многу традиционални бизниси (физички продавници) што морале да се затворат, дозволувајќи им да продолжат со своите активности за време на задолжителното седење дома (lockdowns) благодарение на интернетот “.

Некои сектори забележаа огромни падови во продажбата на е-трговија за време на задолжителното седење дома (lockdowns)

Според јавното мислење, се чини дека е-трговијата цвета поради задолжителното останување дома (lockdowns). Но, додека многу сектори забележаа зголемена продажба, има и огромен дел кој забележа намалување на продажбата на е-трговија. На пример, патувањето и продажбата на билети преку интернет забележаа намалување на приходите за 40 до 70%.

Испитаниците се надежни за иднината

Повеќето испитаници се надежни за иднината и сметаат дека ќе има постојан раст на е-трговијата во Европа, индустрија која станува се повеќе повеќебројна и ќе користи меѓу-канална содржинска стратегија за подобрување на корисничкото искуство и подобри односи со корисниците преку контактните места.

The impact of the closure of brick-and-mortar shops on online shops

Извор: Ecommerce News