Новости од е-трговија

Е-плаќање: Кои начини ќе се најпопуларни во Европа во 2022?

Popular payment methods in Europe in 2022

Начините на плаќање се интегрална компонента за успехот на бизнисите за е-трговија. Знаејќи кои начини на плаќање ги претпочитаат клиентите може да ја зголеми продажбата на онлајн продавниците. Genome, финансиска платформа со седиште во Литванија, направи листа на актуелните трендови и најпопуларните методи во Европа.

Индустријата за плаќања постојано напреднува, а поради КОВИД, бизнисите мораа да се приспособат и ги префрлат своите бизниси онлајн кога започнаа да владеат рестрикциите во 2020 година. Самата пандемија ги забрза новите трендови во е-плаќањето.

Начините на плаќање преку е-трговија се во пораст

Финансиските услуги стануваат се повеќе дигитални од ден на ден, овозможувајќи побрзи, поедноставни карактеристики за клиентите, како и зголемена конкурентност на ова поле. Во Европа, имплементацијата на директивата Payment Services Two (PSD2) значително придонесе за ова. Директивата го поттикна усвојувањето на алатките за онлајн банкарство и ја зајакна безбедноста на онлајн купувањето.

Тековни популарни начини на плаќање во Европа

Се очекува дека ќе се појават повеќе платежни услуги од трети страни откако PSD2 им овозможи на Услугите за иницирање плаќања (PIS) да ги поедностават е-трансакциите. Но, кои се моменталните најпопуларни начини на плаќање во Европа?

Обединето Кралство

Е-купувачите од ОК сè уште претпочитаат да користат дебитни и кредитни картички при плаќање онлајн. Ова е сосема нормално поради тоа што 69% од возрасните поседуваат кредитни картички. Е-трговците, исто така, ги фаворизираат картичките како начин на плаќање по избор: 99% од нив им нудат на клиентите да користат или Visa или Mastercard, а над 60% прифаќаат и American Express.

Клиентите од ОК највеќе користат дебитни и кредитни картички

Сепак, употребата на дигитални паричници од неодамна станува се повеќе популарна. Се предвидува дека дигиталните паричници ќе станат конкуренти на употребата на кредитни и дебитни картички на пазарот на начини на плаќање. Засега најчести опции се PayPal и Google Pay.

Германија

Овде преовладуваат фактурите, и нивната популарност се очекува само да се зголеми на 35% до 2023 година. Освен тоа, компаниите кои продаваат онлајн, исто така, често им нудат на клиентите да платат со Visa, Mastercard, cash in advance опција (66%), дигитални паричници, и услугата за плаќање Sofort (од Klarna).

Други вообичаени начини на плаќање онлајн ги вклучуваат локалните Giropay, Girocard и paydirekt, Apple Pay, Klarna, Splitit, PayPal и т.н.

Шпанија

Засега, дебитните и кредитните картички остануваат како главен избор на начин на плаќање за поголемиот дел од населението, иако дигиталните паричници се на второ место. Се очекува дека до 2023 популарноста на картичките ќе почне да се намалува, а ќе преовладуваат дигиталните паричници и банкарски трансфери. Меѓу значајните дигитални паричници се PayPal и Apple Pay, како и локални опции BBVA Wallet и CaixaBank Wallet.

Франција

Генерално, картичките доминираат на францускиот пазар за онлајн начини на плаќање. Клиентите често ја користат националната картичка Carte Bleue. Другите типови на картички се помалку популарни, но сепак постојат, како American Express и Visa. Дигиталните паричници не се толку вообичаени, главно се користат во мобилната трговија. Меѓу популарните опции се PayPal, Paylib, Lydia, Amazon Pay и т.н.

Италија

Анкетите даваат различни податоци за тоа која е најфаворизираната опција за е-плаќање. Кредитни/дебитни картички (Visa, Mastercard, локалната CartaSi) и дигиталните паричници (PayPal), се на врвот на листата.

Кредитните картички и дигиталните паричници се на врвот на преферирани начини за е-плаќање во Италија

Пред пандемијата, Италијанците често користеле готовина, но сега имаат подигитален пристап. Сепак, опцијата за плаќање во готово при испорака често се појавува кај дел од е-продавниците во земјата. Се предвидува дека банкарските трансфери ќе станат повообичаени за онлајн купување за 2 години.

Романија

Романија е една од земјите каде што пандемијата имала масовно влијание врз користењето готовина. Бројот на луѓе кои плаќаат во готово при достава е намален од 45% на 21%. Во меѓувреме, популарноста на бесконтактните картички достигнала 59%.

Плаќањето во готово при испорака останува популарно во Романија

Холандија

Повеќето клиенти го претпочитаат локалното решение за онлајн плаќање iDeal, кое се шири низ целата земја во последните неколку години. Дигиталните паричници и картички го заземаат второто место – Mastercard, Visa и PayPal се омилени меѓу е-купувачите. Холандија е многу разновидна кога станува збор за видот на начини на е-плаќање. Достапни се директни банкарски плаќања, фактури, опции за пост-плаќање (Klarna, AfterPay) и плаќање во готово при испорака.

Полска

Директните банкарски трансфери преку Przelewy24, BLIK, PayU се она што повеќе е-купувачи од Полска го избираат кога купуваат онлајн. Дебитните и кредитните картички (Mastercard, Visa) се понеповолни. Дигиталните паричници како Apple Pay, Google Pay, PayPal и локалниот YetiPay се малку поретки, но сепак распространети. Како и во случајот со Романија, плаќањето во готово при испорака останува една од опциите на кои луѓето имаат тенденција да ѝ се враќаат.

Шведска

Швеѓаните се отворени за повеќе начини на плаќање преку е-трговија како што се Klarna, фактури и картички (Visa, Mastercard, Eurocard). И генерално, онлајн купувањето е апсолутно вообичаено во земјата, некои од релевантните начини на плаќање се Trustly, Swish, Tink, Qliro, Neteller, Skrill, Klarna итн.

Финска

Овде податоците од анкетата покажуваат различни резултати. Најчесто се користат сите главни опции: банкарски трансфери, дигитални паричници и картички. Некои од главните начини на плаќање што се користат се Trustly, Klarna, Zimpler и MobilePay. Бројот на онлајн плаќања извршени преку банкарски трансфери се очекува да се зголеми до 2023 година, не без помош на локалниот Verkkopankki.

Што значи ова за индустријата за е-трговија?

Како што покажува сегашната статистика, кредитните и дебитните картички сè уште се број #1 меѓу начините на плаќање во повеќе европски земји. Но, она што е исто така јасно е дека има промена во пејзажот на начините на плаќање, поттикната од повеќе фактори. Демографските податоци за алтернативните начини на плаќање во Европа се зголемуваат и важно е онлајн продавачите да ги користат истите.

Ecommerce News