Новости од е-трговија

[E-commerce Industry Talks] Халкбанк – Патот кон дигитализацијата и развојот на е-трговијата во Македонија

Халкбанк е една од водечките институции во Македонија кога станува збор за дигитализација и модернизација на банкарските услуги. Од самиот почеток на присуството на македонскиот пазар во 2011 година, банката ја поддржуваше дигиталната трансформација на финансискиот сектор, воведувајќи услуги и технологии кои го олеснуваат користењето на дигиталните канали и ги стимулираат е-трговците да прифатат online плаќања.

Први чекори во дигитализацијата:

  • 2009 година: Прва банка со лиценца за процесирање Visa eCommerce трансакции.
  • 2012 година: Отворање на сопствен процесинг центар за Visa и Mastercard трансакции и печатење на картички во рамки на банката.
  • Воведени функционалности во АТМ мрежата и електронското банкарство, како префрлување средства, плаќање долгови и управување со финансиските средства без посета на филијала.

Иновации кои го менуваат пазарот:

  • 2013 година: Првата бесконтактна картичка на македонскиот пазар, со цел да се овозможи брзо и едноставно плаќање. Денес, бесконтактните трансакции се основа на модерните дигитални плаќања во земјата.
  • Развој на решенија како Card On File, Pay by Link, рати на ПОС терминал и бонус програма за online трговци со дури 3% cashback.
  • Интеграција на мобилни и носливи уреди како Garmin Pay и Fidesmo Pay, што овозможува плаќање преку часовници, прстени и привезоци.

Стимулирање на е-трговијата

Халкбанк се фокусира и на развој на е-трговијата преку партнерски пристап кон своите клиенти. Можностите за повторувачки трансакции и управување со плаќањата овозможуваат трговците полесно да ги прифатат online плаќањата, а бонус програмата ја поттикнува редовната употреба на картичките за е-трговија.

Денес, 73% од трансакциите во Халкбанк се преку дигитални канали, што е значително над просекот на пазарот од 67%. Ова го покажува влијанието на банката во промоцијата на дигиталните услуги и навиките на корисниците.

Дигитализацијата како дел од секојдневието

Банката континуирано ја проширува понудата на дигитални услуги, со цел целосно online отворање на сметки, пристап до електронско банкарство, онлајн депозити, кредитни и дебитни картички. Во исто време, се подготвува и интеграција на Apple Pay и Google Pay која во секој момент треба да е активна, како и мобилни POS решенија за плаќања при испорака, со што се овозможува алтернатива на cash on delivery.

„Клучот на успехот не се само технологиите, туку посветеноста на тимот и фокусот на потребите на клиентите“, вели Тина Петкоска, раководител на одделението за дигитално банкарство во Халкбанк.

Во интервјуто, читателите ќе можат да слушнат повеќе за конкретни решенија кои Халкбанк ги воведува за поддршка на е-трговците: мобилни POS терминали кои овозможуваат плаќања при достава и придонесуваат за намалување на сивата економија, тековната интеграција на Apple Pay, како и придобивките за е-трговците преку бонус програмата, која враќа дури 3% cashback при секое плаќање.

Погледнете го интервјуто со Тина Петкоска, дел од серијалот E-commerce Industry Talks, каде што детално се разгледува патот на банката, иновациите и бројките кои ја покажуваат трансформацијата на пазарот.

Поврзани содржини