Новости од е-трговија

[E-comConf Partner] Петар Ниновски: Најголемата грешка во 2025 не е да пробате нешто со AI и да згрешите, туку да не започнете воопшто

Brainster е AI партнер на овогодинешната 8-ма регионална конференција за е-трговија. Кои се вашите очекувања од ова партнерство и каква улога мислите дека ќе има вештачката интелигенција во е-трговијата во следниот период?

Очекувам да покажеме како AI веќе денес ја редефинира е-трговијата. Последниот потег на OpenAI, можноста корисник да купи директно во чатбот, е јасен сигнал дека целиот customer journey ќе се промени.

Наместо десет кликови, купувањето ќе се случува преку разговор, со препораки и персонализирано искуство. Во тој контекст, нашето партнерство со конференцијата е прилика да го покажеме тоа во пракса.

Е-трговците што ќе го прифатат ова ќе растат брзо, оние што ќе чекаат многу брзо ќе бидат згазени од AI-фокусираните стратегии на нивните компетитори.

Неодамна започнавте со програмата AIatWork, која нуди учење од светски ментори, практични вежби и пристап до ексклузивна заедница и job board. Како сте задоволни со интересот, првичните предавања и колку учесници беа дел од програмата во првиот месец?

AIatWork започна со строго ограничен капацитет: само 2000 професионалци и 80 компании.

Веќе имаме меѓу 6000 и 7000 луѓе на листа на чекање, кои сакаат да станат дел од програмата.

Сесиите со ментори од Google, Meta, LinkedIn и Microsoft беа преполни, енергијата прекрасна. А највредното нешто е заедницата што расте – професионалци кои секојдневно си споделуваат промптови, решенија и конкретни резултати. Многу се гордееме со заедницата и релацијата која ја градиме со нив. Гледаме и да им ја дадеме

Тоа е доказ дека пазарот е жеден за практична промена, а AIatWork е местото каде што таа промена се случува.

Што може да се очекува во следниот период од програмата – нови курсеви, менторства или други дополнителни активности? Какви се впечатоците на оние кои веќе се дел од AIatWork?

Би било залудно ние да ги извртуваме зборовите на нашата заедница, па затоа најдобро е тие сами да зборуваат. Еве скриншотови од нивниот директен фидбек – луѓе кои секојдневно користат AI во работата и гледаат резултати уште од првиот месец. Тоа е најголемата потврда дека AIatWork не е класична програма, туку екосистем каде што професионалците се чувствуваат дека не заостануваат зад трендовите.

Според вашето искуство со AIatWork и работењето со користењето на различни AI алатки, кои трендови во вештачката интелигенција и технологијата сметате дека најмногу ќе го обликуваат начинот на кој компаниите ќе функционираат и ќе растат во иднина?

Ги гледам три јасни трендови:

  • AI во секој оддел – нема повеќе посебни тимови, секој вработен ќе има свој AI copilot.
  • Хиперперсонализација – особено во е-трговија, каде секој купувач ќе гледа продавница направена само за него.
  • Автоматизација на одлуки – од stock management, до маркетинг кампањи и динамично ценирање. Компаниите што ќе научат да се потпрат на алгоритам, ќе скокаат побрзо.

AI ќе стане новото default ниво на продуктивност. Тоа не е далечна иднина – веќе почна да се случува.

Што следно можеме да очекуваме од Brainster – нови проекти или иновации кои ќе поттикнат примена на AI и практично знаење?

Само што ја воведовме новата опција нашата заедница да може да ги прегледува сите сесии 48 часа по завршувањето.

Но секако, тука не застануваме. На 3-ти ноември – баш ден пред почеток на E-Commerce конференцијата – ќе одржиме свој настан на кој ќе ги откриеме двата нови продукта што ги додаваме на AIatWork.

И верувајте, овие два продукта целосно ќе ја сменат играта за сите кои сакаат да станат AI Native професионалци, затоа што им ја даваме во раце целата моментална моќ на AI – на едно место, практично и достапно.

За крај, каква порака би испратиле до е-трговците и посетителите на E-commerce Conference?

Пораката ми е јасна: AI не е повеќе избор, туку услов за опстанок. Со AIatWork гледаме како компании за само неколку недели прават трансформација што инаку би траела со години. Со новиот тренд – купување директно во чатбот – целиот e-commerce flow ќе се смени. Најголемата грешка во 2025 не е да пробате нешто со AI и да згрешите, туку да не започнете воопшто.

Поврзани содржини