Први награди вo e-трговија

Доделени наградите за најуспешните македонски е-трговци за 2021

Први македонски награди вo e-трговија
Први македонски награди во е-трговија

 

Се одржаа првите награди за е-трговија. Кои македонски е-трговци беа избрани за најдобри?

Вчера, во Скопје Мериот Хотел се одржа свечена манифестација за доделување на првите македонски награди за е-трговија за 2021 година “Ecommerce Awards”, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Манифестацијата се одржа во присуство на членките на АЕТМ, поддржувачите и партнерите, жири комисијата и наградените е-трговци, а целиот настан изобилуваше со богата забавна програма составена од бројни домашни актери и уметници. 

– “Вечерва е посебна вечер за македонската е-трговија! Вечерва ќе го препознаме трудот, успешната работа, и напорите за успешно менаџирање на онлајн продажба на најдобирте во македонската е-трговија. Идејата за ‘Ecommerce Awards’ постои уште од кога постои Aсоцијација за е-трговија. Во првата анализа на е-трговијата во 2018 токму една од препораките беше организирање на избор за најдобрите. Наградувањето и препознавањето е секогаш мотив за уште подобра работа. Не само што се стремиме да ги наградиме најдобрите за добрата работа туку се стремиме и да ги поттикнеме останатите да го унапредат соето работење, и да ја подигнеме свеста за потенцијалот на е-трговијата.” – посочи Претседателката на АЕТМ, д-р Нина Ангеловска во своето поздравно обраќање. 

Инаку, натпреварот за првите награди за е-трговија “Ecommerce Awards” се организираше во неколку фази по внимателно дизајниран процес и методологија. Речиси 150 компании беа пријавени во 18 категории. Оние кои ги исполнуваа условите беа ставени на гласање од јавноста и во текот на јануари и февруари над 5.000 гласачи го дадоа својот глас за своите омилени е-трговци. По гласањето од јавноста се формираа ранг листите со финалисти во секоја категорија, за кои следуваше гласање од стручната жири комисијата која се состоеше од 11 членови. По обработката на гласовите од јавноста и стручната жири комисија согласно воспоставената методологија, при што гласовите од публика учествуваа со 40% во вкупниот ранг и 60% на жири комисијата, беа формирани финалните ранг листи кои ги одредија победниците. 

dodeleni-nagradite-za-najuspeshnite-makedonski-e-trgovci-za-2021-02.jpg
Првите македонски награди во е-трговија

На првиот избор за најдобри е-трговци во Македонија за 2021 година, домашните е-трговци се натпреваруваа во вкупно 18 категории, поделени во три секции: “Најдобри е-продавници по сектори”, “Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање” и “Шампиони во е-трговија”, каде се додели и главната награда „Е-трговец на годината”. 

Победниците се објавени утрово на страната на Ecommerce Awards https://ecommerceawards.mk/pobednici/, а во продолжение ја проследуваме листата со победниците.

Победници во секцијата “Најдобри е-продавници по сектори” се:

  • Маркетплејс платформа на годината – grouper.mk
  • Е-продавница за облека и обувки на годината  – fashiongroup.com.mk
  • Е-продавница за бела техника и електроника на годината – neptun.mk
  • Е-продавница за храна и пијалоци на годината – paket.mk
  • Е-продавница за туристички услуги на годината – grouper.mk
  • Е-продавница за модни додатоци, убавина и нега на годината – mytime.mk
  • Е-продавница за дом, мебел и градина на годината – smartliving.mk
  • E-продавница за бебешка и детска облека, опрема и играчки на годината – svetotnabibi.mk
  • Е-продавница од областа на услужни дејности на годината – kliknijadi.mk

Добитници на награди во секцијата “Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање” се:

  • Мобилна апликација за онлајн шопинг на годината – grouper.mk
  • Е-трговец со најдобра грижа за корисници – paket.mk (прво место)
  • Е-трговец со најдобра грижа за корисници – a1.mk (второ место)
  • Е-трговец со најдобра грижа за корисници – grouper.mk (трето место)
  • Е-трговец со најдобра достава на онлајн нарачки – paket.mk (прво место)
  • Е-трговец со најдобра достава на онлајн нарачки – kliknijadi.mk (второ место)
  • Е-трговец со најдобра достава на онлајн нарачки – domato.mk (трето место)
  • Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми – grouper.mk (прво место)
  • Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми – fashiongroup.com.mk (второ место)
  • Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми – neptun.mk (трето место)
  • Најдобра веб страна за плаќање на сметки – a1.mk
  • Владино решение во областа на онлајн услуги и плаќање на годината – Агенција за катастар на недвижности

Добитници на награди во секцијата Шампиони во е-трговија” се:

  • Најдобра новоотворена е-продавница – domato.mk (прво место)
  • Најдобра новоотворена е-продавница – peko.com.mk (второ место)
  • Најдобра новоотворена е-продавница – medicushelp.mk (трето место)
  • Најпопуларна е-продавница – zegin.com.mk (прво место)
  • Најпопуларна е-продавница – paket.mk (второ место)
  • Најпопуларна е-продавница – grouper.mk (трето место)
  • Е-трговец на годината за 2021 година – grouper.mk (прво место)
  • Е-трговец на годината за 2021 година – paket.mk (второ место)
  • Е-трговец на годината за 2021 година – fashiongroup.com.mk (трето место)

Категоријата “Најпопуларна е-продавница” беше единствената категоријата во која наградата беше доделена единствено врз основа на бројот на гласовите од публиката.  

dodeleni-nagradite-za-najuspeshnite-makedonski-e-trgovci-za-2021-03.jpg
Првите македонски награди во е-трговија

Првите македонски награди за е-трговија беа овозможени благодарение на поддршката од Mastercard како генерален партнер и Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Надворешна трговија во рамки на Германското друштво за интернационална соработка GIZ, по нарачка на Германската влада. Златен партнер на Ecommerce Awards беше Iute Credit Macedonia, додека Ramstore, Serafimov Group и NLB Banka беа сребрени партнери. А1 Macedonia беше комуникациски партнер на оваа иницијатива.

Наградите во е-трговија имаат за цел да ги препознаат и награди најдобрите, да придонесат за промоција на е-трговијата и подигнување на свеста за нејзиниот потенцијал, а од друга страна да придонесат и за зајакнување на конкурентноста и мотивирање на е-трговците за подобрување и унапредување на нивното работење.

Сите информации за натпреварот може да се погледнат на официјалната веб страница: https://ecommerceawards.mk