Новости од е-трговија

Дизајн што продава: водич за успешен дизајн на е-продавница

Дизајнот е комуникација. Тоа е разговор. Има моќ да ја освои публиката, да пренесе информации и да предизвика емоции – сето тоа директно влијае на донесувањето одлуки кај купувачите.

Добриот дизајн го подобрува квалитетот на разговорот. Особено со е-трговијата, на купувачот сакате да му ги дадете информациите што му се потребни за да се чувствува добро информиран и доволно самоуверен за да направи checkout токму на вашата е-продавница.

Добро дизајнираните веб-страници помагаат да се создаде привлечно корисничко искуство, кое го зајакнува идентитетот на вашиот бренд и ги поттикнува метриките за перформанси како што се продажбата и задржувањето на купувачите (retention rate).

Со таа цел, еве неколку совети за дизајн на е-продавница

Кои се елементите на одличен дизајн на веб-страница?
  1. Пристапност
  2. Палета на бои
  3. Слики и видеа
  4. Функционалност
  5. Навигација
  6. Типографија

Добриот веб дизајн честопати се сведува на интеракцијата на овие шест основни елементи:

1. Пристапност

Знаеме дека подобрата пристапност овозможува подобро целокупно корисничко искуство.

На пример, дизајн моментите како што се пренатрупаните страници и трепкачки анимации можат да предизвикаат прекумерна стимулација кај многу луѓе и честопати резултираат со визуелен напор и помало разбирање на содржината од страна на купувачите. Ставањето на когнитивната леснотија во прв план и другите принципи за веб-пристапност од самиот почеток ви помага да направите повеќе избори за дизајн што им овозможуваат на сите ваши купувачи непречено да се движат низ вашата страница.

Вклучувањето на алтернативен текст (alt text) на сликите на вашата веб-страница е нешто едноставно од кое што можете да започнете, а може да ви донесе многу резултати и од аспект на пристапност и од аспект на SEO. Google го користи алтернативниот текст за да ја разбере темата на сликата.

2. Палета на бои
Пример за палета на бои на Neuro

Бојата може да влијае на секој друг елемент од веб-дизајнот, бидејќи боите што ги избирате одредуваат што се издвојува, а што се избледува во позадина. Ова е особено важно за читливоста кога станува збор за текст.

Но, не мора нужно да го жртвувате брендирањето за читливост. На пример, палети на бои со висок контраст, како што е црниот текст на бела позадина, се почитливи. Но, можете да си играте со тој контраст со користење на белузлава и јаглен боја наместо чисто црно-бела комбинација.

Дури и во боја како белузлава, можете да го вклучите сопствениот брендинг; некои белузлави се повеќе на сиво-сината страна, а други се потопли, повеќе на кремастата страна. Боите што ги избирате треба да го надополнуваат вашиот бренд и да останат конзистентни низ целата ваша страница и другите точки на контакт со брендот.

3. Слики и видеа

Дури и ако палетата на бои на вашиот бренд е суптилна, секогаш можете да додадете моменти на боја преку фотографија, видео и други визуелни материјали. Вклучувањето на слики од вашиот бренд е одличен начин да додадете различни бои на вашата е-продавница, оживувајќи ја „персоната“ на вашиот бренд. Тоа е исто така нешто што можете да го менувате од сезона во сезона за да го промените изгледот на вашата страница.

Со паметна продукт фотографија можете да му помогнете многу на својот бренд за да го остави својот естетски „печат“ помеѓу купувачите со цел овозможување на кохезивно искуство.

Кога станува збор за lifestyle фото и видео, има многу повеќе простор за зајакнување на наративот на вашиот бренд. На пример, е-продавницата на дизајнерката на накит Жаки Аиш содржи видео и фотографии од амбасадорите на брендот и познатиот пар Адам Левин и Бехати Принслу.

Извор: Жаки Аиш

Истакнувањето на познати личности низ вашите фотографии може да биде одличен ‘social proof’ за влевање на доверба во вашиот бренд.

4. Функционалност

На крајот на денот, е-продавницата треба да ја исполни својата намена, без разлика дали станува збор за продажба на производи или обезбедување информации. Тоа значи дека функционалноста на вашата страница е подеднакво важна како и нејзиниот изглед. Со цел да го овозможите тоа, секогаш кога ќе додадете одреден елемент на вашиот веб-сајт, измерете како тој елемент влијае на брзината на страницата.

На пример, ако одлучите да вклучите видеа на вашата е-продавница, размислете за додавање резервна слика, што би значело дека ако нечија конекција е нестабилна и видеото се вчитува бавно, резервната слика веднаш ќе се појави наместо видеото.

Дополнително, покрај купување онлајн од десктоп, треба да се земе предвид дека мобилната трговија сочинува повеќе од половина од сите продажби на е-трговија, што значи дека вашиот веб-сајт е навистина важно да биде оптимизиран за употреба од смартфон.

5. Навигација

Целта на навигацијата е да се направи инка што ќе им овозможи на купувачите да го најдат она што им е потребно во што помалку кликови. За ова немате потреба да измислувате нешто ново, веќе постојат стандарди за интуитивна веб-сајт навигација.

На пример, можете да ги исполните очекувањата на корисниците со поставување на линковите за навигација од левата страна, логото во центарот и алатки како што се пребарување, регистрација на корисници и кошничка за купување во горниот десен агол.

6. Типографија

Добрата типографија ги води очите на читателот непречено низ текстот. На пример, поголемиот текст ги нагласува важните информации и го подобрува разбирањето со создавање визуелна хиерархија.

Вашите избори со овие елементи на дизајнот можат да го зајакнат и визуелниот идентитет на вашиот бренд. Во типографијата, фонтот е дизајнот, а фонтот е специфична имплементација на тој дизајн. На пример, Arial bold, Arial italic и Arial regular се различни фонтови во рамките на фонтот Arial. Кога го градите вашиот визуелен идентитет, помага да изберете еден до два дополнителни фонта за употреба низ целиот ваш брендинг.

На пример, Basic Commercial Light е одлична алтернатива на погенеричкиот обичен Arial или Helvetica, што го користат луксузните брендови на Shopify како The Row.

Извор: Shopify