ДИГИТАЛНИ ВЕШТИНИ ЗА РАСТ

Во периодот јуни-јули 2022 година се одржаа три обуки кои беа дел од едукативната програма „Дигитални вештини за раст на вашата компанија“ организирана од АЕТМ и ИМЕ која се оддржа во просториите на ИННОФЕИТ и беше наменета за компании кои се дел од ИТ, туризам и агро-секторот. Првата обука на тема „Дигитализација на процеси и алатки за менаџирање и одржување на е-продавница“ се одржа 09.06. со Дамјан Дано, долгогодишен екперт за дигитална трансформација кој ги запозна учесниците со основните процеси потребни за водење на е-продавница и како да се прават дневни, неделни, месечни и квартални проверки неопходни за беспрекорно функционирање на истата.
На 22.06. се одржа втората обука со Мартин Китановски, ко-основач на Grouper.mk ги деконструираше маркетингот и storytelling-от до најситни единици зборувајќи за зборот и поимот маркетинг и неговите фундаменти, даде објаснување за социјалните медиуми и начините на кои тие функционираат, зборуваше на тема: зошто Content is King и зошто storytelling-от ја има една од најважните, но некогаш и најважната улога во маркетингот. На присутните им пренесе како да направат план и стратегија за објавување на content, но и каков content треба да се објавува во даден момент. Колку се важни конзистентноста во работењето и креативноста при создавањето и комуникацијата со клиентите.
На 05.07. се одржа последната од трите обуки на темата „Алатки за е-трговија во дигитален маркетинг и рекламирање“ за која зборуваше Дарко Булдиоски, основач на NewMediaMK кој веќе 15 години е дел од дигиталниот, креативен свет. Дарко го пренесе своето знаење на повеќе од 30 присутни учесници на програмата кои будно ги пратеа и неговата, како и изминатите обуки и беа спремни за стекнување со нови знаења кои ќе можат веднаш да ги имплементираат кај своите бизниси. Темата на неговата обука ја објасни преку три различни сегменти: аналитика во ера на GDPR, e-mail newsletters и рекламирање на социјални медиуми.

На крајот од обуката ни се придружија гости – претставници од едни од најпознатите платформи за е-трговија во Македонија: paket.mk, mitra.mk, kliknijadi.mk, grouper.mk и paopao.mk со цел да споделат искуства и знаење со учесниците, како и да поразговараат за можни дополнителни соработки и пласман на нивните услуги/производи на некои од овие локални платформи за онлајн продажба.

По завршување на обуките беше направено мерење на резултатите преку онлајн анкета наменета за учесниците на програмата, да се добијат повратни информации за квалитетот и нивото на знаење стекнато во текот на програмата за учење.

Кратко видео од иницијативата

Погледнете го краткото видео како поминавме на едукативните сесии во рамки на иницијативата

Резултати од овој проект

Зголемени дигитални вештини на 22 учесници од 20 бизниси кои се дел од ИТ, туризам и агро-секторот и 5 студенти кои ќе им помогнат подобро да управуваат со нивната е-продавница и/или управувањето со нивните профили на социјалните медиуми.

“Agri E-commerce” е поддржан од Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ)