Новости од е-трговија

City Box отворање со многу изненадувања

Спорт М е компанија основана во 2004 година. Низ текот на овие 15 години развивме концепти на мултибренд продавници, Адидас шопови како и урбаната продавница City Box. City Box   е концепт продавница отворена за прв пат во 2017 година создадена за сите ентузијасти на патики.

Две години подоцна 06.03.(денес) во 18 часот во Рамсторе се отвoра долгоочекуваниот City Box,  место каде што ќе можете да ги најдете сите премиум модели на патики и текстил од брендови како аdidas, PUMA, Fila, nike, Vans,  како и дел од колекцијата на Stance.

Концептот на продавницата е сите обожаватели на atleasure, street style и фанови на патики да имаат место каде што  не само ќе може да купат производи од својот омилен бренд, туку да бидат дел од една заедница која што полека но сигурно ја развиваме.

Ентериерот е резултат од склоп на идеи на нашиот тим како и нашите клиенти.

Сите наши производи можете  да ги најдете на citybox.mk, каде што можете да разгледате дел од нашиот асортиман.

Нашите вработени се тука да го пренесат нивното знаење на нови но и на искусни ентузијасти на патики.

Ве очекуваме со музика и освежување.

Let’s kick it.

Поврзани содржини

Асоцијација за е-трговија на Македонија
Преглед на приватноста

Оваа веб -страница користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачиња се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање кога се враќате на нашата веб -страница и помагање на нашиот тим да разбере кои делови од веб -страницата ги сметате за најинтересни и корисни.