За подобра е-продавница: 4 маркетинг стратегии што треба да ги користите

Young woman with credit card shopping over laptop while sitting at home

Успешните бизниси за е-трговија веројатно знаат најмалку четири стратегии кои придонесуваат за успех. За бизнисите кои работат во таков конкурентен простор, ситуациите се променливи и нови кокуренти се појавуваат постојано. Па така, ова се четири стратегии со кои можете да се осигурате дека вашата е-продавница го достигнува својот целосен потенцијал:

  1. Инвестирајте во веб-дизајн

Првото нешто што треба да се земе предвид е дизајнот на вашата е-продавница. Дали таа е дизајнирана да стекне нови клиенти? Дали обезбедува непречено искуство за секого? Веб-дизајнот често е разликата помеѓу страница што ги прави е-купувачите да се чувствуваат добредојдени и страница што не го прави тоа.

Еве неколку елементи на добар веб дизајн:

• Позитивен прв впечаток (веб-сајтот е привлечен, брз, лесен за користење)

• Помага со SEO (search engine optimization)

• Гради доверба кај клиентите (вашите бои и фонт предизвикуваат чувство на удобност)

Еве два аспекти на веб дизајн кон кои треба да се насочите:

Навигација: Навигација е начинот на кој посетителите или клиентите пристапуваат до делови од вашиот веб-сајт. Дали вашите клиенти можат брзо да го најдат она што им треба со само неколку кликања? Атрактивното онлајн шопинг искуство дава добар прв впечаток и ја гради довербата кај клиентите, каде што клиентот веднаш се чувствува удобно во тој простор – нешто како кога ќе влезете во вашата омилена продавница и се чувствувате удобно и безбедно.

Како е-продавницата одговара на потребите на купувачот: Респонсивноста е клучна за создавање позитивно искуство на вашата е-продавница. Купувачите ќе пристапуваат до вашиот веб-сајт од мобилни телефони, лаптопи, таблети и десктоп компјутери. За да се обезбеди позитивно искуство за нив, важно е без разлика кој уред го користат тие, брзо да можат да пристапат до она што ги интересира.

Како одговорноста е директно поврзана со веб дизајнот? Елементите во веб-дизајнот влијаат на времето на вчитување на страницата, што влијае на целокупната респонсивност и впечатокот на вашите клиенти за вашата страница. Распоредот и поставеноста на овие елементи е исто така фактор што може да влијае на респонсивноста.

Размислете за тоа на овој начин: Што ако само корисниците на iPhone имаат добро искуство на вашата страница? Или, обратно, што ако само корисници на Android? Со разгледување на сите начини и средства за пристап со кои луѓето ќе дојдат до вашата страница, вие го сакате најдоброто искуство за секој клиент, без разлика од која платформа пристапува.

2. Подобрете го корисничкото искуство

Малите работи кои ја подобруваат услугата за клиенти на вашата е-продавница вклучуваат решавање на проблемот со напуштена кошничка и одржување добри односи со купувачите.

Напуштени кошнички: Напуштањето на кошничката е честа појава на сајтовите за е-трговија. Просечната стапка на напуштање на количката во сите индустрии е 68,8%. За да ги ставиме работите во перспектива, околу 7 од 10 колички се напуштени. Како може да се поправи ова или барем да се намали овој број?

• Олеснете го процесот на наплата нудејќи бројни опции за плаќање.

• Бидете транспарентни со даноците и другите трошоци. Лажното рекламирање со скриени давачки е вообичаена практика денес, но не правете го тоа. Ако клиентот наиде на скриени трошоци, тој често си заминува. Во моментот кога вашиот клиент ќе зачува производи во својата кошничка, тој треба веднаш да може да ги види трошоците како што е данокот, цената на испораката и другите трошоци.

Односи со клиенти: Клиентите сакаат да купуваат и комуницираат со бизнис на кој му веруваат. Сепак, одржувањето на добри односи со клиентите може да биде покомплицирано на е-продавниците во споредба со физичките продавници бидејќи не постои контакт лице-в-лице.

Еве неколку стратегии кои ќе помогнат во ова:

• Персонализирајте го искуството на купувачот

• Понудете промоции или продажби

• Вклучете лесен пристап до корисничка поддршка 24/7

3. Активирајте ги социјалните медиуми

Поврзете ја вашата страница за е-трговија со платформите за социјални медиуми како што се Facebook, Instagram, YouTube и Twitter. Ова се само неколку од најпопуларните канали за социјални медиуми кои можат експоненцијално да го прошират вашиот досег.

Еве некои од предностите на интегрирањето на социјалните медиуми со вашата е-продавница:

Се зголемува вашиот досег:  Во 2020 година имало над 3,6 милијарди луѓе кои ги користат овие канали. Со една објава на платформа за социјални медиуми, можете да допрете до поголема публика, особено со платените реклами кои таргетираат одредена група на купувачи.

Ја градите свеста за брендот: Платформите за социјални медиуми се ефективни алатки за зголемување на вашата видливост како бренд. Вашите маркетинг стратегии за каналите на социјалните медиуми може да ви помогнат да станете попрепознатливи и да ја подобрите продажбата.

4. Охрабрете ги купувачите да го искажат своето мислење за вашите услуги

Ангажирајте се! Кога создаваме страници за е-трговија и маркетинг стратегии за клиентите, имаме на ум целна публика. Но, не можеме целосно да подготвиме ефективен план ако не знаеме што тие бараат. Значи, за да ги подобрите вашите услуги за е-трговија, обидете се да добиете повратен фидбек од клиентите!

Ќе добиете информации за тоа како да ги подобрите вашите услуги и да поттикнете доверба кај вашите клиенти. Со тоа, на нив им велите: „Сакам да слушнам лично од вас“. Ова создава конекција – не само за нив со вас, туку за вас со нив. Прекрасно е чувството да се биде вклучен во тоа да им помагате на посетителите и клиентите и да го почуствувате тој однос. Оваа повратна информација ќе даде увид во тоа што мислат клиентите за вашите услуги. Она што тие го велат може да биде корисно во одредувањето на областите што треба да се подобрат.

Главни поенти

Одржувањето бизнис – а камоли е-продавница – на денешниот конкурентен пазар е тешко. Повторно, важно е да:

1. Имате добар веб дизајн (јасност, брзина, функционалност).

2. Одржувајте добри односи со клиентите (ажурно одговарајте на прашањата од купувачите)

3. Интегрирајте го вашиот бренд на платформите на социјалните медиуми

4. Охрабрете ги купувачите да го искажат своето мислење за вашите услуги. Ова помага да се зацврсти вашата врска.

Истражете ги овие поенти и испробајте ги. Гледајте како расте вашиот бизнис и вашата врска со вашите клиенти.

Извор: Forbes