Новости од е-трговија

Биди дел од #3 Learn-a-thon: “Customer Relationship Management”!

Зголемете го корисничкото задоволство и долготрајната лојалност кон вашата е-продавница! Tретиот од петте Learn-a-thons “Customer Relationship Management”  ќе се одржи на 13.10 и 14.10 со почеток од 09:00 до 13:00 часот (и двата денови). 

Обуката има за цел да ги подобри познавањата на учесниците од областа на „грижа со корисници” и да им помогне да стекнат вештини за грижа на постојни корисници, грижа кон лојални корисници и справување со конфликтни кориснички ситуации, со цел да ги унапредат сопствените бизнис резултати.

Учесниците на оваа обука во првиот ден ќе имаат можност да се запознаат со модерните концепти за грижа на корисници, процесите за грижа на корисници, како и детално ќе се запознаат со алатките за подобрување/следење на грижата за корисници. 

Во вториот ден преку практични примери од најискусните домашни е-трговци, учесниците ќе се запознаат со добри и лоши практики за „Грижа со корисници„ и како посветената грижа за своите корисници носи резултати за унапредување на бизнисите.

Обуката ќе се реализира како дел од иницијативата “Ecommerce4All”, која е со поддршка на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем. 

Предавачи на оваа обука ќе бидат: 

  1. Јулијана Заовска – Видиновски​ – Проектен Менаџер во Agile Pro Solutions
  2. Ива Трембелиева – Оперативен директор во Grouper.mk
  3. Фросина Трајковска – Лидер на тимот за веб-администрација и поддршка на клиенти во Grouper.mk
  4. Драган Јосифовски – Основач и извршен директор на Paket.mk.
  5. Маја Лозаноска – Оперативен директор на Paket.mk.

Можете да се пријавите на овој линк. 

*Бројот на места е ограничен.

*Пријавувањето на оваа обука важи до 11.10.2020

*Сите апликанти кои ќе бидат примени на оваа обука соодветно ќе бидат известени најдоцна до 12.10.2020

 

Поврзани содржини

Асоцијација за е-трговија на Македонија
Преглед на приватноста

Оваа веб -страница користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачиња се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање кога се враќате на нашата веб -страница и помагање на нашиот тим да разбере кои делови од веб -страницата ги сметате за најинтересни и корисни.