Банка од Wall Street вели дека навлегувањето на Facebook во е-трговија може да предизивка раст на нивниот годишен приход од 30 милијарди долари

Впуштањето на Facebook во e-трговијата би можело да предизвика огромни приходи од 30 милијарди долари годишно.

На 19.05, компанијата за social networking со седиште во Силиконската долина ги објави таканаречените Facebook продавници – нова алатка која им овозможува на бизнисите да создаваат виртуелни продавници и да наведат производи за продажба на Facebook и Instagram. Ова е најамбициозниот потег за е-трговија на компанијата се впушта во конкуренција со други платформи за купување преку интернет, кои поддржуваат “third party” продавачи, како Amazon, eBay и Etsy.

Аналитичарите во инвестициската банка Дојче Банк објавија истражување за своите клиенти во кое тие предвидуваат дека Facebook продавниците може да остварат дополнителен приход од 30 милијарди американски долари годишно за компанијата во комбинација со дополнително рекламирање и такси.

Проценката ја разјаснува големината на можноста за Facebook: Доколку се оствари предвидената претпоставка, тоа би можело да ги зголеми годишните приходи на компанијата за скоро 50%. Facebook оствари приход од 17,7 милијарди долари во првиот квартал на 2020 година и 70,7 милијарди долари во текот на целата 2019 година.

Проценката исто така илустрира како, дури и како компанија вредна 654 милијарди  долари, постојано изнаоѓа извонредни можности за Facebook да расте и да стане уште повеќе доминантен.

Во април 2019 година кога Instagram ја претстави опцијата за наплата, истите аналитичари од Дојче Банк предвидоа дека е-трговијата на Instagram може да генерира до 10 милијарди долари приход за компанијата до 2021. Тие пристигнаа до 30 милијарди долари со тоа што ја проширија таа бројка, со оглед на поголемата публика на Facebook.

“Ние сметаме дека Facebook продавниците можат да успеат да достигнат до можност за приход од 30 милијарди долари преку комбинација на приходи од регуларни трансакции и рекламирање” тие напишаа во своето истражување. “Facebook продавниците се унапредуваат од елементите на Instagram Checkout со цел да им понудат на трговците повеќе брендирано искуство на платформа со поширок опфат.”

Основното рекламирање на Facebook веројатно ќе има корист од ова, заедно со такси од трансакциите.

“Компанијата исто така има придобивки од повисоките цени за рекламирање што веројатно ќе следи со зголемувањето на стапките на конверзија од е-трговијата, како и од повеќе комерцијална активност на платформата. Facebook има 140 милиони бизниси на својата платформа, но само 8 милиони од нив се рекламираат, и мислиме дека дозволувањето за уредно објавување на производите може да помогне при конвертирање на повеќе бизниси кон активно рекламирање, и зголемување на трошењето на постоечките бизниси кои се рекламираат. Подолгорочно, гледаме дека стапките се зголемуваат откако компанијата достигна повеќе критична маса, повеќе волумен и ја унапреди шансата за е-трговија.”, велат тие.

Facebook ги престави Facebook продавниците (и голем број други алатки за е-трговија) во услови на досега невидена економска криза предизвикана од пандемијата. Компанијата ги лансираше овие продавници како начин да им помогне на малите бизниси – но исто така има и огромна корист за самиот Facebook.

Ова може да и овозможи на компанијата да го предводи новиот огромен бран на онлајн купување кој го создаваат луѓето кои не можат да ги напуштат своите домови, а воедно и ќе помогне да го диверзифицира својот бизнис настрана од огромното потпирање на рекламирање, сектор кој може да биде уникатно ранлив во економските падови.

Facebook претстави голем број нови функции и иницијативи како одговор на коронавирусот, искористувајќи ја кризата како можност за извинување по години со скандали и кризи. Додаде групни разговори наречени Rooms за да им овозможи на корисниците кои се во самоизолација да разговараат преку видео повик, и промовираат доверливи информации за пандемијата преку нов информативен центар за Коронавирус. Исто така, доделуваат грантови од 100 милиони долари за поддршка на погодените мали бизниси. 

На 18.05, Facebook ги објави резултатите од истражување кое покажува дека една третина од сите мали бизниси во САД престанале да работат поради covid-19.

Извор: Business Insider