fbpx
+389 78 58 44 48
info@ecommerce.mk

Новости

Анкетата на Ecommerce Europe за влијанието на covid-19 врз е-трговијата покажува први знаци на подобрување

На крајот на март, кога Ecommerce Europe го објави својот прв извештај за влијанието на појавата на covid-19 врз е-трговијата низ различни земји во ЕУ, повеќето од нив ги доживуваа своите најстроги мерки за заштита од глобалната пандемија. Според нивното ново истражување, се чини дека европските економии полека се обидуваат да излезат од кризата, при што 95% од испитаниците велат дека нивните земји започнале со стратегија за излез.

Повеќето земји полека ги олеснуваат мерките и овозможуваат повеќе „физички“ комерцијални активности, при што се отвораат различни типови продавници. Во следните недели, иако претежно сè уште со ограничувања, низ цела Европа ќе се отворат ресторани и барови, професиите базирани на контакт ќе ги започнат своите активности, а училиштата повторно ќе ги пречекаат децата.

„Секторот за е-трговија е важен фактор во текот на кризата во последните месеци. Им помага на луѓето во земји со дури и најстрогите мерки за да добијат пристап до било какви производи. Во наредниот период, може да се очекува потрошувачите да започнат да купуваат повеќе од физички продавници, со што ќе се намали притисокот врз секторот за е-трговија. Податоците покажуваат дека, додека во март само на 27% од физичките продавници им било дозволено да отворат, во моментов 67% од испитаниците укажуваат дека физичките продавници повторно се отворени “, изјави Марлен тен Хем, генерален секретар на Ecommerce Europe.

И покрај силната побарувачка во секторот на е-трговијата овие последни месеци, истражувањето покажува нијансирана слика за влијанието на covid-19 врз индустријата. Додека многу сектори генерално бележат зголемена продажба, постои и значаен сегмент што веќе доживува / очекува намалување на продажбата, при што некои сектори дури се справуваат со целосен недостиг на продажба. На пример, модната индустрија бележи значителен пад на продажбата, а побарувачката во индустријата за патувања и настани е спуштена на најниско ниво.

Покрај тоа, дури и секторите кои бележат извонредно ниво на побарувачка, се доведени и до поголеми трошоци како резултат на нарушувања при снабдувањето, потреба од дополнителен персонал и зголемени мерки за безбедност. Во споредба со март, новото истражување покажува дека секторот за е-трговија, исто така, оствари мало закрепнување во последните месеци, бидејќи помалку испитаници во моментов очекуваат намалување на продажбата (73% наспроти 39% во март).

Последица од светското ширење на covid-19 е тоа што компаниите доживуваат потешкотии со ланецот на снабдување. Во март, 60% од испитаниците идентификувале проблем со ланезот на снабдување и повеќето од останатите очекуваат тоа да се случи наскоро. Бројките од мај покажуваат дека навистина повеќе земји во моментот доживуваат проблеми со ланецот на снабдување (78%). Додека во март, деловните субјекти можеа да работат врз основа на резерви, во моментов бизнисите доживуваат недостаток на одредени производи.

Овие недостатоци главно се должат на затворено или ограничено производство на производи, подолги периоди на испорака и диспропорционална побарувачка за некои производи. Низ цела Европа, притисокот врз операторите за испорака на пошта и парцели се намали од март, бидејќи тие започнаа да ги прилагодуваат своите активности на зголемената побарувачка.

Целосниот извештај од анкетата можете да го прочитате тука.

Извор: Ecommerce Europe

Post a comment