Новости од е-трговија

[E-commerce Industry Talks] Ananas.mk – Приказна за брз раст, доверба и нови стандарди во македонската е-трговија

Кога пред нешто повеќе од две години маркетплејс платформата Ananas.mk влезе на македонскиот пазар, прашањето кое сите го поставуваа беше: дали и колку е подготвена една нова платформа да изгради доверба кај потрошувачите и партнерите во толку краток рок?

Од денешна перспектива, одговорот е повеќе од јасен. Ananas.mk не само што ја доби довербата, туку стана и симбол на нова перспектива за е-трговијата во Македонија, поставувајќи лидерски стандарди во индустријата.

Во изминатиов период, платформата успеа да го привлече вниманието на јавноста, да вклучи стотици продавачи и илјадници купувачи, и да оствари резултати кои зборуваат сами за себе.

Визија поддржана со акција

Зад успехот на Ananas.mk стои сериозна визија – визија за дигитална трансформација на трговијата, базирана на доверба, технологија и стабилни партнерства. Како дел од Delta Holding, платформата влезе на македонскиот пазар со цел да понуди повеќе од класично онлајн купување. Наместо тоа, се постави како комплетен екосистем каде што продавачите можат да го прошират својот бизнис, а купувачите да добијат сигурно, брзо и квалитетно искуство.

Во 2024 година, Ananas.mk оствари промет од над 5 милиони евра, со повеќе од 100.000 регистрирани корисници (400.000 посетители), 600+ активни продавници и преку 200.000 производи достапни за онлајн купување.

Оваа бројка не е само статистика – таа е доказ дека македонскиот потрошувач е подготвен за напредни дигитални решенија, но и дека внимателно планирана инвестиција во е-трговијата носи резултати – и тоа многу брзо.

Не е сè совршено – но се работи посветено

Иако резултатите се импресивни, Ananas.mk е свесен дека предизвици постојат – особено во делот на испораката и логистиката, што останува една од најчувствителните точки во целокупното корисничко искуство. Одложени испораки, доцнење на пакети и логистички бариери се дел од реалноста која не може да се игнорира.

Тимот на Ananas активно работи на подобрување на овој сегмент, вложувајќи во оптимизација на процесите, подобра координација со доставувачите и развој на решенија кои ќе овозможат побрза, потранспарентна и поефикасна испорака.

Токму оваа отвореност и признание дека има простор за унапредување, дополнително ја зајакнува довербата – бидејќи корисниците знаат дека гласот им се слуша, а платформата расте заедно со нивните очекувања.

Платформа за раст – и за бизнисите

Целта на Ananas.mk не е само да биде прв избор на купувачите. Целта е да стане партнер на секој бизнис во Македонија кој сака да го зголеми својот продажен потенцијал – онлајн. Платформата им овозможува на компаниите пристап до инфраструктура, техничка или корисничка поддршка, логистика, маркетинг алатки и нова публика – сето тоа без потреба од големо техничко предзнаење или огромни иницијални инвестиции.

Со лесен процес на започнување со онлајн продажби (онбординг), аналитика за следење на резултатите, промотивна поддршка и продажен канал кој расте со секој ден, Ananas.mk претставува реална можност за сите локални брендови, производители и дистрибутери да бидат дел од еден поголем еко-систем.Подетално за сите овие работи разговаравме со Денис Ампов – Country Manager на Ananas.mk. Како изгледа одвнатре изградбата на најбрзо растечкиот маркетплејс во Македонија, кои беа предизвиците на патот, што научија од корисниците и што следува понатаму.

Поврзани содржини