Новости од е-трговија

AETM ве носи на Biznis Price конференција – 02 и 03 април

АЕТМ оваа година е партнер на една од најголемите бизнис конференции во регионот каде повеќе од 3.000 претприемачи во текот на два дена ќе имаат можност да разменуваат искуства, знаења и контакти со целиот регион.

Еден од најзначајните деловни настани во регионот, Biznis Price конференцијата, ќе се одржи на 2 и 3 април во хотелот Zepter во Врњачка Бања. Овој дводневен настан ќе ги собере претприемачите, бизнис лидерите, сопствениците на компании, менаџерите и професионалците од различни индустрии, со цел размена на знаење, искуства и создавање конкретни деловни можности.

Biznis Price конференцијата е природно продолжение на истоимениот подкаст, основан од Владимир Станковиќ, кој со текот на годините прерасна во синоним за искрени, реални и инспиративни разговори за бизнисот, парите, грешките, успесите и личниот развој. Токму овој автентичен пристап се пренесува и на конференцијата, со фокус на луѓе кои зад себе имаат конкретни резултати и реално искуство од пракса.

Меѓу досега потврдените говорници се: Митко Муриќ, основач на глобално познатиот ресторански бренд Nusr-Et, д-р Николаос Димитриадис, еден од водечките светски експерти за brain-based leadership и невромаркетинг, Миша Лукиќ, основач и директор на агенцијата Brand Sapiens од Дубаи, Тања Татомировиќ, глобална лидерка во областа на комуникации и партнер во HyperFacade, Недим Шабиќ, основач и CEO на Bigburg GmbH, Иван Гавански, финансиски експерт и коосновач на ACP Investment Partners, како и бројни други говорници чии имиња дополнително ќе бидат објавени.

Покрај предавањата, годинава посебен акцент е ставен на практичните работилници, преку кои учесниците ќе добијат конкретни алатки и применливи знаења од областа на маркетингот, финансиите, инвестирањето, личниот развој и вештачката интелигенција.

Важен сегмент на конференцијата е и вмрежувањето на учесниците. За таа цел е развиена мобилната Biznis Priče апликација, која овозможува полесно и поефикасно поврзување, преглед на профили на други учесници, директна комуникација и закажување состаноци уште пред самиот почеток на настанот. Сите учесници добиваат пристап до апликацијата еден месец пред конференцијата, со што networking-от станува стратешки, таргетиран и насочен кон реални деловни соработки.

Во продажба се standard и VIP карти, а сите дополнителни информации за програмата, говорниците, концертите и билетите се достапни на официјалната веб-страница на Biznis Price конференцијата. За членовите на АЕТМ е обезбедена специјална цена на билети.

Покрај богатата едукативна програма, конференцијата носи и силен забавен сегмент. Во текот на двата дена ќе се одржат два концерти, ексклузивно за учесниците на конференцијата, кои придонесуваат за поопуштена атмосфера и дополнително поврзување надвор од формалниот дел. На еден од концертите ќе настапи и една од најпознатите регионални музички ѕвезди – Наташа Беквалац.

Организатор на конференцијата е BIT Events, агенција специјализирана за организација на настани со високопродукциски стандарди и врвно искуство за учесниците и партнерите.

Biznis Price конференцијата 2026 не е само место за слушање предавања – таа претставува платформа за луѓе кои размислуваат долгорочно, носат подобри деловни одлуки и градат силни контакти кои имаат вредност и по завршувањето на настанот.

Погледнете како помина Biznis Price конференцијата минатата година.

Поврзани содржини