Новости од е-трговија

АЕТМ објавува повик за набавка на услуги за изработка на веб платформа

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ Скопје како дел од проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“ финансиран од  УСАИД, а спроведуван од Консалтинг за стратешки развој објавува повик за набавка на услуги – изработка на веб платформа.

Проектот, со наслов “Градење на подобра заедница за е-трговија во РСМ” – грант во рамките на проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“, чиј имплементатор е Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ, вклучува развој и изработка на сеопфатна централизирана онлајн платформа која ќе се состои од регистар на сите е-продавачи во Република С. Македонија, информации и апликација за здобивање на беџ за верификуван е-трговец, вклучително и листа со профили на е-трговците кои се здобиле со ваков беџ, како и регистар на членови на АЕТМ. Во веб платформата ќе има вклучено и контакт форма за пријавување на поплаки од верификувани е-трговци, која ќе води до релеватните институции за овој дел.

ЦЕЛИ НА ПЛАТФОРМАТА

Платформата ќе им служи на е-продавачите и на е-купувачите: е-продавачите ќе можат да аплицираат и да платат онлајн за да бидат верифицирани и да добијат Беџ за верификуван е-трговец и да добиваат дополнителни услуги на автоматизиран начин од АЕТМ меѓу кои и аплицирање и уплаќање за членство; е-купувачите ќе можат да ги проверат регистрираните и вефификуваните е-трговци, да дознаат за придобивките од онлајн купувањето од верификуваните е-трговци, да пријават поплаки од верификуваните и/или регистрираните е-продавачи брзо, едноставно и лесно до соодветните институции. Развојот на платформата ќе биде проследен со организација на настан за промоција на веб платформата и со континуирана промоција. АЕТМ, исто така, ќе организира едукативен настан за верифкувани е-трговци кој ќе биде достапен само за оние кои го добиле беџот, обезбедувајќи им на е-трговците дополнителни информации, неформално образование и можности да ги подобрат своите бизниси во е-трговија.

Развојот на оваа веб-платформа има за цел да придонесе кон намалување на сивата економија во е-трговијата во Македонија, како и да придонесе за подобрување на ефикасноста и унапредување на работењето на АЕТМ.  Дополнително оваа веб платформа има за цел да овозможи:

  • Е-купувачите да можат лесно да направат разлика помеѓу регистрираните и нерегистрираните е-продавачи на веб платформата со помош на регистарот за е-трговци и листата на верификувани е-трговци
  • Е-трговците дополнително да ја зголемат довербата од потрошувачите во своите е- продавници со добивање на беџ за верификуван е-трговец
  • АЕТМ да направи чекор напред во интерните процеси и да ја унапреди својата работа и услугите кои ги нуди на членови, меѓу кои и автоматизација на апликациите и фактурите за членство и дигитализација на останатите процеси поврзани со беџот за верификуван е-трговец, со што ќе се зголемат капацитетите на Асоцијацијата.
  • Да се промовираат едукативни и информативни содржини за е-продавачите, е-купувачите и јавноста.

 

Деталниот повик за набавка на услуги за изработка на веб платформата е достапен на овој линк.

Техничката спецификација кој е составен дел од овој јавен повик е достапен на овој линк.