АЕТМ и UNCTAD го организираат вториот регионален eTrade for Women Masterclass

По првиот успешен регионален Masterclass во 2019 година, претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска која воедно е и жена-амбасадор за е-трговија на UNCTAD, заедно со Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и UNCTAD го организира вториот регионален Masterclass за е-трговија за жени од Балканот кој ќе се одржи на 30 јуни и 1 јули 2021, овој пат во виртуелен формат.

Овој регионален Masterclass на едно место ќе собере жени кои се дигитални претприемачи и управуваат со дигиталната економија на Балканот (Северна Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Бугарија) и ќе им овозможи да се запознаат со други жени претприемачи од регионот, како и да се стекнат со нови знаења и вештини.

Регионалниот Masterclass е дел од серијата “eTrade for Women Masterclasses”, организирана низ целиот свет во соработка со жените амбасадорки за е-трговија на UNCTAD со цел да им се помогне на жените претприемачи во земјите во развој и економиите во транзиција да ги изградат знаењата и вештините што им се потребни за да успеат во дигитална економија.

Доколку вие сте, или пак познавате жена претприемач од Балканот која е основач / ко-основач на бизнис кој управува со помош на нови технологии и дигитални алатки и сака да направи разлика и да влијае на екосистемот, аплицирајте на следниот линк: https://bit.ly/3clF5Dw

Дознајте повеќе за регионалниот Masterclass на следниот линк: https://etradeforall.org/masterclass/balkans-2021/