Среќни сме што можеме да објавиме дека извонредните компании кои беа избрани на јавниот повик: „Е-трговија: Супермоќ за локалните бизниси“ неодамна ги отворија своите први е-продавници на локалните маркетплејси. Нивната одлука да се впуштат во овој дигитален потфат ја покажува нивната решителност и претприемачки дух.
Погледни повеќе како се одвиваше јавниот повик „Е-трговија: Супермоќ за локалните бизниси“ по фази и кои се новоотворените е-продавници.
ФАЗА 1
Прибирање на апликации за учество во јавниот повик
Од 17.02.2023 до 15.03.2023
Асоцијацијата за е-трговија на Македонија во соработка со компанијата Visa го објави јавниот повик „Е-трговија: Супермоќ за локалните бизниси” со кој сите микро, мали и средни компании имаа можност да аплицираат за бесплатно да отворат своја е-продавница во рамки на постоечки маркетплејс платформи. Вкупно 102 компании ги поднесоја своите апликации во оваа фаза од јавниот повик
Едукативен
нетворкинг
настан со АЕТМ
и компанијата Visa
Netaville
28.02.2023
На едукативниот нетворкинг настан дознавме интересни податоци за дигиталните трендови во Македонија од истражувањето на компанијата Visa, а пред присутните го презентиравме и јавниот повик со кој заедно со Visa дадовме next-steps во аплицирањето и фазите на јавниот повик за отворање на 15 нови е-продавници.
ФАЗА 2
Избор на добитници на поддршка
Комисија составена од експерти во областа на е-трговијата ги разгледаа апликациите и по однапред утврдените критериуми наведени во јавниот повик ги одбраа учесниците кои ја следеа програмата за отворање на нова е-продавница и за зајакнување на дигиталните вештини за е-трговија и дигитален маркетинг.
ФАЗА 3
Едукативен семинар
Сѐ за е-трговија
Презентации на
Маркетплејс платформи
Доделување на
Сертификати
ФАЗА 4
Отворање на е-продавници
Избраните компании направија монументална транзиција во дигиталната ера и онлајн продажбата. Ова е едно ниво понапред во нивното работење и им овозможува да ја зголемат продажбата на своите производи и да ги претстават истите на поширока публика, како преку маркетингот кои ќе го водат локалните маркетплејси, така и преку имплементацијата на знаењето за е-трговија и маркетинг кои го добија за време на семинарот.