На крајот од обуката ни се придружија гости – претставници од едни од најпознатите платформи за е-трговија во Македонија: paket.mk, mitra.mk, kliknijadi.mk, grouper.mk и paopao.mk со цел да споделат искуства и знаење со учесниците, како и да поразговараат за можни дополнителни соработки и пласман на нивните услуги/производи на некои од овие локални платформи за онлајн продажба.
По завршување на обуките беше направено мерење на резултатите преку онлајн анкета наменета за учесниците на програмата, да се добијат повратни информации за квалитетот и нивото на знаење стекнато во текот на програмата за учење.
Зголемени дигитални вештини на 22 учесници од 20 бизниси кои се дел од ИТ, туризам и агро-секторот и 5 студенти кои ќе им помогнат подобро да управуваат со нивната е-продавница и/или управувањето со нивните профили на социјалните медиуми.
“Agri E-commerce” е поддржан од Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ)
