93% од е-продавниците во Италија нудат PayPal, а само 1% во Србија

Плаќањето преку Интернет со PayPal е добро познато во Европа, но користењето на PayPal во онлајн продавниците варира помеѓу земјите. Во Италија, 93% од онлајн продавниците нудат PayPal како начин на плаќање. Од друга страна, PayPal се нуди само во 1% од српските онлајн продавници.

Начинот на плаќање со PayPal кој поттекнува од САД стана добро позната опција за плаќање во Европа. Минатата година, овој начин бил најпопуларен за плаќање во Германија и ОК. Според глобалното истражување за потрошувачите на Statista, PayPal се употребува кај повеќе од 90% кај корисниците на услуги за плаќање преку Интернет во ОК, Франција и Германија.

PayPal во споредба со другите методи за плаќање

Кога се споредува PayPal со други начини на плаќање, тој е многу популарен. Само во 12 од 43 земји анализирани од e-commerceDB, начинот на плаќање имал едноцифрена стапка на користење. AmazonPay, на пример, достигнува двоцифрена стапка на користење само во две од анализираните земји.

Италијанските продавници го преземаат водството

Неодамнешното истражување на ecommerceDB ги анализирало страните на продавачите за да открие во кои земји онлајн продавниците го нудат PayPal како начин на плаќање. Истражувањето ги зема предвид топ 100 онлајн продавници во 43 различни земји. Италијанските онлајн продавници го преземаат водството во користењето на PayPal, при што најмалку 93% од нив го нудат.

paypal research

Во 88% од германските онлајн продавници, PayPal се нуди како начин на плаќање. Следни во редот се Шпанија и Австрија каде 86% од онлајн продавниците нудат PayPal. Земјата со најмал процент на онлајн продавници кои нудат PayPal е Србија, каде што само 1% од српските топ 100 продавници користат PayPal.

Повеќето западноевропски земји се рангирани релативно високо.

Се истражувале и земјите надвор од Европа. Австралија исто така постигнала високи резултати, со 92% од продавниците кои користат PayPal. Според e-commerceDB, повеќето западноевропски земји и САД се рангирани релативно високо, додека азиските и источноевропските земји имаат тенденција да бидат пониско рангирани.

Извор: EcommerceNews