Во експлозивниот свет на е-трговија, бизнисите често се соочуваат со предизвикот како мудро да управуваат со нивните трошоци за да постигнат профитабилност. Иако е од суштинско значење да се инвестираат пари во вашиот бизнис за е-трговија, подеднакво е важно да се избегнат одредени грешки при трошење кои можат да го попречат вашиот раст и профитабилност.
Несомнено е дека е-трговијата е растечка индустрија, со очекуван раст од 24,25% помеѓу 2023 и 2028 година, според Statista. Но, пропорционално растат базата на потрошувачи и зголеменото поле на конкуренти (е-продавачи). Затоа е од суштинско значење да се избегнуваат скапите грешки, а ова се 7 од најчестите:
1. Претерано потпирање на платено рекламирање
Додека платеното рекламирање може да поттикне сообраќај и продажба на вашата е-рподавница, потпирањето на него како тоа да е целата ваша маркетинг стратегија може да биде скапа грешка. „Кога станува збор за рекламирање, е-трговците треба да се стремат кон избалансиран маркетинг микс. Големо инвестирање во платени реклами без стратегија за органски раст, како што се оптимизација на пребарувачите (SEO) и content marketing, може да доведе до неодржливо трошење. Диверзификацијата на маркетинг напорите обезбедува постабилно и поекономично стекнување на купувачи“, советува Џереми Боергер, специјалист за управување со средства и основач на Boerger Consulting.
2. ДАВАЊЕ ПРИОРИТЕТ НА СТЕКНУВАЊЕ КУПУВАЧИ ПРЕД ЗАДРЖУВАЊЕ НА КУПУВАЧИ
Стекнувањето нови купувачи може да ги чини бизнисите до 25% повеќе од задржувањето на постоечките, според The Harvard Business Review. „Многу е-трговци погрешно го ставаат целиот свој фокус на стекнување на нови, занемарувајќи ги стратегиите за задржување на постоечките купувачи.
Инвестирањето во програми за лојалност, персонализираниот маркетинг и одличната услуга за вашите купувачи може да ја подобри вредноста за нивниот „животниот век“ и да ги намали вкупните трошоци за маркетинг. Овие работи се од суштинско значење за сите бизниси, вклучително и е-трговијата“, вели Боергер.
3. ИГНОРИРАЊЕ НА ОПТИМИЗАЦИЈА НА ВАШИОТ ВЕБ-САЈТ
Е-трговците треба да дадат приоритет на нивниот веб-сајт и корисничкото искуство што тој го нуди за купувачите. Потрошувачите напуштаат просечно пет купувања секоја година поради лошиот дизајн на е-продавницата, а 8% од потрошувачите напуштаат 10 или повеќе купувања годишно кога имаат лошо искуство со е-продавницата, според истражувањето на Storyblok.
„Вашиот веб-сајт е вашата примарна алатка за продажба – тој треба да е брз, user-friendly и да биде оптимизиран за употреба и од смартфон. Занемарувањето на перформансите на веб-сајтот може да доведе до често напуштање на количките од страна на купувачите и губење на продажби. Редовно инвестирајте во тестирање и подобрувања на вашата е-продавница за да го подобрите корисничкото искуство и стапките на конверзија“, советува Боергер.
4. ЗАНЕМАРУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА И УСОГЛАСЕНОСТА
Без присуство на специјалист, безбедноста и усогласеноста со законите може лесно да се занемарат кај е-продавниците. А сепак, „бизнисите за е-трговија мора да дадат приоритет на безбедноста на нивниот веб-сајт и усогласеноста со законите како што е GDPR. Неуспевањето да се инвестира во безбедносни мерки и законска усогласеност може да доведе до значителна финансиска и репутациона штета. Редовните безбедносни контроли и почитувањето на законите за приватност се суштински инвестиции кои ќе ве заштитат од казни и потенцијално дури и судски спорови по патот“, вели Боергер.
5. НЕКОРИСТЕЊЕ НА ПОДАТОЦИ
Во е-трговијата се генерираат огромни количини на податоци – а нивното некористење при носење на одлуки е значителен пропуст. „Инвестирањето во аналитички алатки и посветувањето ресурси за толкување на овие податоци може да обезбеди увид во однесувањето на вашите купувачи, перформансите на производите и трендовите на пазарот. Овој пристап базиран на податоци може да ве информира за да донесете попаметни одлуки за трошење и да ви даде однапред известување за тоа кога можеби ќе треба да го намалите или повторно да го распределите вашиот буџет“, советува Боергер.
6. ПРЕКУМЕРНА ЗАЛИХА НА ПРОИЗВОДИ
Колку залихи треба да се складираат е прашање што ги мачи сопствениците на бизниси во е-трговија. Сепак, преголемите залихи го оптеретува капиталот и може да доведе до дополнителни трошоци како складирање и потенцијални отстапувања. Од суштинско значење е да имате ефикасен систем за управување со залихи. Користете аналитика на податоци за прецизно предвидување на побарувачката и одржување на залихите на оптимални нивоа. Овој пристап ги минимизира трошоците и го максимизира готовинскиот тек.
7. ЗАНЕМАРУВАЊЕ НА МОБИЛНАТА ОПТИМИЗАЦИЈА
Податоците од истражувачкиот центар Пју покажуваат дека најмалку 76% од Американците купуваат од своите смартфони. Бидејќи се повеќе луѓе ги користат своите смартфони за онлајн купување, неоптимизирањето на вашата е-продавница за мобилни телефони е критична грешка. „Дизајнот кој успешно реагира на мобилни телефони не е опција, тоа е неопходност. Инвестирањето во мобилна оптимизација гарантира дека нема да изгубите значителен дел од вашиот пазар и купувачи. Ова е една област во која вреди да се потроши бидејќи голема е веројатноста да видите значителен поврат на вашата инвестиција. Неинвестирањето во мобилна оптимизација е вистинската грешка при трошењето.“, вели Боергер.
Избегнувањето на овие вообичаени грешки во трошењето на е-трговија бара избалансиран пристап кон вашите инвестиции. Паметното трошење во е-трговија е во тоа да разберете каде и како да ги распределите вашите ресурси и со тоа да добиете максимален поврат. Со фокусирање на подобрување на искуството на купувачите, донесувањето одлуки предводени од податоци и постојаните иновации, бизнисите со е-трговија можат да постигнат одржлив раст и профитабилност. Запомнете, не е важно само колку трошите, туку и колку паметно трошите.
Извор: Forbes