Новости од е-трговија

57% од Европејците купуваат online повеќе од кога било за време на пандемијата

Купувањето online ги надмина сите други форми на потрошувачка во текот на изминатиот месец, при што повеќе од половина од европските купувачи (57%) велат дека купуваат преку Интернет повеќе од кога било. Бројките кои ги покажуваат купувачите кои се пријавуваат на виртуелни искуства како online часови за фитнес, претплати за телевизија, филмови и учење преку Интернет за време пандемијата се повисоки од кога било.

Истражувањето на Mastercard откри дека еден од тројца Европејци (30%) троши повеќе пари за виртуелни искуства, при што скоро двајца од тројца (58%) гледаат телевизија или филмови преку претплатена услуга, повеќе од една четвртина (26%) „присуствуваат“ на часови за вежбање преку Интернет и 24% виртуелно посетуваат музеи и други места од интерес.

Според истражувањето, пандемијата низ која поминуваме исто така нè направи по дарежливи – повеќе од една четвртина (28%) велат дека донирале на добротворни цели преку Интернет во последниот месец и 14% донираат за прв пат.

Луѓето ширум Европа исто така го користат дополнителното време во своите домови како можност да научат нови вештини на Интернет, при што скоро двајца од пет (37%) почнуваат да користат online банкарство преку Интернет, повеќе од една четвртина (28%) дознаваат како да ги набават своите лекови online и третина (31%) учат да готват преку оnline упатства.

Еден од десет Европејци (10%) учат да програмираат, 7% користат Интернет за да научат да свират музички инструмент, а 14% следеле online упатства за како да ја скратат косата! Како и зголемување од 36% кај луѓето кои купуваат неопходни производи преку Интернет, некои од најпопуларните трендови вклучуваат забележителен пораст во купување книги (32%) и фитнес опрема како тегови или подлоги за вежбање (13%).

Истражувањето откри дека навиките за купување преку Интернет го отсликуваат однесувањето во реалниот живот, при што четири од пет (81%) купувачи кои вообичаено поминуваат часови во потрага по најдобри зделки во физички продавници, истото го прават и со е-продавниците. Двајца од тројца (66%) купувачи кои обично поминуваат многу време при разгледување на излози признаваат дека тие редовно создаваат списоци со желби, но не секогаш купуваат.

Речиси сите купувачи (87%) се внимателни што и каде купуваат преку Интернет, при што 65% велат дека се грижат дека можеби ќе станат жртви на измама преку е-купувањето. Во обид да ја одржат безбедноста на плаќањето преку Интернет, четворица од пет Европејци (81%) имаат тенденција да се придржуваат до купување од познати трговци, 80% ги проверуваат рецензиите од претходни купувачи и една третина (31%) контактираат со нови или непознати продавачи пред купувањето.

Марк Барнет, претседател на Мастеркард во Европа вели: „Сите ние се прилагодуваме на новиот начин на живеење и купуваме преку Интернет и тоа не само основни продукти, туку за виртуелни искуства кои се движат од филмови до фитнес. Тешките времиња можат да го извлечат најдоброто кај нас и можеме да се утешиме со зголемувањето на бројот на донации и огромниот број на луѓе што учат нови начини да управуваат со нивните секојдневни животи преку Интернет. Сега, повеќе од кога и да било, на луѓето им треба пристап до дигиталната економија и сите ние во Mastercard постојано работиме за да го направиме искуството преку Интернет за купување поедноставно, непречено и побезбедно за секого, без разлика дали купувате основни работи или виртуелни искуства “.

10 најпопуларни активности при седењето дома за време на covid-19

  1. 75% редовно остваруваат видео разговори со семејството, пријателите и работните колеги
  2. 58 проценти имаат претплата преку Интернет на ТВ / Netflix или Amazon Prime Video
  3. 36% гледаат виртуелна комедија или стенд-ап на Интернет
  4. 32% се вклучуваат на online свирки
  5. 31% играат видео игри преку Интернет
  6. 30% земаат часови за готвење или следат рецепти преку Интернет
  7. 26% учествуваат на виртуелни фитнес тренинзи
  8. 24% посетуваат музеи или останати места од интерес преку Интернет
  9. 22% учат нов јазик преку Интернет
  10. 20% прават квизови со пријателите на Интернет

10 најпопуларни продукти за време на covid-19

  1. Книги (32%)
  2. Прибор за готвење (22%)
  3. Препарати за фарбање на косата (19%)
  4. Друштвени игри(18%)
  5. Сложувалки (17%)
  6. Штипки за коса (15%)
  7. Компјутери / опрема (13%)
  8. Перници (13%)
  9. Фитнес опрема (13%)
  10. Уметност и занаетчиство (12%)

Извор: Fly Research & Company News HQ