5 промени што ги прават маркетерите во е-трговијата поради covid-19

Covid-19 создаде ударни бранови низ повеќето малопродажни бизниси и бизниси базирани на е-трговија. Помеѓу затворањето на продавниците, синџирите на снабдување и потрошувачите кои сé повеќе се стремат кон купување преку Интернет, традиционалните и дигиталните трговци на мало мораа да се прилагодат, исфрлајќи ги старите навики за да се соочат со предизвиците што ги носи оваа пандемија.

И покрај сите предизвици и неизвесност во последните четири месеци, последниот извештај на CommerceNext покажува дека постои оптимизам за тоа како е-трговијата ќе има придобивка од нарушувањата создадени од пандемијата.

Прилагодувањето на оваа ситуација пројави потреба од правење на промени кај маркетерите. Ова се петте најзначајни и најзабележливи промени:

  1. Повеќето трговци ги намалуваат своите буџети за маркетинг поради пандемијата

53% од трговците велат дека го намалуваат својот буџет за маркетинг поради пандемијата, но овој тренд тежел многу повеќе кај традиционалните трговци наспроти дигиталните трговци. 63% од традиционалните трговци велат дека нивните буџети се намалени во споредба со 37% од дигиталните трговци. Ова се случува од неколку причини. Прво, додека е-трговијата е во пораст, загубите од физичките продавници сè уште се значителни, принудувајќи ги традиционалните трговци да бараат место од каде што би можеле да ги скратат своите трошоци. Второ, дел од органскиот раст на е-трговијата ги преплави останатите операции, што доведе до тоа трговците да ги намалат трошоците за маркетинг додека не успеат да се справат со истите.

2. Намалување на огромното значење на бренд маркетингот поради covid-19

Пред covid-19, скоро 50% од сите трговци на мало очекуваа порамномерно да ги дистрибуираат своите трошоци помеѓу бренд и performance маркетингот. Продавачите посочија дека станува сè потешко да се генерира постојан висок раст од перформансните канали. Но, во јуни, овој план се смени и сега само 34% од маркетерите учествуваа во истражувањето планираа да ги зголемат инвестициите во бренд маркетингот. Заклучокот од ова истражување беше измешано – дел од обновениот интерес за performance маркетинг се должеше на намалените буџети за маркетинг, а дел се должи на пониските цени во перформансните канали како Google и Facebook, бидејќи побарувачката од рекламирачите се намали за време на COVID-19.

3. Трговците почнаа да ги фокусираат своите ресурси повеќе на постоечките клиенти наспроти новите

Продавачите заземаат порамномерен пристап на трошење помеѓу стекнувањето и задржувањето на клиенти. Додека маркетингот за стекнување на клиенти продолжува да биде приоритет за сите трговци на мало, 37% од анкетираните изјавија дека за време на covid трошат повеќе на маркетинг за задржување на старите наспроти маркетинг за стекнување на нови купувачи. Ова беше тренд што започна пред пандемијата каде 32% изјавија дека планираат повеќе да се фокусираат на задржување, но беше јасно засилен како резултат на covid-19.

4. Од тестирање на нови канали, трговците го насочија фокусот на веќе испробани медиуми и канали

Имаше докази дека трговците се подготвуваат да преземат повеќе ризици и да пробаат нови работи на непроверени канали пред covid. Во јануари, 41% од маркетерите планираа да инвестираат во канали како TikTok. Но, во јуни, тој број падна на 25%. Иако TikTok дефинитивно стекна поголема популарност уште од почетокот на пандемијата, маркетерите чувствуваа помал притисок да експериментираат со оглед на пониските цени што ги гледаа на Google и Facebook. 92% од сите маркетери изјавија дека платеното пребарување е врвен приоритет во јануари, но во јуни, тој број се искачи на 94%.

5. Инвестициите во СМС / текстуални пораки, AI и AR се зголемија пост-covid

Со тоа што повеќето од потрошувачите остануваат дома, маркетерите бараат начини да стигнат до нив и да обезбедат уникатно искуство на клиентите од удобноста на нивниот дом. Скоро 60% од анкетираните маркетери ги зголемија инвестициите во оптимизација на мобилните уреди во јуни, во споредба со 45% во јануари. Инвестициите во зголемена или виртуелна реалност се зголемија од 8% на 21% од јануари до јуни. И инвестициите во вештачка интелигенција (AI) се зголемија од 51% на 56%.

Трговците се чувствуваат подготвени за празниците

Она што е особено импресивно кај трговците на мало додека се движиме низ овие предизвикувачки времиња е тоа дека тие ги прават овие извонредни промени во стратегијата и трошењето додека доживуваат огромен скок во онлајн трансакции. Со онлајн трансакции од типот на оние што се случуваат за време на Cyber Monday секој ден во месец мај, неверојатно е што трговците на мало имаа време да размислуваат однапред.

Но, 58% од трговците велат дека се чувствуваат или „многу повеќе“ или „малку повеќе“ подготвени за сезоната на празници во 2020 година, како резултат на побарувачката поттикната од пандемијата. Ако има нешто позитивно од кризата во која живееме, тоа е дека трговците сега се тестирани и подготвени да одговорат на зголемената побарувачка на клиентите оваа празнична сезона за купување.

Оваа зголемена подготвеност произлезе од неопходност, вели Мери Лу Кели, директор за дигитална трговија и поранешен претседател на е-трговија на Best Buy. Големите дигитални проекти за продажба за кои некогаш беа потребни безброј одобрувања, сега се извршуваат со огромна брзина.

На крајот, времето ќе покаже какво ќе биде долгорочното влијание на covid-19 врз малопродажбата и е-трговијата, но единственото нешто за кое повеќето можат да се согласат е дека индустријата ќе биде засекогаш променета како резултат на оваа криза.

Извор: Forbes