Компаниите губат продажба од 18 милијарди долари секоја година од купувачи кои ги напуштаат своите кошнички при онлајн купувањето. Помеѓу Black Friday и Cyber Monday, 79% од купувачите кои купуваат преку мобилни телефони ги напуштиле своите колички, оставајќи големи неостварени трансакции. Додека напуштањето на количката ги погодува и големите и малите компании, тоа е многу поголема загриженост и за стартапите.
Една четвртина од онлајн купувачите ги напуштаат своите количките поради комплицирана навигација на eдна веб-продавница или апликација, а 21% не ги комплетираат своите трансакции поради долгите ‘checkout’ процеси.
Големите компании најчесто имаат средства да ги решат овие проблеми. За разлика од нив, стартапите често имаат ограничени ресурси, заедно со пониските приходи. Бидејќи повеќе клиенти се откажуваат од набавките, изгубената продажба создава ‘snowball’ ефект: Богатите стануваат побогати, а стартапите стагнираат.
1. Анкетирајте пред да креирате
Најдобрата стратегија за спречување на напуштање на количката се појавува рано во процесот на планирање на апликациите / е-продавниците. Пред да креирате, направете истражување помеѓу вашите клиенти за да ги утврдите нивните очекувања од вашата е-продавница. Запознавањето на вашите клиенти и создавањето на user-friendly искуство врз основа на нивните очекувања несомнено ќе ја зголеми продажбата.
2. Поедноставете го ‘checkout’ процесот
Избегнувајте да им предизвикувате одбивност на купувачите со комплициран ‘checkout’ процес. Некои бизниси прават грешка кога бараат од клиентите толку многу информации, па така тие одлучуваат да ги купат своите производи на друго место. Вашиот клиент треба да знае дека финализирањето на неговата нарачка ќе биде брзо. Чистиот интерфејс со кратки чекори за купување ќе ги задржи вашите клиенти. Автоматизирањето при пополнувањето на полињата со информации за купувачот ви е пријател при овој процес, искористете го!
3. Додадете мерки за безбедност
Брза и лесна трансакција не значи ништо ако не е безбедна. Кражбата на идентитет е сè поголем проблем – повеќе од 12 милиони Американци се жртви на тоа секоја година – и потрошувачите се повнимателни од кога и да било. Всушност, 17% од е-купувачите преку мобилни телефони ги напуштаат своите колички заради безбедносни проблеми и грижи.
Добар начин за борба против ова е со користење на производи и услуги за верификација кои ја потврдуваат секоја трансакција преку трета страна. Овие безбедносни мерки гарантираат дека сите информации за корисникот се шифрирани и безбедни. Осигурете се дека вашите клиенти знаат дека ги криптирате нивните информации. Клиентите кои се уплашени ќе бараат безбедносни мерки, и веројатноста да ја напуштат својата кошничка знаејќи дека ги адресирате нивните грижи е помала.
4. Испратете суптилни потсетници
Една од предностите кај апликациите е тоа што можете да испраќате ‘push’ нотификации на вашите клиенти. Користете ја оваа одлика за да ги потсетите дека имаат производи во кошничката, но бидете претпазливи да не создадете одбивност. Програмирајте ја апликацијата да испраќа предупредувања само до корисниците кои избрале производи со висока вредност или минале повеќе време разгледувајќи пред да ги наполнат своите кошнички.
‘Push’ нотификациите исто така може да бидат корисни за испраќање на потврда за извршување на трансакција или за информирање на клиентите за специјални понуди.
5. Охрабрете ја продажбата со попусти
Понудете стимулации на вашите клиенти за купување преку вашата е-продавница / апликација. Попустите можат ефикасно да ја зголемат вашата база на корисници, да го зголемат задоволството на клиентите и да им дадат добар старт на вашите приходите доколку се искористат правилно.
Стартапот за испорака на храна Caviar го стори токму тоа, откажувајќи се од наплаќање за испорака за клиенти кои прв пат нарачуваат храна од нив. Компанијата исто така нуди и 20$ на корисниците кои ја споделуваат апликацијата со своите пријатели.
Овие се пет лесни и ефтини начини да го подобрите искуството на вашите купувачи и да ги претворите напуштените кошнички во успешни трансакции. Слушајте ги вашите клиенти и проверувајте дали се чувствуваат безбедно – наскоро, тие ќе кликнат на копчето „купи“.
Извор: Entrepreneur