4 стратегии за подобар е-mail маркетинг

4 Things You Should Change About Your Email Marketing

Повеќе од 306 милијарди. Толку е-mailови се очекуваше да бидат испратени и примени секој ден во 2020 година, според Statista. Со тоа што милиони компании се префрлија на работа од дома и брендовите испраќаат се повеќе е-mailови, бројот може да ги надмине предвидувањата на Statista оваа година.

E-mail маркетингот функционира подобро од кога било. Од март има скок во ангажманот на корисниците преку e-mail маркетинг од 200%, пишува Реј Шулц од Media Post, и ова е јасен знак дека луѓето поминуваат многу повеќе време во своите е-сандачиња.

Што бараат клиентите и како вашиот бизнис може да реагира? Покрај тоа, како можете да ги предвидите потребите и очекувањата на вашите клиенти? Да се биде брз за прилагодување во нови ситуации е од витално значење. Да разгледаме четири стратегии кои можете да ги примените и промените во начинот на кој користите e-mail маркетинг.

1. Прочистувајте ја вашата e-mail листа 

Ако порано ги чистевте вашите е-mail листи од лоши контакти секој квартал, e-mail хигиената во моментов бара поголема иницијатива. Размислете за масовното губење на работни места на скоро сите континенти и индустрии. Во САД, стапката на невработеност е 11,1%. Иако тоа е помала стапка во однос на март и април, милиони e-mail адреси од B2B бизниси сега не се валидни.

„Добивме фидбек од клиентите дека многу од нивните B2B e-mail адреси веќе не се валидни“, вели COO на ZerоBounce, Брајан Миник. Ова воопшто не изненадува бидејќи многу бизниси мораа да го намалат својот персонал или трајно да го затворат. „За да избегнете проблеми со испорака на мејловите, препорачуваме да внимавате на стапката на отскокнување (bounce rate). Ако стапката е над 2%, тоа значи дека треба да ги ревалидирате контактите кои се дел од вашата е-mail листа за испраќање.”

2. Бидете емпатични и понудете практична помош

Вашата порака и начинот на кој ја пренесувате може да направат разлика помеѓу некој што ќе го избере вашиот бизнис или ќе ве отстрани од својот живот засекогаш. „Луѓето можат да бидат многу чувствителни, особено за време на криза. Некои од вашите клиенти можеби се соочуваат со безброј предизвици во моментов“, вели основачот и извршниот директор на InvoiceBerry, Уве Дреисигакер.

„Не мора да ја спомнувате пандемијата во секој e-mail што го испраќате“, објаснува Дреисигкер. „Наместо тоа, запрашајте се: Дали е ова корисно за мојата публика? Како можам појасно да покажам дека се грижам за моите клиенти? Осигурете се да ја споделите и покажете подготвената содржина со повеќе вработени во вашата компанија. Можеби тие ќе забележат нешто што вие не сте успеале да забележите. Што повеќе луѓе ќе ја разгледаат маркетинг содржината за вашиот e-mail, толку помалку сте изложени на ризик.”

Изразување на емпатија во тешки времиња е вистинскиот потег кој треба да го направите, но зборовите не се доволни. Поддржете ги вашите клиенти со практична помош. Направете ја кризата повеќе поднослива со понуди што најмногу им помагаат на вашите клиенти. Не можете да откриете кои се тие понуди? Користете е-mail маркетинг за да охрабрите разговори и да спроведете анкета. Колку побрзо ќе ги откриете проблемите на вашите клиенти, толку побрз и релевантен ќе биде вашиот одговор во врска со истите.

3. Бидете повеќе свесни за ‘spam’ поплаките

Ова можеби звучи клише, но без оглед колку се добри вашите намери, некој ќе биде несреќен. Ова исто така, се однесува и на е-mail маркетингот.

Можеби вашиот newsletter или маркетинг понуда се пристигнуваат во лошо време. Или можеби клиентот чувствува дека не треба да прикажувате какви било промоции за време на кризата. Со тоа што клиентите би ја етикетирале вашата порака како спам, тие им кажуваат на нивните инбокс провајдери дека вашата содржина им пречи.

Повеќе од една поплака за спам за секои 1.000 е-mailови е загрижувачка. Злоупотребувачки е-mail профили кои им припаѓаат на клиенти кои често прават поплаки ќе го расипаат вашиот углед и ќе предизвикаат вашите идни маркетинг кампањи да завршат во спам фолдерот или да бидат блокирани. Не можете да си го дозволите тоа, особено ако едвај го одржувате бизнисот во живот. За да го обезбедите вашето место во еден инбокс, бидете повнимателни во однос на отстранување на оние профили кои прават поплаки.
Освен што ги тргате од вашата листа, можете исто така да ги спречите воопшто да стигнат таму. За ова, можете да користите софтвер за верификација на е-пошта кој го проверува мејлот на секој претплатник во реално време и ги отфрла лошите – вклучително и злоупотребувачките е-mailови.

4. Држете се до постојан распоред на испраќање

Зборувајќи за поплаки за спам, едноставен начин да ги задржите истите под контрола е следење на постојан распоред за испраќање. Да се биде точен поттикнува блискост и познавање помеѓу клиентите, така што има помала веројатност вашите претплатници да чувствуваат дека пораките се спам.Честото испраќање на e-mailови до клиентите ви претставува несигурност и нервоза?  „Само запомнете дека тие сакаат и очекуваат да слушнат нешто од вас“, вели Рајан. „Без разлика дали испраќате нешто еднаш месечно или еднаш неделно, појавувањето во инбоксот на вашите претплатници е многу важно. Една од најголемите работи што ги правиме за нашите клиенти е да им помогнеме да останат доследни на нивните е-mail маркетинг кампањи. По утврдување на фреквенција што е во согласност со генералните цели за маркетинг, мора да се осигураме да се придржуваме до календарот за e-mail маркетинг кампањи. Една едноставна табела може да ви заврши работа. Исто така, постојано ја следиме потребата од зголемување или намалување на конзистентноста доколку се случуваат премногу откажувања на претплати “.Затоа, креирајте свој календар, пополнете го со идеи за содржина и придржувајте се до него. „Дури и ако тоа е краток, едноставен e-mail“, заклучува Рајан, „бидете тука за вашите клиенти“.

Токму поради безброј истражувања и статистики кои ја докажуваат потребата и значајноста на e-mail маркетингот како клучна алатка во маркетинг стратегијата на еден e-commerce бизнис, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија го организира вториот learn-a-thon на тема “Email Marketing in practice”; за дополнителни информации во врска со истиот, следете не на нашиот веб сајт и Facebook страна.

Извор: Entrepreneur