4 совети за зголемување на продажбата на marketplaces

Многу е-трговци кои продаваат на онлајн пазари (marketplaces) се фокусираат на подобрување на деталите што ги гледаат потрошувачите на страната на производот, како што се наслови, слики и описи за да ги конвертираат купувачите. Кога трговците на мало и брендовите продаваат производи на онлајн пазарите како што се Amazon и eBay, тие не секогаш имаат пристап и контрола врз средства што можат да влијаат врз стапките на конверзија, како што се пребарување на страницата или маркетингот преку е-mail. Затоа, многу продавачи на пазарот се фокусираат на подобрување на деталите што потрошувачите ги гледаат на страницата каде се наоѓаат производите, како што се наслови, слики и описи.

Подобрената содржина на страната на производи, како што е поиздржан опис на производот или слики со повисок квалитет, може да помогне да се претворат повеќе купувачи во клиенти. И потрошувачите обрнуваат внимание на деталите: 21% од купувачите преку Интернет велат дека повеќе информации за производите се главна причина што тие купуваат од онлајн пазар, според истражувањето на Digital Commerce 360/Bizrate Insights за 1.108 потрошувачи во мај 2019 година.

Еве четири начини на кои продавачите можат да предизвикаат поголема продажба на онлајн пазарите:

1. Внимавајте на коментарите на купувачите

56% од потрошувачите преку Интернет велат дека секогаш го гледаат рејтингот и коментарите на претходните купувачи, и обично врз нив го базираат својот шопинг, според истражувањето на Bizrate Insights. 41% велат дека само понекогаш ги гледаат рецензиите и само 3% велат дека никогаш не разгледуваат рецензии. Затоа, продавачите треба да посветат големо внимание на она што клиентите го кажуваат во нивните коментари затоа што потенцијалните клиенти сигурно го прават тоа.

Продавачите треба веднаш да одговорат на негативните коментари и да научат што им се допаѓа, и што не им се допаѓа на клиентите кај производот со цел подобро да ги информираат за неговиот опис. Ако, на пример, се работи за пенкало, повеќе клиенти велат дека начинот на кој се држи пенкалото е удобен, тогаш продавачот треба да се погрижи во описот да се спомне токму тоа.

 

2. Рекреирајте го чувството на допир и реалност преку слики од производите 

Ефективната содржина има за цел да го рекреира производот што потрошувачите можат да го видат и допрат во продавница. Компанијата Kellogg’s го зеде тоа предвид кога го лансираше производот за смути во прав, наречен Joybol. „Тешко е луѓето да замислат какво е смутито во прав, па на страницата со производот на Амазон, Kellogg’s вклучи разни фотографии од отворено смути во текот на целиот процес од неговото правење “, велат тие. Содржината вклучуваше фотографии за тоа како изгледа кога додавате вода, додека промешувате, и финалниот изглед на смутито.

 

3. Изберете фотографии што ќе им помогнат на потенцијалните купувачи

За е-трговецот Dog Christmas Stockings, додавање фотографии од готови производи на клиентите на онлајн пазарот Etsy, била една од најголемите промени што компанијата ги направила на нивната страна со понудени производи. Е-трговецот кој продава персонализирани Божиќни чорапи за домашни миленици, ги заменил веќе готовите фотографии (stock photos) со вистински фотографии од производите. „Почнав да фотографирам самостојно, а потоа клиентите почнаа да ми испраќаат фотографии од нивните производи“, вели нивниот маркетинг менаџер Мориарти. Потенцијалните клиенти често сакаат да видат примери, така што овие фотографии им помагаат на тие клиенти да се конвертираат во крајни купувачи. Стапката на конверзија за време на празничната сезона во 2019 година се искачи на 3,5% од 2,1% претходната година, вели Мориарти.

 

4. Ажурирајте ги страниците со сезонска содржина

Е-трговците на онлајн пазарите треба да ја менуваат својата содржина, вклучувајќи наслови и слики, неколку пати годишно со цел содржината да ја рефлектира сезоната. На пример, брендот за зачини McCormick ги ажурира своите фотографии на Амазон со сезонски јадења. Во текот на летото, ќе ги видите зачините на McCormick кои се служат на пикник-маса со храна за скара и во зима, зачините ќе се служат со тепсија топло зимско јадење. Ова ги потсетува клиентите зошто вашиот производ е важен за време на одредена сезона.

 

Извор: Digital Commerce 360