4 причини зошто треба да се обложите на иднината на е-трговијата

Во свет на економска неизвесност, долгорочната иднина за e-купување и e-продажба ветува многу. Мерките за социјална дистанца и затворањето на бизниси значително ги нарушија навиките на потрошувачка на купувачите. Додека ова за многумина создаде период на неизвесност, е-трговијата е тренд кој оди во позитивна насока.

Купувањето преку е-трговија се зголемува

Додека пазарот со години зборува за растот на е-трговијата, во реалноста, тој отсекогаш бил мал дел вкупната продажба на мало. На глобално ниво, Statista известува дека е-трговијата сочинувала само 14,1%.

Големото затворање на физичките продавници драматично ја смени економската слика. Бирото за попис на САД објави дека за март 2020 година продажбата на мало опаднала за 6,2%. Некои трговци на мало, како продавници за облека, забележале пад на продажбата за повеќе од 50%.

Во исто време, трговците на мало со силна платформа за е-трговија забележаа замена на својата продажба во физичките продавници со дигитални набавки. Digital Commerce 360 објави дека Target бележи раст во онлајн продажбата од 275% од април, помагајќи ова да биде најдобар квартал од 2000 година – дури и кога продажбата во физичките продавници е намалена.

Ова ќе биде трајна промена

Додека некои веруваат дека промените кои моментално се случуваат поради covid-19 се само привремени, гласањето кај потрошувачите укажува на тоа дека оваа промената од физички продавници кон е-тргување е тука за да остане. Купувачите уживаат во практичноста на купување преку Интернет, а многумина нема да се чувствуваат сигурно да се вратат на старите навики за купување дури и откако ограничувањата ќе бидат укинати.

Истражување на клиентите од страна на PYMNTS открива: „Повеќе од половина од потрошувачите (52%) кои се префрлија на купување намирници онлајн велат дека нема да се вратат на стариот начин на купување, бидејќи доставата и и curbside-преземањето стануваат се повеќе популарни. И 60% од потрошувачите кои се префрлиле на онлајн купување останати работи освен намирници го имаат истото мислење“.

Додека причините зошто некој претпочита онлајн шопинг може да варираат од личност до личност, крајниот резултат е ист. Трговците на мало кои немаат воспоставен систем за е-трговија може да изгубат значителни приходи во наредните години, бидејќи навиките на купувачите стануваат се повеќе дигитално ориентирани.

Бројот на каналите за онлајн продажба се зголемува

Додека повеќе брендови се префрлаат на стратегија за дигитализација во прв план во обид да го пребродат овој неизвесен период, каналите за набавки преку Интернет имаат одлична шанса за успех. MarketWatch известува дека вкупните пораки се зголемиле на Фејсбук за 50% во земји кои доживуваат значителни проблеми со коронавирус.

Историјата покажува дека продолжувањето со рекламирање за време на рецесија може да има големи резултати. Кон крајот на 1920-тите, компаниите Kellogg и Post биле во тесна конкуренција за пазарот за житарици за појадок. Потоа, дошла Големата депресија.

Како што вели The New Yorker: „Post ја стори предвидливата работа: Ги лимитираше  трошоците и го намали буџетот за рекламирање. Но, Kellogg го удвои својот буџет за рекламирање, се префрли агресивно во радио рекламирањето и силно ги турна своите нови житарки, Rice Krispies.. До 1933 година, дури и покрај падот на економијата, профитот на Kellogg се зголеми за скоро 30% и стана она што е и денес: доминантен играч во индустријата“.

Силниот маркетинг на дигиталните платформи ќе им овозможи на претприемачите да стигнат до публика која во моментов го поминува своето време на социјалните мрежи, и да се истакнат за време на намалена конкуренција.

Рецесијата поттикнува претприемништво

Анкета на Wall Street Journal откри дека стапката на невработеност во Соединетите држави може да достигне 17% до јуни. Милиони луѓе се без работа поради тоа што компаниите отпуштаат вработени во обид да преживеат.

Иако ова секако создава мрачна слика, вреди да се размисли како дополнителното време – и целокупните ефекти од овие нарушувања – создаваат нови можности за поединци кои се стремат кон претприемништво. Економските падови откриваат нови начини за нарушување на пазарот. Падовите можат да се искористат за идентификување на начини од страна на претприемачите за насочување на своите деловни модели.

После големата рецесија, студија на Универзитетот во Мисури откри дека стапката на претприемништво значително се зголемила, следејќи ја “шемата” која се појавила по слични периоди на рецесија. Без разлика дали е резултат на можност или потреба, зголемената искра на претприемништво довела до иновативни бизниси кои порано не би постоеле.

Претприемачите ги испитуваат можностите и слабостите што се појавуваат. Ако тие обрнат внимание, можеме да очекуваме да видиме многу дигитално ориентирани бизниси во иднина. Од е-трговија до remote (оддалечена) работа, прифаќањето на овие промени најверојатно ќе доведе до големи нарушувања на пазарот.

Подготовки за дигитална иднина

Додека претприемачите во е-трговијата не беа целосно имуни од економската криза, целокупното влијание јасно го забрза нашето преминување од физичките продавници кон онлајн продавниците. Со активна инвестиција во е-трговијата сега, ќе бидете подобро позиционирани за да постигнете успешни пазарни резултати во иднина.

Извор: Entrepreneur