4 начини на кои вештачката интелигенција ја трансформира е-трговијата

Кога некој ќе каже „вештачка интелигенција“, на многумина првото нешто што им паѓа на ум е визија од sci-fi филмови (како што е A.I. од Стивен Спилберг или како нешто што е сосема непознато и далечно.

Но, кога станува збор за вештачка интелигенција во е-трговија, тоа е помалку за роботика која е слична на човекот, а повеќе за технологиите за учење и алгоритмите што ја обезбедуваат основата на AI.

Не постои индустрија во светот што е имуна на влијанието на вештачката интелигенција. Од игри во виртуелна реалност до роботи со вештачка интелигенција во индустриското производство, развојот на технологијата за вештачка интелигенција го револуционизира начинот на кој комуницираме со светот.

Е-трговијата е особено подложна на нарушување на вештачката интелигенција, бидејќи технологиите и алгоритмите за учење моментално го трансформираат начинот на кој купуваме и продаваме онлајн. Не само што вештачката интелигенција може да ги извршува задачите што претходно се правеле рачно, туку може и да го оптимизира искуството на клиентите и на е-трговците да им обезбеди информации што им се потребни за да донесат бизнис одлуки кои се поткрепени со информации, како и со помош на податоци да им помогне попрецизно да ја „предвидат“ иднината.

Еве четири начини на кои вештачката интелигенција ја трансформира е-трговијата:

1. Copywriting со вештачка интелигенција

Воведувањето на copywriting со вештачка интелигенција го револуционизира начинот на кој брендовите ја креираат „приказната“ позади своите продажби. Алатките за пишување со вештачка интелигенција можат да генерираат текст кој им е потребен на брендовите за нивниот маркетинг за неколку секунди. Наместо да ангажираат индивидуалци или рекламни агенции да ги пишуваат сите работи кои им се потребни како што се блог-објави, вести или описи на производи за нивните е-продавници, брендовите сега можат да користат софтвер за вештачка интелигенција.
Една од овие алатки е copy.ai, бесплатна автоматизирана алатка за генерирање на текстови за маркетинг потреби во само неколку секунди.
Copy.ai – бесплатна автоматизирана алатка за маркетинг потреби
Овие алатки исто така можат да понудат текст за дигитални реклами, содржини за социјалните медиуми и други текстови за е-трговија со помош на напредна технологија за вештачка интелигенција.
Како функционира copy.ai?
Иако пишувањето со вештачка интелигенција сè уште бара барем некаква форма на рачно уредување, постои добра шанса дека ќе стане есенцијален дел од е-трговијата.

 

2. Четботи и виртуелни асистенти

Една од придобивките од купувањето во физичка продавница е присуството на вработен или помошник кој може да ви помогне да го најдете токму она што ви е потребно во продавницата. Иако е-трговијата отсекогаш имала претставници кои работат во оддел за услуги на клиентите кои можат да понудат телефонска поддршка, до неодамна вештачката интелигенција помогна да се пополни празнината со цел да им обезбеди брза асистенција на клиентите.

Еден од најчестите примери за ваков четбот во нашата земја е Славчо, виртуелниот асистент на компанијата А1. Тој се справува со повеќе области на знаење како што е машинското учење; тоа му помага да разбира, како и да составува пораки.

 

Разговор со Славчо – четботот на компанијата А1

 

Употребата на чат-ботови и друга виртуелна помош се зголемува меѓу е-трговците, обезбедувајќи 24/7 поддршка за сите нивни е-купувачи.

Различните видови на четботови можат да толкуваат гласовни интеракции со онлајн купувачите преку обработка на природни јазици (NLP) и да обезбедат персонализирани понуди за клиентите. Тие, исто така, постојано се подобруваат, бидејќи се програмирани со способности за самостојно учење кои им овозможуваат подобро да одговорат на потребите на клиентите.

3. Персонализација

Вештачката интелигенција е исто така неверојатно вешта во обезбедувањето персонализирано искуство на е-купувачите преку точни препораки за производи и рекламирање. Алгоритмите за вештачка интелигенција просејуваат низ огромни збирки на податоци за да добијат квалитетни увиди за однесувањето на клиентите што ќе им помогнат подобро да предвидат што и кога точно му треба на клиентот.

Еден од примерите за ваква персонализација за кој верувам дека ни е највеќе познат на сите се препораките на Netflix кои произлегуваат од филмови кои веќе сме ги гледале.

Персонализација на Netflix според претходно гледани филмови

 

За персонализација можат да бидат употребени информации од претходни онлајн купувања на еден е-купувач за да се предложат производи што се усогласуваат со она што тој го бара. На пример, ако еден е-купувач неодамна барал сунгери за чистење на некоја е-продавница, алгоритмите за вештачка интелигенција ќе препорачаат други сродни производи за чистење.

Ваква технологија која произлегува од вештачката интелигенција може да се користи дури и на платформи како што се веб-сајтови, е-маил и мобилни апликации. Со тоа што ќе им помогне на бизнисите да креираат локализирана содржина за да одговара на нивната публика (или повеќе публики), вештачката интелигенција може да им помогне на компаниите да обезбедат попријатно и рационализирано искуство за своите клиенти. Персонализацијата е клучот за тоа е-купувачите да имаат пријатно искуство со онлајн купување, поради што толку многу реклами во е-трговијата сега користат алгоритми за вештачка интелигенција.

4. Управување со залихи

Друга област во е-трговијата каде што предвидувачката аналитика на вештачката интелигенција го „обновува“ теренот е во контекст на управувањето со залихите. Објектите за складирање не секогаш имаат простор или пари за да чуваат сè на залиха, па затоа е важно да им дадете приоритет на производите што се најпотребни во даден момент. Залихите мора да се ажурираат, правилно да се складираат и да се нарачаат предвреме – врз основа на предвидувањата за побарувачката на клиентите.

Со помош на вештачка интелигенција која користи предвидлива анализа може да се направи проценка за тоа како ќе изгледаат идните барања на пазарот. Со употребата на машинско учење, овој аспект станува покорисен и подобар во прецизното предвидување колкава залиха треба да нарачате и колку од истата секогаш треба да имате при рака. Со помош на вештачка интелигенција може да се предвиди брза промена во побарувачката, да спроведе превентивно одржување на технологијата на компаниите, па дури и да се автоматизираат одредени процедури со цел да се зголеми ефикасноста.

Брендовите за е-трговија се повеќе се свртуваат кон вештачката интелигенција за да ги подобрат своите аналитички согледувања, да создадат поперсонализирано искуство за е-купувачите и да ја зголемат нивната конкурентност. Како што пазарот за вештачка интелигенција во е-трговија продолжува да расте, се повеќе станува јасно дека е навистина паметно компаниите да инвестираат во потенцијалот на AI.

Поврзани содржини