Новости од е-трговија

3% од сите веб страници се лажни, вели Scamadviser

При купување онлајн, секојдневно се сретнуваме со безброј веб страници кои нудат производи по цени кои се премногу добри за да бидат вистина. Па така, кај нас се појавува интерес, но, по читање на reviews и продлабочено разгледување на сајтот, заклучуваме дека е лажен и ја продолжуваме потрагата за веб сајт кој ја има најдобрата понуда за нашиот посакуван производ.

За да нема потреба од читање на безброј лоши reviews, се запознаваме со Scamadviser.com. Овој веб сајт им помага на повеќе од 2.5 милиони потрошувачи месечно да проверат дали сајтот на кој сурфаат е легитимен или постои можност да е лажен. Алгоритмот на Scamadviser користи 40 независни извори на податоци. Од IP адресата на веб-серверот, достапноста на деталите за контакт на веб-страницата, староста на URL-то, оценките на страниците за преглед и повеќе. Scamadviser ги предупредува потрошувачите не само за измамите преку Интернет (веб-продавници што никогаш не испорачуваат прозиводи), туку и сајтови за фишинг (нелегално здобивање со информации), спамери и онлајн продавници кои продаваат лажни производи.

Врз основа на неодамнешната анализа на 22,5 милиони веб-страници во базата на податоци на Scamadviser, 3% од веб-страниците имаат ‘trust score’ под 30%, што значи дека Scamadviser е сериозно загрижен во врска со нивната веродостојност. 13% од сите веб-страници имаат ‘trust score’ под 70, што значи дека е мудро за потрошувачите да направат дополнителна проверка пред да купат. За токму оваа ситуација, Scamadviser нуди опсежна checklist за проверка.
Се чини дека просечно за една земја, 2% до 3% од веб-страниците имаат ‘trust score’ под 30% и 7% до 8% под 70%. Покрај неколку многу мали земји (Еритреја, Тувалу, Бенин, Свазиленд), Кина има најмногу несигурни веб-страници (12%), а потоа следат САД со 9%. Меѓу поголемите земји, Грција, Унгарија, Аргентина и Данска се земји со најмал број на интернет измами.
Јориј Абрахам, генералниот директор на фондацијата за е-трговија, елаборира: ‘Trust score’ на Scamadviser“ е индикација за веродостојноста на веб-страницата. Додека ние континуирано го прошируваме и подобруваме нашиот алгоритам, секогаш има простор за подобрување. Гледаме дека некои земји се борат со измамите преку Интернет подобро од другите. На пример, Данска и Холандија го подобруваат процесот на соодветна внимателност пред да се здобијат со име .dk или .nl. Со користење на алгоритми како оние на Scamadviser, земјите заедно со нивните регистри можат да ги исчистат нивните  домени и постојано да следат дали новите измамници започнале со користење на наставката за нивната земја.