3 грешки кои треба да ги одбегнете при започнување на дигитален бизнис

Започнување на онлајн бизнис е процес кој бара планирање. Еден претприемач треба да ја процени побарувачката, да развие разбирање за тоа како работат дигиталните реклами, SEO, и како економично да се здобие со клиенти. Ако овие работи успешно се избалансираат во една формула, бизнисот може да профункционира навистина брзо. Како што е наведено во извештајот „Enabling Digital Entrepreneurs“ од Светска банка, „многу дигитални претприемачи се „родени глобални“ и имаат аспирации многу брзо да растат и да се прошируваат надвор од границите“.

Купувањето преку Интернет во последните неколку години доживеа многу висок раст. Со оглед на тоа што луѓето низ светот сѐ уште продолжуваат да остануваат дома, тоа создава огромни можности за интернет продавниците.

Во САД, е-трговијата сега претставува 16% од целата продажба на мало, според Секторот за трговија. А Amazon.com е одговорен за повеќе од една третина од е-трговијата. Па така, мал бизнис потенцијално може да достигне масовна публика. Сепак, има грешки што треба да се избегнат.

1. Неразбирање на вашиот целен клиент

Можете да потрошите многу пари со извршување на неефикасни реклами. Лошите маркетинг кампањи ги зголемуваат трошоците за стекнување на целните клиенти. На социјалните мрежи и на веб-сајтовите постојано има многу врева, што може да ги збуни почетниците во врска со нивниот пристап кон кампањите. Треба вистински да ја разберете целната публика со цел да ги оптимизирате рекламите. Тоа значи да се биде ефикасен со локацијата, интересите, дизајнот, call-to-action и други фактори кои ги зголемуваат конверзиите.

Обемот на продажба на производи е огромен. На пример, интернет пазарот за облека, обувки и додатоци ќе достигне 4 трилиони американски долари оваа година. Онлајн шопингот исто така ја зголеми побарувачката за онлајн услуги како SEO, градење на веб-сајтови, графички дизајн и рекламирање. Ако ги разликувате купувачите, кој ќе купи, а кој нема, можете да ја оптимизирате содржината на веб-страницата заснована врз тоа, ставајќи се во подобра позиција да креирате соодветни landing pages, брошури и објави на социјални мрежи за да привлечете релевантен сообраќај од купувачи. Кога објавувате подобра содржина, ќе го зголемите ангажманот од страна на корисниците и ќе имате подобри резултати од вашата маркетинг стратегија.

На сопствениците на физички продавници тоа им е олеснето, бидејќи целниот потрошувач најчесто е некој што живее во близина, но на интернет очигледно нема географски граници. Тоа ви помага да се создаде дигиталната личност која ја таргетирате. Како изгледа и се однесува вашиот идеален купувач? Кој стил на облека или чевли му е потребен? Кои карактеристики се најважни? Сопственикот на еден бизнис не може успешно да дејствува без да ги идентификува своите целни купувачи.

2. Работење сами

Во голема мерка е од помош веќе да поседувате знаење Интернет практиките, како што се SЕО, реклами, е-трговија, e-mail кампањи и најдобри практики на социјалните медиуми, но може да има фрустрирачки слепи точки. Можеби имате високи стапки на отворање на e-mail кампањите, но претрпувате ниски стапки на конверзија. Скот Смит, основачот на 7 Figure Surfer вели: „За време на моите шест години работејќи на Интернет, честопати морав да го сфатам тоа. Почнав од нула и потрошив илјадници долари во тој процес “.

Смит ги надминал овие пречки со тоа што пронашол неколку ментори кои му покажале решенија, како и охрабрување. Еден искусен ветеран може брзо да ги научи претприемачите што функционира и што не, заштедувајќи им главоболки, време и пари. Добра идеја е да присуствувате на конференции, состаноци и networking настани за да разменувате информации со професионалци. Употреба на експертизата на други луѓе (во области каде што сте слаби) ја зголемува ефикасноста на кампањите. Кога основате бизнис во областа на е-трговијата, мали измени можат многу да придонесат.

3. Отсуство на outsourcing и алатки за автоматизација

Outsorcing-от им овозможува на бизнисите ефикасно да ги искористат вештините на луѓето кои работат надвор од нивната фирма, бидејќи најчесто, тие се подобри во извршување на специфични задачи.

Користење на алатките за автоматизација исто така може да ви заштеди многу време. Neuro.net делува како аутсорсиран телефонски центар за поддршка на потрошувачи. Според компанијата, оваа алатка симулира човечки емоции толку добро што 99% од луѓето не знаат дека разговараат со агент-робот.

Тоа е смело тврдење за алатка за автоматизација, но компанијата за обработка на податоци Powerry јасно верува во тоа, со оглед на нивната неодамнешна инвестиција од 5,3 милиони долари во Neuro.net. Како и да е, Neuro.net е прифатлива опција за сопствениците на бизниси кои не можат да си дозволат целосна агенција за поддршка на клиентите во тековната фаза на раст.

Исклучително е важно бизнис сопствениците да го потрошат своето ограничено време на активности што се клучни за успех. Активностите кои не се од суштинско значење треба да им се пренесат на другите. Еден онлајн бизнис може да достигне глобална публика и брз раст. Знајте ја вашата целна публика, консултирајте се со експерти во слична ниша и изградете силна тимска инфраструктура.

Извор: Entrepreneur