23 Instagram Stories идеи за level-up на вашата маркетинг стратегија

Instagram Stories се одлична алатка за градење силна и лојална публика за секој бренд на Instagram. Со преку 500 милиони корисници на Instagram кои гледаат Stories секој ден, тие се совршената опција за изразување на креативност и споделување содржина со вашата публика.

Тие се неформални, лесни за креирање и се совршени за промовирање на ангажираноста на публиката. Stories можат да се користат за креирање анкети со прашања и одговори, за анкетирање на вашата публика, за придвижување на сообраќајот на вашата веб-страница, како и да и покажете на својата заедница што се се случува „зад сцената“.

23 Instagram Stories идеи што можете да ги пробате на вашиот профил

Еве неколку идеи за Stories што ќе можат да ја ангажираат и анимираат вашата публика:

1. Направете “Ask Me Anything” серијал

Дозволете вашата публика да ве запознае со организирање серија прашања и одговори за вашите приказни (користејќи го “Question” стикерот). Споделете ги вашите одговори заедно со релевантни слики или видеа за попривлечно искуство.

baileyjst answering questions on stories

2. Прашајте ја вашата публика што преферира

Навлезете во детали во врска со преференците на вашата публика со помош на “Poll” стикерот. Прашајте ја вашата публика дали би избрала „this“ или „that“ во серија Stories. Чај или кафе, пролет или есен, плажа или планина…опциите се бесконечни!

3. Покажете им на своите следачи што се случува „зад сцената“

Изберете одреден ден кој ќе го посветите на снимање видео содржина или фотографии преку кои ќе им покажете на вашите следбеници како изгледа еден ден поминат заедно со вас на работното место или било каде.

4. Споделувајте објави на кои сте означени од страна на вашите следбеници

Содржината креирана од вашите следбеници е од исклучително значење поради вредноста која ја додава на вашиот бренд. Создадете практика да ги зачувувате сите Stories или Posts креирани од вашите следбеници или корисници, и направете серијал од истите – тоа може да биде или во Highlights, или пак да креирате carousel објава.

brands reposting ugc on stories
Содржина креирана од корисници на еден бренд

5. Охрабрете ја вашата публика да прави reply на вашите Stories

Оваа тактика е the ultimate engagement hack! Споделете било каква соджрина на вашите Stories и во самиот текст посочете им на вашите следбеници да направат “reply” со специфично emoji доколку се заинтересирани за тоа вие да објавувате што повеќе таква содржина. На тој начин ќе дознаете каква содржина сака да гледа вашата публика и ќе го зголемите ангажманот од нивна страна – win win!

6. Објавете промотивен код кој ќе биде достапен исклучиво на Stories

Направете акција со 24-часовна распродажба и активирајте ја исклучиво на вашите Stories. Промовирајте ја распродажбата на вашиот feed преку објави, како и преку Reels, а потоа на денот на објавувањето, наведете ги само промотивниот код и деталите за продажбата на вашите Stories.

7. Направетe “hype” околу некој настан кој претстои

Користете го стикерот „Countdown“ или „Scheduled “ за да ги потсетите вашите следбеници за некој претстоен настан или livestream. Можете да го користите “Countdown” стикерот за што било, додека “Scheduled” стикерот е поврзан со вашите “Add Reminder” објави.

8. Споделете тизер од блог пост кој сте го објавиле

Користете го “Link” стикерот за да генерирате кликови на вашата веб-страна, а на копчето можете да му направите customization како „Прочитајте ја целата статија овде“ или „Кликнете за да прочитате повеќе“.

later using the instagram stories link sticker
Примери за употреба на “Link” стикерот

9. Побарајте сугестии и фидбек од вашата публика и корисници

Слично на “Ask Me Anything” можете да го користите стикерот “Question” за да ја прашате публиката за фидбек за вашиот бизнис, производ или било што. Соберете ги нивните одговори и искористете ги за да ја подобрите вашата стратегија.

10. Создадете возбуда за нешто што лансирате

Користете го стикерот “Countdown” и охрабрете ги вашите следбеници да се претплатат на вашето одбројување за да добиваат известувања и потсетници во апликацијата – без разлика дали лансирате линија на производи, услуга, или можеби нешто што е special или limited edition.

starface sharing countdown sticker

11. Направете Instagram Story Takeover

Ваквите takeovers се наменети за некоја друга личност која е релевантна за вашиот бренд го предводи вашиот Instagram профил на еден ден.

12. Споделете ексклузивна содржина со вашата “Close Friends” листа

Оваа потценета тактика е солиден начин да изградите квалитетен однос со вашите најголеми обожаватели или најчести корисници. Забележете ги следбениците кои постојано се во вашите DM’s и се занимаваат со вашата содржина. Додадете ги овие обожаватели на вашата Close Friends листа и обезбедете им ран пристап и ексклузивна содржина.

13. Нека вашите вработени направат takeover на вашиот профил

It’s all about transparency! Нека вашите вработени го преземат водењето на профилот и еден ден и прикажат како изгледа брендот низ нивните очи.

14. Акцентирајте ја вашата видео содржина со нејзино повторно споделување на Stories

Животниот век на Reels продолжува и надвор од нивниот оригинален датум на споделување. Споделете ги оние Reels што ги имате направено на вашите Instagram Stories за повторно „да ги оживеете“.

three brands sharing instagram reels on stories

15. Дајте и sneak peek на вашата публика користејќи стикери или алатката Draw

Дали имате нов производ? Возбудлив гостин на интервју? Споделете фотографија или видео, изберете боја, задржете го екранот и потоа користете ја гумата за да откриете само одредени делови од екранот. Додадете “Question” стикер и замолете ја публиката да го погоди што се крие во позадина.

instagram stories gif sticker

16. Тестирајте ги вашите корисници и публика со опцијата “Quiz”

Тестирајте го знаењето на вашата публика за вашите производи во серија Stories. Можете да ги прашате кога сте го започнале вашиот бизнис, колку локации имате, кој производ е најдобар за одредени прилики… можностите се бесконечни!

influencer using the instagram stories quick sticker

17. Зборувајте директно во камерата и бидете искрени со вашите следбеници

Ова е еден од најдобрите начини да изградите човечка врска со вашата публика. Разговарајте директно со камерата на вашите Stories!

18. Започнете вирален тренд или предизвик со стикерот “Аdd Yours”

Дозволете да има chain reaction на тренд кој вие сте го започнале! Побарајте од вашите следбеници да покажат нешто поврзано со вашиот бренд. На пример, ако сте фотограф, замолете ги вашите следбеници да ја споделат нивната омилена фотосесија.

19. Споделувајте memes или pop culture моменти

Секогаш можете да ги направите најпопуларните memes или pop culture моменти да бидат релевантни за вашиот бизнис со тоа што ќе го едитирате текстот; искористете го тоа!

креаторот го споделува мемето на Ким Кардашијан

20. Споделете брз видео туторијал

Научете ги вашите корисници и публика нешто со тоа што на Stories ќе снимите how-to видеа поврзани со вашиот бренд. За ова можете да го употребите и “Green Screen” ефектот кој ќе ви помогне при креиреање видео.

21. Поттикнете ангажман со тоа што ќе ги споделите вашите објави

Лесен начин да се искористат предностите на Stories е да се користат како средство за промовирање и охрабрување на ангажманот на вашите објави. Ставете ја вашата објава на Stories во комбинација со некој GIF и примамлив call-to-action за да ја поттикнете вашата публика да кликне на објавата.

22. Одговорете на често поставувани прашања и зачувајте ги во highlights

Направете сите потребни информации за вашиот бренд или услуга да се лесно достапни за вашите следбеници и зачувајте ги сите ваши најчесто поставувани прашања директно на вашиот профил како прв highlight на Stories.

Најдобрите приказни на инстаграм

23. Споделете серијал на must-follow профили кои се поврзани со областа во која работи вашиот бренд

Дали постојат профили за кои мислите дека вашата публика треба да ги следи? Доколку да, споделете некаква нивна содржина на вашите Stories! Она што би можеле да го добиете е и тие да го објават вашето Story што резултира пристап до нивната публика која за вас е нова шанса за нови потенцијални следбеници.

Секој Instagram ститкер што треба да го знаете во 2022

Откако ги опфативме идеите, на ред се 7 Instagram стикери кои се од голема помош за креирање на ангажман од страна на вашите следбеници и корисници.

#1 “Link” стикер

Овој стикер може да се додаде било каде на вашите Stories – но е ограничен на максимум еден линк по Story. Покрај тоа што можете да ставите линк, можете да го едитирате и самиот текст кој се појавува на копчето за да доловите појасен call-to-action момент.

брендови кои користат налепница за врски со приказни на Инстаграмpaste link into instagram stories sticker

#2 “Poll” стикер

Oвој стикер ви овозможува да ги анкетирате своите корисници. Тие овозможуваат брз начин за нивен ангажман, како и да се соберат инстант повратни информации од нив.

креатор што користи налепница за анкети со приказни на Инстаграм

#3 “Quiz” стикер

“Quiz” стикерот ви овозможува да споделувате прашања со повеќе опции за избор со вашите следбеници.

instagram stories quiz sticker

#4 “Add Yours” стикер

“Add Yours” стикерот  е совршена опција за создавање вирална содржина на Stories – што креира огромна можност за поттикнување на ангажманот на вашите следбеници.

#5 ” Question” стикер

Овој стикер е сечиј фаворит и е еден од најдобрите начини за комуникација со вашите следбеници – можете да го дознаете нивното мислење за било што.

influencer using the instagram stories question sticker

#6 “Emoji Slider” стикер

Со овој стикер можете на визуелен начин да ја анкетирате вашата публика – на едноставен начин можете да ги дознаете нивните likes & dislikes.

brand using instagram stories emoji slider sticker

#7 “Countdown” стикер

Ако споделувате story со кое треба да најавите некаков настан или специјална прилика – можете да го додадете овој стикер. Вашите следбеници можат да направат subscribe на истиот со цел да бидат известени кога завршува одбројувањето.

how to add instagram stories countdown sticker