Новости од е-трговија

10 нови верификувани е-трговци во рамки на кампањата „Безбедното онлајн купување започнува со тебе“ на АЕТМ и Visa

Минатата година, кампањата за верификувани е-трговци покажа колку е важно да се гради доверба и безбедност во македонската е-трговија.

И оваа година, во соработка со Visa, ја продолжуваме оваа успешна иницијатива преку креативната кампања „Безбедното онлајн купување започнува со тебе“, со која верификувавме 10 е-продавници со бесплатен Беџ за верификуван е-трговец.

Јавниот повик беше отворен од 26 септември до 10 октомври 2025, овозможувајќи им на сите заинтересирани е-продавници да аплицираат лесно преку Google Form. Во текот на овој период, добивме 62 апликации, што е значително зголемување во однос на минатогодишните 49 апликации, и демонстрира растечка доверба и интерес за процесот на верификација.

По внимателно разгледување на апликациите според поставените критериуми – регистрација како микро, мало или средно претпријатие, онлајн продажба на производи или услуги, и целосно и коректно пополнета апликација – 10 е-продавници ги освоија највисоките поени и го добија Беџот за верификуван е-трговец.

Овие компании сега на своите е-продавници имаат истакнато визуелна ознака за доверба која им помага на купувачите полесно да препознаат дека станува збор за регистрирани, проверени и безбедни е-продавници. Беџот гарантира дека продавниците ги исполнуваат законските услови за е-трговија, како и дополнителни стандарди кои ги поставува Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, овозможувајќи безбедно и доверливо онлајн искуство за купувачите.

10-те нови верификувани е-трговци во рамки на кампањата „Безбедното оналјн купување започнува со тебе“ се:

Со оваа иницијатива, AETM и Visa продолжуваат да ја промовираат безбедноста и довербата во онлајн купувањето, едуцирајќи ги купувачите за препознавање на безбедни продавници, поттикнувајќи ги е-продавниците да ги следат најдобрите практики, и создавајќи здрав и одржлив екосистем за е-трговија во Северна Македонија.

Купувачите добиваат сигурност, продавниците добиваат доверба – безбедното онлајн купување започнува со сите нас, со нашите избори и одговорност при купувањето.

Поврзани содржини