Автоматизација е создавање на технологија и нејзина примена со цел да се контролира и следи производството и испораката на разни стоки и услуги. Врши задачи што претходно ги извршувале луѓе. Автоматизација се користи во голем број области како што се производство, транспорт, комунални услуги, одбрана, објекти, операции и во последно време, информатичка технологија.
Автоматизацијата може да се врши на многу начини во различни индустрии. На пример, во доменот на информатичката технологија, софтверска скрипта може да тестира софтверски производ и да произведе извештај. Постојат и разни софтверски алатки достапни на пазарот, кои можат да генерираат код за апликација. Корисниците треба само да ја конфигурираат алатката и да го дефинираат процесот. Во другите индустрии, автоматизацијата во голема мера ја подобрува продуктивноста, штеди време и ги намалува трошоците.
Автоматизацијата брзо се развива, а деловната интелигенција во апликациите е нова форма на висококвалитетна автоматизација. Во доменот на технологијата, влијанието на автоматизација брзо се зголемува, и во софтверот и во хардверот. Сепак, и покрај напредокот во автоматизацијата, секогаш се советува некоја рачна интервенција, дури и ако алатката/софтверот може да ги исполни повеќето задачи.
Како што автоматизацијата зема се поголем удел во секојдневието, така дел од работните места наменети за луѓе ќе прекинат да постојат, но и многу нови работни места ќе бидат отворени и создадени. Што ќе биде потребно за да се прилагодите на економијата? Како може да се создаваат вредности во свет кој станува автоматизиран?
Четвртата дигитална револуција се гради и развива преку иновациите од третата инустриска револција и ги менува моменталните индустрии преку:
- Вештачка интелигенција
- Интернет на нешта
- Автоматизирани возила (возила кои возат без потреба од човек возач)
- Нанотехнологија
- Обновлива енергија
- Биотехнологија
- Quantum computing
Поради многу нови полиња, новите маркети ќе имаат потреба од дополнителни вештини за вработување. Паметните роботи ќе одземат мнoгу работни места, а ќе бидат отворени многу нови кои претходно не постоеле.
Топ 10 вештини кои ќе бидат потребни во 2020 година?
- Решавање на комплексни проблеми
Вештини за да се утврди релацијата помеѓу индустриите и креативните решенија на проблемите кои допрва може да се појават е задолжително имајќи ги на ум машините со вештачка интелигенција.
- Критичко размислување
Луѓе кои може да префрлат податоци во одлична интерпретација ќе биде задолжително имајќи ја предвид комплексноста и поврзаноста на различни полиња како компјутерска наука, инженерство и биологија.
- Креативност
Квалитетот кој доаѓа со можноста и умешноста да се изгради нешто од идеја е вештина која ќе се цени и во иднина.
- Менаџирање на луѓе
Роботите знаат аналитика и имаат математички вештини, но тие не може да ги заменат луѓето во лидерство и менаџерски улоги за кои се потребни човечки вештини и квалитети.
- Координација со други
Ефективна комуникација со други и вештини како тимска работа ќе бидат барани во било која индустрија.
- Емотивна интелигенција
Квалитети кои спаѓаат под емоционална интелигенција како емпатија ќе бидат земени во предвид кога ќе се најмуваат менаџери во иднина.
- Носење одлуки
Способноста да се земат предвид голем број на податоци и да се анализираат, да се интерпретираат и да се донесе издржана одлука врз база на нив е вештина која ќе биде потребна во ерата на информациите.
- Ориентираност кон услуги
Луѓето кои ја сфаќаат важноста на нудење вредности на клиентите во форма на сервиси и помош ќе бидат барани и во иднина, имајќи на ум дека компаниите ќе сакаат да овозможат решенија за проблемите во општеството.
- Преговарање
Способноста да се преговара со компании и индивидуалци за да се дојде во win-win ситуација ќе биде повеќе од потребна вештина за да се опстане во некои индустрии.
- Когнитивна флексибилност
Способноста да се прилагодува за да се исполни задача или да се справи со предизвик ќе биде важна за да се постигне успех во комбинираните индустрии.
Топ 5 сектори во индустријата во 2020 година ќе бидат:
- Технологија и computational thinking
- Нудење грижа
- Социјална интелигенција и писменост за нови медиуми
- Доживотно учење
- Прилагодливост и business acumen
Топ 10 работи во 2020 година ќе бидат:
- Аналитичар на податоци
- Медицински техничари, физикални терапевти и workplace ergonomic experts
- Специјалисти за маркетинг и продажба
- Луѓе одговорни за кориснички услуги
- Аналитичари за менаџмент
- Software developers и програмери
- Ветеринари
- Дизајнери и креатива за продукти
- Наставници и тренери
- Сметководители и ревизори
Извор: Светски економски форум